Каде е топката на децата?

  • Креатор на темата Креатор на темата Zaphod Beeblebrox
  • Време на започнување Време на започнување
и за болдираното..
Демек ние сме од град и никој ништо не ни може е работава. Како можеш така да размислуваш и да ги навредуваш тие од село не ми е јасно.
Па на некој начин од нив живееш. И тие се деца како сите останати.
Think about it!




со тоа КОПИЉАЦИТЕ ... сакав да посочам на МАЛЕЧКИТЕ ДЕЦА не на децата од село... погрешно сте ме сватиле ;) ....
 
Отиде ств предалеку со работиве...Не направи и глупи и се најлошо...Па чекај малку што ако седиме на компјутер повеќе значи дека го правиме се тоа што ти го напиша? Дека немаме ни грам памет во главите ? Епа извини,можда си постар од мене,а и да не си нема врска ама ќе ти кажам дека не се сите такви како што ти ги објаснуваш :smir: Вистина е да дека има такви случаеви,ама има и исклучоци и башка ако седиме на компјутер не значи дека не го користиме за ништо друго освен фејсбук,хи5 или мсн :smir:

Јок, ти ја презентирав реалноста а тоа што не сакаш да ја прифатиш истата е сосем друг проблем.
 
Добро ајде имаш право,поголем си и многу поише знаеш од мене или од овие на моја возраст.Залудно е да се обидувам да ти докажам нешто пошо никад нема да сфатиш и ќе си тераш по свое.Сеедно,не планирам да докажувам сега кој има право,а кој не,си го кажавме сите своето мислење и тоа е тоа.А иначе можда тоа е реалноста,но кажав и погоре ИМА ИСКЛУЧОЦИ,а ти сите ги стави во ист кош.:smir:
 
и за болдираното..
Демек ние сме од град и никој ништо не ни може е работава. Како можеш така да размислуваш и да ги навредуваш тие од село не ми е јасно.
Па на некој начин од нив живееш. И тие се деца како сите останати.
Think about it!

со тоа КОПИЉАЦИТЕ ... сакав да посочам на МАЛЕЧКИТЕ ДЕЦА не на децата од село... погрешно сте ме сватиле ;) ....

Сама си кажа, копиљаци во ЗАПРЕПАСТЕНИ СЕЛА, препрочитај убаво.
оние копиљацине од по 8-9 години и тоа во ЗАПРЕПАСТЕНИНЕ СЕЛА ...
ни во селата веќе се нема таа навика ...да се биде надвор од сабајле до вечер! ....
Како и да е, не треба да ги нарекуваш копиљаци. Греота е. Можам да гарантирам дека поголемиот број од нив се далеку попаметни од многу деца на твоја и моја возраст.
:helou:
 
Штрумфови!
Два-три пати бев штрумфета после велештрумф! Кај се сега штрумфови?
На Марјан комшијата новата куќа беше бродот на Синбад, јас Меј! Дрвен меч на појас и замислени огнени топки од рака! 10 мин. пауза и сите трчаница дома по една кришка ајвар! Со моќта на ајварот и црвените мустаќи бродот на Синбад се претвора во Сидо-стејџ! Јас на една шипка ја рокам Ми рече чао!
Квечерина и сите по дома! Мечето Ушко и миење нозе пред спиење!

Премногу неконтролирано гледање телевизија! Нема веќе Мечето Ушко и Раскажувачот туку јапонски наслини срања од типот на Пикачу и Покемон! Bad language, вулгарности и многу насилство за детските очи и уши! И да играат топка на улица ќе се испцујат и испотепаат, покажувајќи кој колку покемон трикови научил!
Интернет бре...ХЕЛОУ! Едукативни игрици наместо да тепаат bad guys на Кантер! Страшно!
Контрола од родителите, ништо друго! ТВ само за викенд! Има да гледаат Singing in The Rain, Seven Brothers For Seven Sisters, Бабата Хола, Одисеја а не Млади Бунтовници!
Пострашно е што родителите најчесто се горди што малиот научил на Google да работи:nesvest:
Епа наместо да гугла ќе му купат касети со приказни..касети па и јас па..цедиња уатевер, ќе слуша и ќе развива фантазија наместо да мисли како да ја фати 8 годишната комшивка за цицињата, зашто пред тоа го разгледувал Свет што мама го оставил на маса!

I blame the parents, не новото модерно време и hightech развитокот!
 
Па искрено кажано од ко дојде пролетва и од ко угреа сонце скоро ги заборавив компијутеров и форумов. По цел ден играм фудбал или кошарка и мило ми е што е така. Ама тоа е тоа, времето и технологијата по се изгледа си го прават своето..
 
Како и да е, не треба да ги нарекуваш копиљаци. Греота е. Можам да гарантирам дека поголемиот број од нив се далеку попаметни од многу деца на твоја и моја возраст.
:helou:

Копиљ, во скопскиот жаргон е мало дете, затоа, да не терамe многу памет, пошто не е на место.

А околу темава... да, сметам дека не е исправно дремењето пред компјутер. Но, кога ќе тргнам од себе, и мене исто ме мрзи да станам и да претрчам до парк на фризби, а уште повеќе ме мрзи да мољакам два саата некој како мене што исто го мрзи у моментот коа баш мене ми се фрла.

Депресија константна која те бутка у кревет, а у кревет да не дремеш имаш лап топ за фајсбук, а коа ќе станеш да се размрдаш и купиш чипс, добро ти доаѓа една партија Fifa , Sims, whatever. Па после си дебел, имаш брдо болести а сексот со девојката која си ја ќарил на пивски стомак (пошто сеа цурите се палат на пивски стомак зашо тоа значи дека имаш пари за истото) трае скромни 6ипол минути. После тоа седнуваш на мсн и форум и се фалиш дека траел 66 минути во 26 пози на 16 различни места на станот кој е патем лично твои од парите кои ги заработи креирајќи web страници за јапонска фирма. И со таков прекрасен вирутелен живот, без запаление на мускулите е многу тешко да се вратиш на бркање топка меѓу два гола.

Ако некако се деси у меѓувреме некој да те прелаже и да отидеш на фудбал се чудиш зашо си го пропуштал тоа цело време, и си убеден дека утре пак ќе играш, ама све те боли и додека ти помине заборааш дека ти било добро, и се враќаш пак да бидеш јебо на форум.

Е сеа, пута 6 кај децата под 18... и све е кажано. :helou: :duel:
 
Саботно пладне, топло сонце и прекрасно време. Две деца од по 8,9 години се сретнуваат по улица. Се поздравуваат и по 2 реченици си кажуваат "Ај ке си позбориме на MSN" и си идат накај дома пред својот компјутер. Се повеќе деца се затвараат дома пред компјутерот и го живеат својот социјален живот преку интернет. Во годините кога се слободни од сите обврски и треба да си уживаат во времето надвор со другарчињата тие се кријат дома и си комуницираат по msn.

Се поретко пред зграда го слушам детскиот џагор, звукот на топката во игрите кои како мал секојдневно ме тераа да бидам надвор во природа.
Каде ги снема игрите на децата и зашто се повеќе се дома затворени?

True. Тоа е, баш се мењаат времињата, тоа е, значи нетреба да се дава РС на мали деца :toe::nenene::pos2: Денес не е лошо да немаш што да носиш, него да немаш мсн...
 
Па сега ако идат нови времиња не значи тоа дека игрите надвор треба да ги замениме за компјутер. На нас треба да ни прејде во навика нешто што ќе ни биде во корист а не залудно трошење на време пред компјутер.
 
Саботно пладне, топло сонце и прекрасно време. Две деца од по 8,9 години се сретнуваат по улица. Се поздравуваат и по 2 реченици си кажуваат "Ај ке си позбориме на MSN" и си идат накај дома пред својот компјутер. Се повеќе деца се затвараат дома пред компјутерот и го живеат својот социјален живот преку интернет. Во годините кога се слободни од сите обврски и треба да си уживаат во времето надвор со другарчињата тие се кријат дома и си комуницираат по msn.

