Каде може да најдам? (Општи прашања)

  • Креатор на темата Креатор на темата goodman_91
  • Време на започнување Време на започнување
На нет, ама од кај нас. Artmie.
Убаво што си нашол, инаку сепија туш се бара околу Градежен факултет или ГУЦ.
Автоматски споено мислење:

Дали негде може да ми скратат штикла?
Пример да земам со 7цм, да ми скрати 2-3цм?
Ако одговара после да се носи. Не знам како би идело тоа.
Не може така!
И пола сантим да ја скратиш ќе им го пореметиш балансот со ѓонот.
Аголот од ѓонот се прави спрема висината на штиклата. Ако скратат на пола како што сакаш, петата ќе ти паѓа назад, а прстите у воздух.
 
Барам слушалки до макс 75 евра, On Ear/Over Ear. Шумоизолација и добар бас. Задолжително да имаат блутут, со можност и плус кабел. За слушање техно би ги користел најмногу, додека работам и во теретана. Ако сте задоволни од некои, дајте.
Шумоизолација (што и да ти е тоа, ќе претпоставам дека мислиш noise cancellation) и On Ear ретко одат заедно а и кога одат верувај не е во ценовниот ранг што го пиша.

Искрено незнам како стојат EarFun со достава до МКД, имаат Овер Еар што е во цената (не сум го користел него, ама за мене лично и луѓе околу мене сум земал барем 10 пара inear слушалки и сите биле со одличен квалитет)
 
Шумоизолација е чиста глупост. Фактички цело време шум слушаш што го праат слушалките. Боље да си земеш типови посебни за твоето уво, и кога ќе влезат добро ништо не ти треба од шумоизолација.
 
Дали негде може да ми скратат штикла?
Пример да земам со 7цм, да ми скрати 2-3цм?
Ако одговара после да се носи. Не знам како би идело тоа.

...изгледа може, зависи од самата обувка и да се најде чевлар мајстор со чевларска опрема да му се покаже и самиот ќе каже дали може или ако сакаш да купиш направи кратко видео и покажи му и ќе пресече ако може или не може.

 
Последно уредено:
Хартија за Air Fryer каде има да се купи? Има ли тоа во Џамбо?

Не ми се купува преку Temu да чекам повеќе дена/недели.
 
Хартија за Air Fryer каде има да се купи? Има ли тоа во Џамбо?
Зур маркети, не знам дали ги имате во твоето... Тетово ако не се лажам. Не знам дали има моментално во Џамбо ама би требало и таму да има.
 
Зур маркети, не знам дали ги имате во твоето... Тетово ако не се лажам. Не знам дали има моментално во Џамбо ама би требало и таму да има.
Нема Зур маркети во Тетово.
 
Ми рекоа дека подобро било со таква фабрички исечена зошто добро пасува внатре.

вака како некој што користи ер фраер, хартија прави малце да ти биде полесно за миење, но храната не се готви добро како без никаква хартија. Вкусот е поинаков малце. Тие фраери се дизајнирани воздухот да циркулира, но хартијата спречува тоа да се деси. Ако сакаш да ти е полесно, најубаво да користиш зејтин малце да го измачкаш дното и така нема да се лепи јадењето.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom