- Член од
- 20 декември 2005
- Мислења
- 503
- Поени од реакции
- 6
![](http://www.vreme.com.mk/images/print.gif)
![](http://www.vreme.com.mk/images/send.gif)
Семејството Георгиевски прошета на најлуксузните места во светот
![](http://www.vreme.com.mk/images/Image/LJUBCO%20so%20sneska%20(Small).jpg)
Крстосување со брод околу Јужна Америка, пат по транссибирската железница, Дубаи, Канарски Острови, Мајами, Флорида, се само некои од патувањата на кои бил Љупчо Георгиевски од 2002 година наваму, велат извори од неговата партија. За некои од дестинациите на кои бил виден на Нова година и поголеми празници објавуваа и медиумите.
Неговите сопартијци не ретко се прашуваат каде е Љупчо. Не само по отцепувањето од ВМРО-ДПМНЕ, туку и сега како пратеник и лидер во сенка на ВМРО-народна партија, Георгиевски ретко се појавува и во парламентот и во јавноста.
- Не го прашуваме каде оди, а и тој изгледа не чувствува потреба да ни каже - велат негови сопартијци.
Тие се жалат дека Георгиевски поминува повеќе време надвор од државава отколку во неговата партија, за која велат дека е во криза.
Во последните 4-5 години медиумите неколку пати го „фатија” Георгиевски на неколку луксузни дестинации во светот. Најчесто е во придружба на сопругата Снежана.
Негови блиски соработници велат дека семејството Георгиевски ги почнало шопинг-турите низ Обединетите Арапски Емирати во 2002 година, кога Љупчо беше премиер. Неколку пати бил виден во Ду???, познат како град на најевтиното злато, најголем фри-шоп во светот, и по големиот број о?шор-компании и банки.
За пречекот на 2003 година Георгиевски биле видени на Канарските Острови. Година порано, за 1 Мај, беа фатени на прошетка низ Дубаи.
Георгиевски одмора и на јахти во Грција. Тој во неколку наврати изјави дека има пријатели меѓу грчките политичари и бизнисмени и дека често ги посетува.
Во ВМРО-НП велат дека е погрешен впечатокот дека Георгиевски често шета на луксузните дестинации низ светот.
- Се случувало многумина да мислат дека Георгиевски е надвор од земјава, а тој да е тука. И кога оди некаде, тоа е Охрид или Дојран, кои ги обожава. Тој не сака многу сонце. Затоа почесто избира зимување, и тоа во скијачките центри во Бугарија - велат во ВМРО-НП.
Во агенциите велат дека нашите политичари за приватните патувања склучуваат аранжмани преку белградски или бугарски агенции.
За Јужна Америка и за Карибите се поаѓа од Мајами. Почетните станици за светските џетсетерски места и цените превисоки за македонскиот стандард се едни од причините зошто во агенциите ретко се бараат индивидуални луксузни аранжмани. Седумдневен престој за едно лице на островот Барбадос на Карибите е од три до четири илјади евра. Во Дубаи едно ноќевање е од 150 до 300 евра. Во луксузниот хотел „Бурј Ал Араб”, каде што најчести гости се политичари и бизнисмени, ноќевање е околу 1.300 евра за едно лице. Граѓаните што избираат полуксузни патувања обично користат групни попусти за време на празници
Eve kako se bori za makedonija ovoj golem Makedonski patriot, go sogoli narodot, i se seta vo najskapite mesta vo svetot so pari od siromasniot Makedonski narod, bravo gospodine, I NIKOGAS AIR DA NE MU VIDIS NA TIE PARI.