Ајде од друга перспектива работите да ги разгледаме. Храна, вода, струја имаат скоро сите. Сите надвор кога ќе излезат се добро облечени, кафаните се полни, гледам сега и се возат коли, и тоа премногу коли, продавниците полни со секаква роба, за сечиј вкус и џеб. А полни и со купувачи се. Иако сите плачат и се жалат пак сите барем подработуваат по нешто. Куќа или стан има секое семејство нешто што на запад го сонуваат (да да на запад свој дом нема секое семејство). А имаат и нива во едното село, нива во другото село, па на нивата почнале да градат нешто. Освен тоа на секој ќош се гради. Каде и да влезам на гости секаде барем дневната соба е топ средена. Кој стигна отиде до грција на одмор. Сите можат да си дозволат да се запишат на факултет (нешто што е на запад незамисливо), и што е најинтересно луѓе со ептем мали плати гледам ги праќаат децата по приватни школи плаќаат огромни суми. Значи и не сме толку за никаде само во генот ни е да плачиме и да се жалиме.