Каде и како сте го запознале партнерот / партнерката (својата љубов)?

Ајј дугачка приказна али ај .. Па бев вратен од одмор ... другариве не оставиа момент да се одморам ме викнаа да излеземе во парк нешто тука беше шемата.. прво дојде еден другар додека остатокот од друштвото каснеа .. почнав муабет со другарот како на одмор.. и му зазвоне телефонот. се јави едно девојче и праша кај се наога он. он после ми објасни која е и што е .. а мене ми текна по името дека ја имам аднато на фб за 1ви мај пошо заедно била со другарите од Ѓорче. Дојде она се запознавме вртевме муабети нешто интересно бесе имав ја едни флуроцентни играчки со се прекршуваат и светат навецер и со тоа уствари ја ќарив .. хахах ми го побара тоа нешто се зезавме се потписав од течноста на нејзината нога... послем дојде 11 саат ја тазе положив за кола .. морав да си идам и она стана да ме испрати и дома се начекавме на фб.. праевме муабет и ме покани да излеземе у пакр пак . кажав на другариве и они рекоа дека она така муабет со непознати не праи .. и дека онаа е дефенитивно моја.. и дојде и таа вечер се заебававме гушкавме и негде околу 01:30 коа си отидоа другарите ја и она се смувавме .. и од тогаш веке 6месеци у врска сме и најубаво ни е и она е мојата љубов .
 
Мислев дека го запознав - убедена бев ... сега веќе во ништо не верувам ...

Живеам од денес за утре, но признавам потајно се надевам-мечтаам

Незнам дали го запознав и го пропуштив или допрва ќе се појави, или никогаш нема да го запознаам

Ќе знам кога ќе бидам на смртна постела
 
Сегашната партнерка, у парк, негде март месец, али најверојатно, официјално април :). Шоуто продолжува... :back:
 
Во тоалет на врата , се буткавме кој прв да влезе пошто многу ни се мочаше и на двајцата ,на крај си ги затнавме убо ни дојде и така...
 
Имав една другарка(1) која имаше уште една другарка(2) и коа се запознав со другарка (1) во живо (а доттогаш на мсн се знаевме) се запознав и со другарка (2). И другарка (2) сакаше да ја запознаам со мој другар, ама вака така испадна другарка (2) да биде за мене, а останатото не е ни битно:)
 
Една зимска вечер, памтам ептен беше ладно. Беше недела дена пред мојот роденден, ја уште мало дете, он онака постар и недостижен. Леле кога ке ми текне само:pos:
 
ја запознав у школо преку мој најдобар другар...она беше 3 јас 2....набргу станавме бфф...по период од година дена,одлучивме и да се муваме...засега сме заедно 4 месеци и ни е најубаво
 
смешно, ама на фб... :kesa::kesa::kesa:
се допишувавме некој си месец дена, па мсн уште некое време и на крај се видовме....
леле ич не беше тој што го мислев...БЕШЕ ПОДОБАР!!!:vozbud:
и ете сеа си функционираме година дена....
а колку сум била против овие глеања и запознавања по интернет....
што ли ќе им кажам на децата еден ден: татко ти ме аддна на фб, ја му стаив него лајк на статусот и така... :pos2:
јбг тоа е....
 
Интересна ситуација. :) На базен едно лето работев ко спасувач и видов еден дечко на пола базен како паничи дека го фатило грч во ногата и почна да вриска за хелп :) Скокнав да му помогнам, го довлеков до суво, му ја истегнав ногата и тако даље. Кога се свести ми викаше фала фала, разменивме контакти. После испадна дека всушност сум спасила фан на Ливерпул од потенцијално давење :icon_lol: ама простено му е oд годинава :back:
 
не е смешно :) и јас таму :) на то фејсбукот :) после размена на бројчиња :) итн

хахахаха абе лелееееееее ијам чуено дека и тоа покерот многу врски има напраено, на пример на еден другар на дечко ми на покер на фб ја карил девојката, а најдобрата другарка, барајки една личност си го аднала сегашниот дечко.... хаоси!
 
хах :) не играм тоа игриците :) таа ме додала...и едно време ми пиша...па после на чат...една дугачка вечер на чат :) утрото се запознавме...и бидна шо бидна :) јебига :)
 
На домашна журка кај другарка во стан, журка како журка нема потреба од објаснување како сме се запознале :rolleyes:
 
За Нова Година пред 2,5 год.Он свиреше бас во еден бенд и некој ги викнал да ни свират за НГ и така по мојот мерак за басисти ...Среќно до крајот на животот :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom