Hurin
Pokerface bastard
по некоја логика сум заборавил да ти допишам, се извинувамМомци,што е подобро ? фокусери,вреќа,или онаков заштитен појас ? при пари сум,сакам да земам нешто од ова,па да ми кажете што е подобро ?
--- надополнето: 17 мај 2012 во 22:06 ---
Може вториот дел ?![]()

до кај бев ??
значи во тешките периоди за спортот во САД, поради проблемот со лиценцирање и санкционирање на борбите, како и немањето спонзорства и никакаков профит, на почетокот од новиот милениум(незнам точно али околу 2000 година.) Зуфа ентертеимент решава да го откупи УФЦ и браќата фертита кој се сопственици на неколку хотели и казина во лас вегас решаваат да инвестираат во спортот. за претседател е поставен нивниот долгогодишен пријател Дана Вајт кој е истовремено и менаџер на тито ортиз и на чак лидел. во овој период борците како Чак Лидел,Тито Ортиз,Ренди Котур и Мет Хјуз а и БиЏеј Пен се најпопуларните борци во САД и вистински легенди на спортот,овие луѓе имаат огромна заслуга за преживување и протуркување на спорото во понапредно ниво. не било се сјајно на почетокот ама во 2006 излегува еден модел кој ќе го подигне спортот за две нивоа повисоко, ќе се крени огромна популарност и ќе донесе огромни пари за УФЦ и за ЗУФА. проектот се нарекуваше The Ultimate Fighter, реално шоу каде што некој непознати борци кој се бореле во помали организации можат преку ова ТВ шоу да се покажат и да се натпреваруваат меѓусебе и победникот ќе биде награден со титула ultimate fighter winner и ќе добие договор во износ од 6 цифри.
ова шоу привлекува многу заинтересираност. многу борци и понатамошни шампиони ќе излезат од тоа шоу. Тренери на првата сезона беа Тито ортиз и Кен Шемрок, двајца огромни ривали , и нивнотот ривалство донесе уште поголема драма и првилече многу гледачи, причина за тоа беше Кен бидејќи тој беше ветеран и беше учесник на првиот евент организиран од УФЦ уште од 1993 год. и плус имаше добра фан база од неговото искусто во WWE.
како шлаг на тортата беше финалето на ултимејт фајтер и борбата која буквално ја извади организацијата и спортот од бездната. борбата помежу Форест грифин и Стефан Бонар. таа сеуште го држи епитето за најдобрата и најважната борба во ММА историјата.
после финалето ММА добива огромен налив на нови фанови,почнаа да се полнат сали, да се купуваат pay per view и спорото почнува да станува меинстрим.
во 2007 поради проблеми со ТВ правата и скандали поврзани со Јакуза. PRIDE FC пропаѓа, УФЦ ја искорситува таа можност и тие пари заработени од ултимејт фајтер серијата ги торашата така што ја купуваат прај и на крајот од 2007 ја спојуваат со УФЦ. после прајд следна меа бепе WEC. американска организација позната по нејзиниот ростер на мали борачи до 70 кг и надолу. УФЦ ја откупува и WEC. но за спојување ќе мора да чека до јануари 2011.
после. меѓувреме други организација во америка беше ELITE XC која имаше огромен мега договор со CBS телевизија, познатиот Кимбо Слајс беше иконата на организацијата, но проади некој скандали на местење ELITE XC пропаѓа и голем дел од борците оди во Страјкфорс. скоро никој неможеше да им парира на УФЦ. остана само страјкфорс од познатите организации. страјкфорс која го имаше првиот евент во 2006 година а предходно беше кикбокс организација добива огромна слава кога го доведува најпопуларниот тешкаш во тоа време, легендата на спортот Фјодор Емилианенко. со неговот потпишување и започнува ерата на страјкфорс кој освен него имаше популарни супер ѕвезди како Ник Дијаз, Гилберт мелендез, Кинг Мо и др. многу големи споредби се правеа и се сметаше дека во тоа време Тешката Дивизија на страјкфорс е далеку поквалитетна од таа на УФЦ. ривалството започна но траеше се до 2011 кога УФЦ успеа да ја купи и Страјкфорс и со тоа се искачува на врвот и ги има скоро сите најдобри и најквалитетни борци на планетава.
доста е историја нешто сега за правилата.
на почетокот немало многу правила, да не речам ич. и затоа многу луже сметале дека спортот е брутален и дека личи на борба зо кучиња или петли. се вложуваат огромни напори со цел да се создадат правила кој ќе бидат диктирани од државните атлетски комисии и ќе бидат санкционирани од сите комисии каде што ММА има право да настапува.
се создаваат т.н Unified Rules of MMA каде што се забранети удари со нога и со колено врз легнат противник, дозовлено се лакта ама не се дозволени ако се упатуваат вертикално, забраенто е удари под појас,брцање прст во око, удари во тилот или во вратот, исто така забранети се потези кој можат да ги повредат малите зглобови или на англиски small joint manipulation. тоа значи дека забрането е виткање на прсти,дланки итн. со овие правила борците добиваат повеќе заштита и спорото не излгеда многу брутален.борбите се одржуваат во ринг или во кафез во форма на октагон. кафезот е многу побезбеден, бидјечи неможеш да паднеш од октагонот а и нема да има рестартирање на борбата на средина во случај да си заглавен во кафезот како што е на пример во рингот, ако си залгавен во јажет борбата се рестартира на средина иако си на пр ти во добар моментум.
то е се што можам да ти пишам моентално ако сакаш прашај ќе ти одговорам се што те интересира
