Нема врска ова покруто-подобро, јас имам купено 500метри ф32 гумирано и армирано и 300 метри ф24 гумирано-армирано (на сликата зеленото
најдесно), цревото не е крто за работа, лесно се собира, има еден мал проблем, т.е прилично е тешко, инаку купени ми се пред 12 години и досега немаат никакво оштетување, а на лето не се извадени од нива.
Може да се најде добро црево и во помали железарии (барем во Прилеп е така), барај да биде армирано и гумирано, можеби е за некој денар поскапо, но квалитетно е, инаку има фирма во Тетово што произведува пвц црева, само за мала количина нема никој да ти даде од таму.