Се поретко пред зграда го слушам детскиот џагор, звукот на топката во игрите кои како мал секојдневно ме тераа да бидам надвор во природа.
Каде ги снема игрите на децата и зашто се повеќе се дома затворени?


Аман луѓе нема детство веќе.Умре тоа време.
Неможете да одите против светот,нови технологии и што ти ја знам.
 
Нели форумов е +16 ? Што бараат дечурлииве тука..
 
За разлика од другите мои врсници кои се вброија во големите (..), јас се вбројувам во таа генерација која губи премногу време на интернет. Навистина е жално толку време да губиме овде затворени изолирани.

Особено помладите од нас, ние барем до 7мо-8мо трчавме. Од коа добив ПЦ намалив, од коа добив модем си ебав матер.

Многу е подобро да учам и да дремам во паркчето надвор или на кеј да се потам, него овде да дремам. За малите поголема контрола од дома. ПЦ само за викенди по два саати. максимум.

Давам збор од денес до максимум го редуцирам времето потрошено на пц. Само за да се договорам ќе користам мсн.

: )
 
има една пар песна иде вака
веќе нема гушка за старото мече
стојам пред прозорец
компјутер се смее ,старите херои веќе се заборавени...
никој не ме позна мене ми е жал за деца без фантазија љуљашките се прзани палам цигара
Време е за добра ноќ пошто месечко свети
детето сака мече,мече сака дете
јас сум само плишано мече
дал се сеќаваш на мене
јас ти бев херој кога беше дете


ДА ЏАКА НАКОТ МЕЧЕТО УШКО.................................ТОЛКЅ ОД МЕНЕ:toe:
 
Каде е топката на децата?

Топчето ми падна,
Калинка го грабна.
Дај ми го Калинке!
Не ти го давам!
Ќе го продадам
за два- три гроша.

Калинка е лоша!..

Вака отприлика изгледаше некогаш.

А сега? Е сега Калинка можеш да си ја бираш колку лоша може да биде и каква игра да играш со неа. Можеш да ја дриблаш, а да немаш врска од фудбал, можеш да ја тепаш, а да немаш врска од бокс, можеш да ја облекуваш и соблекуваш, а Калинка да не се буни. Можеш се да и правиш и тоа сомо со показалците на рацете. Едноставно Калинка е сега жртвата која виртуелно ги наплаќа фрустрациите кои до пред некоја година ги создавала кога во маало ја земала топката затоа што подобро дриблала, како резултат на тоа што немало ден, а да не вежба со топката, додека ги гледала поголемите батки како играле фудбал на мали голчиња. Сегашниве деца уплашени од приказната за лошата Калинка, да не им се случи истото како и на нивните претходници избраа побезболна игра која Калинка ја стави по подредена улога или нивна слуга. Чуството на доминација над Калинка (и тоа со само два прста) ги направи самобендисани и горди, па таа доминација кај нив предизвика мрзеливост и немање потреба за лично соочување со вистинската Калинка во нивното маало. А Калинка? Е, Калинка некое време чекаше на нова пресметка, но потоа и таа се повлече во своето царство, откако виде дека вистинска пресметка нема да има....А што е интересно, во последно време и животинчињата и рибите од маало се префрлија дома и почнаа да живеат со нив благодарение на двата показалци, кои помеѓу две малтретирања на Калинка добиваат: храна, вода и се што им е потребно. Така реалното маало стана нем сведок на лошотилакот на Калинка. И обраснувајќи со трева полека ги покри камењата натопени од крв од колената, како резултат на Калинкините сопки ставени во докажувањето, кој е подобар дриблер, а се создаде ново виртуелно, во кое секој може да биде главен, без при тоа да ја осети тврдоста на маалските камења на своите голи колена.
 
еве ја топката на децата.
winning-eleven-pro-evolution-soccer-2008-20080121041106048_640w.jpg

некогашните маалски фудбалски натпревари сега се заменети со ова ...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom