Каде може да најдам? (Општи прашања)

  • Креатор на темата Креатор на темата goodman_91
  • Време на започнување Време на започнување
Дали некој знае каде се продава речник по Романски јазик во Македонија?
 
Ми треба препорака за фирма што изработува големи налепници со лого, по можност по поволна цена. :)
 
Каде може да се најде квалитетни поштенски сандачиња?
 
Знае ли некој каде може да најдам машка кожна алка? Отприлика како на сликиве подолу?C1111-9_Main1-Vintage-Mens-Twisted-Style-Camel-Brown-Leather-Bracelet-Cuff.jpg men-s-brown-leather-single-strand-bracelet-magnetic-clasp.jpg Q890-chisel-jewelry-men-leather-bracelet-gemologica.jpg
 
Луѓе, некој да не знае кај има у Скопјево електричнa термо крпа или перниче (не знам како да го наречам)? Онакво шо се користи рецимо за болка на мускули.
На ова мислам.
 
Вака, сакам да инсталирам камера за видео надзор на плац надвор од Скопјево. Сакам IP камера која на 24 сата ќе пребришува што снимила и пак ќе почнува одново, но и која ќе може да ја пристапам преку интернет во секој момент да видам што се случува. На топ10 резултатите што ми излегоа на Google search за видео надзор им пишав контакт маил и од никој ни трага ни глас. Македонски претприемачи на ниво се ова!!! (патем, добив одговор од Министерство за информатичко општество, за друг проблем секако, од овие од никого. Срамота).

Па дали некој тука знае каде прават вакво нешто, дали некој инсталирал? Ми треба една камера, ништо повеќе.
 
Па ти требаат неколку работи.
ДВР уред каде камерата ќе снима или компјутер со можност да се приклучи камера на него.
Ти треба интернет врска на местото каде што сакаш да биде камерата.
Камера и тоа е тоа.
На камерата секако ништо нема да се зачувува се тоа ќе се зачувува на компјутерот или на ДВР уредот. можеш да подесиш максимум да зачувува 30 дена толку е законски, ама можеш и на 24 саати да си наместиш да се пребришува.
Грубо кажано ти кажав се што ти е потребно
 
Кај да најдам карта за партер за Оне Републик за денеска, може ли некој да ми шитне или пак замена да направиме давам карта на столче замена за партер!!
 
Блузони кежуал најобични еднобојни без апликации и глупости?
Однапред фала.
 
Вака, сакам да инсталирам камера за видео надзор на плац надвор од Скопјево. Сакам IP камера која на 24 сата ќе пребришува што снимила и пак ќе почнува одново, но и која ќе може да ја пристапам преку интернет во секој момент да видам што се случува. На топ10 резултатите што ми излегоа на Google search за видео надзор им пишав контакт маил и од никој ни трага ни глас. Македонски претприемачи на ниво се ова!!! (патем, добив одговор од Министерство за информатичко општество, за друг проблем секако, од овие од никого. Срамота).

Па дали некој тука знае каде прават вакво нешто, дали некој инсталирал? Ми треба една камера, ништо повеќе.
Имам другар што работи со инсталација на камери, баш ќе го прашам конкретно за ова и ќе ти го пренесам одговорот деновиве. Се надевам ќе го добиеш посакуваниот одговор
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom