Каде лежи причината за нашиот неуспех?

  • Креатор на темата Креатор на темата Strenght
  • Време на започнување Време на започнување
Eпа aј објасни што е тоа дрим. Знам дека е река, друго што?
Пошо вака испаѓа сите си имаат се што им треба, ама сакаат да кукаат пошо им фалело нешто што не знаат да го објасат па го крстиле dream.

Имаш ти своја куќа/стан (купено со твои пари), свој автомобил купен со твои пари, имаш еднаш/два пати годишни одмор од соништата (па макар било тоа да е Грција), имаш ли ти пари на сметка за црни денови, имаш ли задоволство да отидеш некаде и ама баш к*р да не те боли што ќе пиеш - каде ќе пиеш - каде ќе се журкаш, имаш ли ти време (доколку работиш) за да прочиташ нешто подалеку од дневни вести, имаш ли ти додуша работа што ќе те исполнува или работиш колку да преживееш, дали воопшто имаш работа уствари...дали имаш шеф што ти изиграва бесни глисти место да раководи, имаш ли ти можност да основаш семејство без да се мислиш дали ќе можеш да преживееш БЕЗ твоите родители наоколу, имаш ли ти можност да основаш своја фирма без да платиш милион давачки, имаш ли ти можност да се школуваш како што треба место на тебе професорите да си лечат комплекси...да продолжам ли?
--- надополнето: 12 август 2013 во 14:46 ---
Таа реченица е на разочаран земјоделец од уништениот посев, просто многу сложена е македонската равенка за уништување, за да разјаснеме се со "сами сме си криви", најголем проблем е гладот на нашите соседи, кои не знаат за доста, сите ние сме победени а гревовите си ги истураме меѓу себе. Нашата историја не памети херои, повеќе туѓи ( чужди :D ) "ослободители"...подобро ужасен крај, отколку ужас без крај...

UFO e крив и точка!
 
Имаш ти своја куќа/стан (купено со твои пари), свој автомобил купен со твои пари, имаш еднаш/два пати годишни одмор од соништата (па макар било тоа да е Грција), имаш ли ти пари на сметка за црни денови, имаш ли задоволство да отидеш некаде и ама баш к*р да не те боли што ќе пиеш - каде ќе пиеш - каде ќе се журкаш, имаш ли ти време (доколку работиш) за да прочиташ нешто подалеку од дневни вести, имаш ли ти додуша работа што ќе те исполнува или работиш колку да преживееш, дали воопшто имаш работа уствари...дали имаш шеф што ти изиграва бесни глисти место да раководи, имаш ли ти можност да основаш семејство без да се мислиш дали ќе можеш да преживееш БЕЗ твоите родители наоколу, имаш ли ти можност да основаш своја фирма без да платиш милион давачки, имаш ли ти можност да се школуваш како што треба место на тебе професорите да си лечат комплекси...да продолжам ли?
Ќе се разочараш. Земи гледај еден документарец на Мур или слично нешто за почеток и ќе ти е јасно дека се ова што го наброја е дефиниција за аристократа во најбогатите држави.
 
Значи според тебе, ако сакам да имам своја куќа или стан, ако читам книга од (вметни име на познат автор), ако сакам шеф што ќе ме мотивира на работното место, ако сакам да живеам без помош на родителите и да имаме професори кои што ќе предаваат како што треба - јас сум аристократ.

Фала, чао, пријатно.
 
Да.
Нема за што, чао, пријатно.
 
Значи толку години поминаа, никако да научиме. Само наместо државни фабрики денес имаме државна администрација, значи меур дополнет со кредити.

Јас работам 40 години во една те иста голема фабрика-сега компанија.
Порано во таа држава со маршалот бевме околу 1500 и нешто повеќе работници можеби и 2000 илјади.Се вкупно.Сега ни е истата фабрика и замисли со слично произвоство сега сме вкупно вработени околу 500-600.Точно порано имаше превработеност во погонот,односно секаде на секој пулт,море скоро на секоја команда по еден работник резерва,таква беше политиката и тоа вработување преку завод.
Но сега не сме повеќе од 300 работника,односно околу половина,другата половина е администрација и менаџменд.Работници само се отпуштаат,сега еден работи за тројца а се примаат само непотребни-неспособни менаџери и се дуплираат,секаде.
 
"сега еден работи за тројца" - значи сепак имало потреба од 1500/2000 работници, не?

Just sayin'...
 
Анчо со поаслна технологија тоа што го произведувате ќе го произведувате и со пола од вработените. За менаџмент и администрација на запад фирми ко твојата имаат 10тина души макс. Затоа и платата ти е таква ко што ти е.
--- надополнето: 12 август 2013 во 15:30 ---

Да де, навикнат е како работел порано 2 саати ефективно, сега мора 8
 
Да и сега може да работи така фабриката,но се укинуват многу работни места
а таму си постои работата ама сега ја презема најблискиот колега.
Ама не е така со администрацијата,Порано немавме тоа како се вика „безбедност“ сега ги има десетина од типот клати врата, па немаше човечки ресурси, па некои си директори на разни сектори,па нивни потпароли е таму пак е обратна ситуацијата кај што имало двајца во канцеларија сега се петмина. А менаџери што е тоа,ги има да ги ринеш со лопата и кај нив оди буџетот за плата.
 
Анчо со поаслна технологија тоа што го произведувате ќе го произведувате и со пола од вработените. За менаџмент и администрација на запад фирми ко твојата имаат 10тина души макс. Затоа и платата ти е таква ко што ти е.
--- надополнето: 12 август 2013 во 15:30 ---

Да де, навикнат е како работел порано 2 саати ефективно, сега мора 8

Не, мислам дека капитализмот (како оној во САД, во неговата "пречистена" форма) е всушност злоупотреба на човековиот потенцијал. Работи 12-15 часа за плата како да си работел 8. Но, да не го тупиме на таа тема. Всушност, се извинувам, во Македонија е тој вид на капитализам.
 
Не си во право. Никој на запад не мора да работи 12-15 часа, точно и да работи добро се платени и тоа е негов избор. Проблемот е што на времето во МКД едно работно место се делело на 4. Денес тоа е намалено. Вториот проблем, застарена технологија не го имаме сеуште секаде решено затоа што тоа бара инвестиција која не се прави. Со влез на разни странски фирми влегоа и увоз на материјали од нивните земји од нивни парнери наместо да се купува локално. Турците што ги градат облакодерите гарант градежниот челик го влечаат од турција иако во МКД би им било поевтино да го купат/направат.

Ако е точно она што Анчо го вика со менаџери за човечки ресурси и глупости во релативно мали фирми тогаш тоа е уште еден проблем. Во МКД таков кадар треба да има во највеќе 10тина фирми што имаат над 1000 запослени. Сите останати немаат оправдување за такво работно место. Има начини како тоа да се реши. Македонија се повеќе ми личи на Филипините веќе во секој сегмент гледам сличности. Не ќе е на арно
 
Off topic (или и on topic ќе му дојде):

1. ОГЛАС: Татко си го продава синот и тоа во рубриката „коњи“
"„Спие до пладне, јаде, се шминка половина час, прави фризура, оди на кафиња со постари девојки и тетки, доаѓа дома, се тушира, пак јаде, оди во непознат правец со многу постари девојки од себе, доаѓа дома сабајле во пет часот, пртов уморен и пак јаде…И се тоа во круг“, напишал очајниот татко."
2. Младите ја напуштаат земјата во потрага по работа и подобро образование
Министерот за европски прашања, Фатмир Бесими, истакна дека во Македонија расте бројот на млади кои ја напуштаат земјата, особено во потрага по работа и дообразување. Тој нагласи дека од 1998 до 2011 година земјата ја напуштиле околу 230 илјади граѓани што е над 12 проценти од населението.
 
Ок да не го тупиме многу. Продуктивноста=машини+технологија+образование. Машини од пред ратот, технологија ич неаме, а образованието нема врска со пракса и со реалност. Згора на се инфраструктурата ни е за никаде, географска положба неповолна, ресурси и други богатства од природата немаме. Во равенката додатете го и фактот што имавме социјализам кој се покажа како неефективен, па фактот што цело време кој како стигнал пустошел, па тоа што ниту се штедело со децении ќе стигнете до заклучокот во мислењето кое го напишав погоре. Се чудам како е воопшто возможно да го имаме и ова што сега го имаме.
 
Дали може да се дојде до овие податоци:
- Колку вкупно имаше Македонија во 1981 - па во 1991 и сега или 2011 год.
-Жители
-Вработени
-Вработени во администрација
-Пензионери
-Вработени во министерство за Образование,Транспорт,Надворешни или МВР.
---------------------------
(отприлика ова барам,на 2 милиони жители во 1981 год. во МВР имало ххххвработени
а 30 год. потоа,исто.... на 2 милиони жители има во МВР хххххххххххххххххвработени)
или во другите министерства. Која е логиката ако се сега повеќе,бидеиќи сега е се автоматизирано и нема повеќе перодршки и мастило и треба да се половина помалку.
Е ТОА Е ПРИЧИНАТА ЗА НЕУСПЕХ
 
Ок да не го тупиме многу. Продуктивноста=машини+технологија+образование. Машини од пред ратот, технологија ич неаме, а образованието нема врска со пракса и со реалност. Згора на се инфраструктурата ни е за никаде, географска положба неповолна, ресурси и други богатства од природата немаме. Во равенката додатете го и фактот што имавме социјализам кој се покажа како неефективен, па фактот што цело време кој како стигнал пустошел, па тоа што ниту се штедело со децении ќе стигнете до заклучокот во мислењето кое го напишав погоре. Се чудам како е воопшто возможно да го имаме и ова што сега го имаме.
Како тоа мислиш географската положба ни е неповолна???
И како тоа мислиш немаме природни ресурси и други богатства?????
А мермерот што е, охридскиот бисер што е, хром, олово, цинк, манган, волфрам, никел, железна руда, азбест, сулфур што се???
А плус тоа не била само нашата земја опустошена....и Хрватска беше салам опустошена па каде е сега..??
 
Македонија се повеќе ми личи на Филипините веќе во секој сегмент гледам сличности. Не ќе е на арно
Камо да сме како филипините. Тие се најбрзо растечка економија во југоисточна Азија во моментов. Пред месец дена добија прв кредитен скор, и позитивен аутлук за понатаму. Веројатно ќе удрат 8-9% раст во следниве две три години.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom