Сите ние имаме работи што нè мачат. Животот е полн предизвици. Не треба да се откажуваме и треба да се бориме да ги решиме тие предизвици и проблеми. Потребна ни е поддршка. Јас таа ја имам. Па така, сè што ме мачи можам да го надминам поради таа поддршка.
Во конкретниов случај со тебе ме мачи твојата неписменост. Ме мачи твоето мешање на латиница и кирилица. Ме мачи твоето оставање празно место пред запирката. Ме мачат твоите две запирки кои личат на отворени наводници, а на крајот сепак нема затворени наводници. Ме мачи твоето спомнување на бош градови од држави кои постојано ни прават политички проблеми. Ме мачи твоето провинцијалско и неписмено „да одемЕ“. Ме мачи твоето користење на зборот „ефтинија“. Ме мачи тоа дека сакаш да се акаш по други држави специјално ЗА БУТИЦИ ЗА ДЕЦА. Што ќе направиш, ќе отидеш посебно до друга држава за да купиш облека за деца? Ма оди одлогирај се, ужасен си.