за ММА ќе ти пишам нешто на кратко
почетоците датирираат уште пред нашата ера кога боречката вештина
Pankration, која била застапена на олимписките игри во античка хелада.
оваа боречка вештина претставуала фузија од неколку боречки вештини кои содржувале техники на удирање со нога,рака, боречки зафати и полуги. потоа со проширувањето на културата од исток од древните јапонски и останати цивилизации од истокот почнале да се шират традиционалните боречки вештини како каратето џиуџитсуто итн.
на почетокот од од ХХ век се случува голема емиграција од јапонија во јужна америка и јапоскиот џудиста и џиуџитсу мајстор матсуро маеда пребегува во Бразил каде што ги запознава Карлсон и Хелио Грејси и решава да му го пренесе знаењето за џиуџитсуто и со тоа фамилијата грејси преставува првата не јапонска фамилија која е запозната со оваа вештина. љубопитноста и ривалството помеѓу грејси и вале тудо кој преставува најстара ММА организација во бразил. има неколку познати легендарни борби во 80тите години во бразил помеѓу риксон грејси и зулузињо, и со тоа ривалството помежу овие две страни се зажестило.
во 1993 година Рорион грејси решава да создаде организација слична на вале тудо ама со седиште во САД. ја нарекува UFC или ultimate fighting challenge, оваа организација има 2 приоритета, да докажи во светот кој стил и вештина е најсоодветен за борба и да се промовира бразилското или грејси џиуџитсуто.
првата настан кој го имала организацијава бил во денвер.
правилата биле минимлни и изгледало како борба со петли. сенаторот мекејн кој бил во публиката бил згрозен од ова и решил да лобира да се суспендира спортот во цела америка, потоа останеле само неколку држави каде можело да имаш ММА борба.
се пропагирало за спортот дека бил премногу насилен и без никави правила за да се заштити учесникот. тоа биле темни денови за ММА во САД. но кога сад мака мачеше да сврзе еден настан во јапонија спортот станува многу популарен. фудбалски стадиони се полнеа за еден настан. новата организација која ја крена јапонија беше сестра на К-1 кој исто така беше многу популарен во јапонија. организацијата се викаше PRIDE FC. најголемите ѕвезди на ММА излегоја од таму. Прајд како шоу преставуваше воодушевување во јапонија и во САД. ѕвезди како Мирко Кро Коп, Антонио Ногиера. Вандерлеј силва , Фјодор Емилианенко кој до денес имаат масивна публика и фанови зад нив потекнуваат и се ѕвездите на ММА во преиодот од 2002-2007.
утре вториот дел неможам сеа
--- надополнето: 7 мај 2012 во 00:44 ---
малце касно али во таа сабота има самит на обединетите нации таму и нема доволно обезбедување и хотели за сместување а таа борба привлекува огромен публицитет и неможе да се оствари на стадион од 80 000 и затоа решија да ја преместат во лас вегас.