Каде може да најдам? (Општи прашања)

  • Креатор на темата Креатор на темата goodman_91
  • Време на започнување Време на започнување
Самоцитирање едно, никој не помогна. :)

Ако си од Скопје одвои си така повеке време и прошетај ги овие места
ПроСпорт на Партизански Одреди одма после крстосницата кај соборен храм од лева страна е, Бајк Маркет имаат 2 продавници едната е кај Фонтана градски парк а другата е кај Универзална Сала поточно улицата 20 Октомври, Про Бајк во Кисела Вода ул ''Драга Стојановска'' бр 4/1, БајкСтоп ул "Михаил Цоков" бр 6, Вучко Ул 29 Ноември” бр 40а
 
Каде во Скопје можам да најдам ваков елек.
Скролајте надоле, втората голема слика, едната страна од елекот е карирана со сино-бело, другата е потполно црна. Доволно е и само едната страна да е црна и која цена се движат одприлика?
 
Исто така, знае ли можеби некој каде во земјава може да се набави квалитетна шпер-плоча?
63388-01-200.jpg

Балтичка бреза би било идеално (baltic birch plywood). На многу места прашував и ретко каде имаат било каква шпер плоча од дебелина 18мм...

Од 18мм се користат за под во приколка или полуприколка за влечни возила. Јас сега земав цената е 1850 денари 2*1 или така нешто беа димензиите. Врска нема квалитетот,така да кај и да бараш ќе земеш шут. Претежно ги има во стоваришта. Ако познаваш некој што иде во Грција или Германија нека ти донесе од таму има квалитетни и се разбира многу поскапи.
 
Гајгер-Милеров бројач негде?
Било да се купи, било за услуга.
 
Фала на информациите.
За под во приколка и слични намени најчесто се зема градежна шпер-плоча, цената треба да е одприлика колку што си земала. Кај градежната шперплоча најважна особина е цврстината, што има секако напретек ама има и внатрешни шуплини. Мене иначе ми треба за звучни кутии, шпер-плоча од класа ББ или барем БЦ (оценките се од A до F, една за секоја од страните), и не смее да има шуплини во плочата (се прават непријатни вибрации).

Тешко е увезувањето во своја режија, 4-5 големи табли од 2.4х1.2 метри не се лесни за транспорт. На багажник тешко без да се оштетат итн.
Се обидувам да врбувам некој фирмиве/стоваришта/дилери што се бават со ова. Скоро сите ги поминав што се листани во zk.com.mk ама некој не се нафаќа за мала количина...
 
Информација :

Може информација за Жичарницата до Водно ( цени, термин ) чув дека има и автобус кој оди до жичарата исто и за тоа би сакал инфо ( цени, термин ). Некој?!?
 
Информација :

Може информација за Жичарницата до Водно ( цени, термин ) чув дека има и автобус кој оди до жичарата исто и за тоа би сакал инфо ( цени, термин ). Некој?!?

Цената мислам дека е 100ден за жичарата а за автобус види си тука кога има http://jsp.com.mk/VozenRed.aspx
 
Гајгер-Милеров бројач негде?
Било да се купи, било за услуга.

Гајгер-Милеров бројач е забранет да се поседува приватно. Инаку ретко кој поседува во Македонија и прашање е колку се калибрирани тие што можат да се најдат.
Совет. Распрашај се во институт за јавно здравство, или на институтот за физика при ПМФ. Можеби ќе ти помогне некој.
:)
 
Па на пример ако сакам нешто да испитам, на пример телефон, мора некој да ми излезе во пресред бидејќи пред се тоа ќе е заштита за сите...Јебига
Фала
 
Па на пример ако сакам нешто да испитам, на пример телефон, мора некој да ми излезе во пресред бидејќи пред се тоа ќе е заштита за сите...Јебига
Фала
Ами, нашите ни мили институти (да не ги спомнувам по име) при групирањето, овие апаратчиња ги ставиле во групата апарати со кои се трага по, кхм, благородни метали... и затоа се забранети.
 
Ами, нашите ни мили институти (да не ги спомнувам по име) при групирањето, овие апаратчиња ги ставиле во групата апарати со кои се трага по, кхм, благородни метали... и затоа се забранети.
Ке ни ја биде бе државава. Да не бериме гајле. А се надевав дека може лесно да се најде оти сепак е корисен за секое домаќинство :cautious:
 
Стрелки за пикадо со железен врв , ама некој поквалитетни?
 
У орка.ли-нинг имаше едно време
 
Еј дајте објаснете ми што е тоа paypal.Оти сакам да заработувам преку интернет и ми рекоја дека за тоа ќе ти треба Paypal.Пишетеми порака
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom