Каде би сакале да живеете?

  • Креатор на темата Креатор на темата NIght_Elf
  • Време на започнување Време на започнување
Ништо не ми фали во Македонија каде што си живеам!
 
Во Италија, на море некаде :D
 
Некаде каде што ти бараат талент и образование за да се вработиш, каде не мора да се плашиш дека со наредното менување на власта леташ од работа ко смачкан комарец, каде на шалтер не те бркаат со документите по глава како роб и тоа од трети разред и момата барем ти го зборува мајчиниот јазик и знае барем да го отвори ворд, каде на болница пред да изгубиш свест не те прашуваат дали имаш да платиш туку ти пружаат помош и тако даље...
Инаку би ја издвоила Канада, ама повеќе сакам топло па ќе ги додадам Австралија и Нов Зеланд
 
Брегот на Калифорнија, Флорида или Австралија.
 
Во Македонија ми е добро ... тука и сакам да останам ! :)
 
Планина. Наоколу разновидна и многу бујна вегетација. Околу мене 20км нема ни животинка нити човек. Огромна карпа на која си седам, а удолу огромна провалија. Во близина пештера каде би можел да се засолнам. Ех, да можев...
 
Моментално сум у Малта , така да добро ми е :)
Инаку сакам некаде на некој Карибски остров да си имам шанкче на плажата , 365 дена сонце , океан , бикини , убавини ... :)
Други опции ми се : Кипар, Јапонија, Австралија и можда САД.
Од градови : Штип :D , Дубровник , секој град шо има излез на море или океан.
 
некое место што ќе го чувствувам како мој дом, моментално не се наоѓам на тоа место :) претпоставувам тоа ќе биде некое егзотично место
 
Па добро јас сакам да живеам во библиотеката на Ватикан, ама тоа не може да биде ни sci-fi.
Претпоставувам дека во некое село во Ирска би била многу среќна или во Сан Антонио.
 
Турција, ама многу многу сакам. Штета што обврски ме задржуваат тука, штом се ослободам, сигурно ќе си го исполнам сонот. За мене поубаво место, народ од таму - нема.:pipi:
 
Отсекогаш сум сакал да живеам или барем еднаш да го посетам London :(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom