Каде може да најдам? (Општи прашања)

  • Креатор на темата Креатор на темата goodman_91
  • Време на започнување Време на започнување
Некој да знај да ми кажи кај е Управата за јавни приходи - Генерална дирекција Скопје? бул. Кузман Јосифовски - Питу бр. 1 (Комплекс Банки) ??? Ве молам :)
 
Некој да знај да ми кажи кај е Управата за јавни приходи - Генерална дирекција Скопје? бул. Кузман Јосифовски - Питу бр. 1 (Комплекс Банки) ??? Ве молам :)

Наспроти Џамбо одма со големи виолетови ( розеви ) букви пишува управа за јавни приходи неможеш да ја утнеш .
 
Здраво. Дали некој знае од каде може да купам онлајн ѓердан од кедрово дрво? (се изнапишав по странски форуми ама таму никаков одговор).

Фала однапред ;)
 
Каде можам да најдам капачка за отворот од вентилација?
Успеав да најдам некои на димензија 150x150 кои се користат за аспиратори, ама не можам да најдам правоаголни.
Знам дека постојат од причина што дел од рестораните и локалите имаат поставено.
Вака изгледаат, само мене ми е потребна малку поинаква димензија. Исто така да прашам да не знае некој кај се продава плута.
selkirk-ventilation-grilles.jpg
 
Здраво. Дали некој знае од каде може да купам онлајн ѓердан од кедрово дрво? (се изнапишав по странски форуми ама таму никаков одговор).

Фала однапред ;)
Си ја читал книгата "Селестинско пророштво"? Ако си ја читал,тогаш те разбирам потполно зошто сакаш да набавиш ѓердан со кедровина,инаку тоа е стар пагански накит кој нашироко се користел во прастара друидска Русија,тие верувале во моќта на дрвјата и сметале дека природата и Бог се едно те исто,прекрасно,зарем не?
 
Некој да не знае каде се наоѓа службата на службен весник за пријава на изгубени документи.
 
Некој да не знае каде се наоѓа службата на службен весник за пријава на изгубени документи.
Последен пат кога бев беше на спрат во Трговскиот центар „ Буњаковец „
Сепак пред да одиш провери по телефон или интернет
http://www.slvesnik.com.mk/
 
5106Adidas-pilot-bag-blue-white-front.jpg


Кај можам да најдам ваква чанта? Значи, не сакам да пишува Адидас на неа, не мора ништо да пишува, дизајнот ми е ептен срцкаст. И која цена ја има?
секаде ги има овие и во чаршија ама брендирани се :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom