Каде е паричката?

  • Креатор на темата Креатор на темата LadyD
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Хм... ние париче бараме за василица и тоа зелникот-мазникот-питата (како сакате речете го сеедно) го делиме на онолку членови колку што сме дома... Па кој ке има среќа ке му падне паричето :)
 
Во мене се падна паричката.:)
Па вака...минатата година исто се падна во мене и да бидам искрена, дали ми беше среќна годината или не-навистина не знам.Ако се мисли буквално ама буквално дали бев среќна-тогаш не, не бев .А ако гледам малку поинаку на нештата, тогаш можам да кажам дека имав среќа што секогаш храбро се соочував со проблемите и никогаш не дозволив да ме поразат или да ме фрлат во очај, уствари имаше моменти и на очај но мислам дека од ден на ден станував се посилна и поотпорна на болката.:)

Најинтересно ми е тоа што имав претчувство дека пак ќе се падне во мене-и се падна.:)
 
Кај брат ми....фацата ја немести :nerv: еее не играм веќе...
 
Кај нас вака беше: мајка ми знаеше кај е паричката па затоа татко ми делеше и тоа прво за Господ, па за куќата, па за баба ми, татко ми, мајка ми, сестра ми и на крај за мене. И падна кај баба ми исто ко лани и баба ми почна да се туфка, зошто кај мене, кај децава требаше да се падне али така испадна сеа со да се прави,а и лани кај неа пак беше.Ама ако нека ми е жива и здрава баба ми!Имаме сеа уште една шанса за Василица па ке видиме што ќе се деси.
 
Мајка ми прва го скрши нејзиното парче и како што го тргна јас ја видов паричката до пола висеше завиткана во парчето до нејзиното и се направив на Тошо и велам јас ова парче ќе го земам и како што го кревав паричкава падна и оп во парчето на мајка ми директно.Па ајде сметаме дека кај неа паднало,зошто никој не ми верува дека јас додека го земав испадна:)!
 
Фала богу не се падна кај мене.. кај господ се падна...:pehar: :je:
 
На сред на погачата, односно на куќата.
 
Ние вртиме на 14 па тогаш ќе ви кажам кај кој се падна:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom