Каде е паричката?

  • Креатор на темата Креатор на темата LadyD
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
кај мене е:smir:да се надеваме дека престапнава година ке ми тргне
 
лелеееее алал да вие.. цела година среќа да ве следи... кај мене само еднаш во животот ми се има паднато.. шо и за тој пат не сум сигурна :)
 
Во куќа како и лани :vozbud::vozbud: за мене така е најубаво:vozbud:
 
Куќатаааа ...

Јебига, и ја немав среќа :)
 
Друго е да немаш среќа еднаш, друго е 15 пати по ред да немаш среќа :( :( :(
 
Годинава кај сестра ми се падна паричката, 2 години ме нејќе паричката, не ми се паѓа. :)
 
Мистичен напиша:
Прилеп и Битола се 90% од Македонија? :)

Не ре, клај го и Охрид и добиваш 99,9% :smir:

Кај нас на Василица е тој адет. Кај мене не дошло паричето веќе 10 години, ама ако, нека се живи и здрави сите, та ако треба и стопарички нека им се паѓаат. :)

Ајде нека ви е за арно за убаво на сите среќлии денес. :smir:
 
Минатата година падна кај мене и штознам, иако мислам дека е суеверие да се верува дека демек ќе бидеш среќен ако ти падне, мене ми беше среќна годинава, посебно последните месеци...Вечерва падна на куќата и се договоривме да кречиме годинава:tapp: ...
 
Ми падна паричката . Ајде да тргне оваа година со добро
 
NeMiRnA, да те прашам, штом викаш дека ќе вртиш лепче со паричка кога сакаш ти и МПЦ не ти значи ништо, зошто не вртиш и за 1 мај и 11 октомври?
 
Кај мене, трета година по ред.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom