Фергусон е терминатор, точно. Баш и Роган го прокоментира истото што и јас си го вртев низ главата... Како му го растури лицето а не удира многу силно, т.е. ударите не се overloaded а нанесува голема штета.
Каубоецот се држеше добро до некое време и имаше свои хајлајти (пр. тејкдаунот), али Тони човече има шампионски менталитет јбг.
Сакам да ги видам со Хабиб дефинитивно!
Таи Туиваса и Благој Иванов исто така направија одлично шоу. Таи го издоминира со лег кикс али не беше доволно, бугаринот е super tough. Фати одличен ритам во втората рунда удираќи го со директи од контра, а исто така го спушти и на колена во прва, знаев дека поените се на негова страна.
Но и Таи човече е цвер, притискаше нонстоп напред и го зашемети и тој Иванов. Одлична борба.
Од аголот на Туиваса му рекоа "don't trade with him, respect his punches"...
Да ги послушаше ќе победеше али дечкото е фрик сакаше стенд енд бенг, браво!
И за крај некој збор за Сехудо - Мораес.
Сакав да загуби Сехудо, едноставно ништо не сакам кај него, а најмалку неговата "Ванчо Каргов" фризура.
Али мора да му се даде респект, дечкото има олимписки медал во борење а сега и дабл чемп...
Во првата рунда изгледаше како да Мораес лесно ќе помини низ него, одличен дистанс менаџмент, го скапа и со инсајд лег кикс али не бeше доволно за Сехудо и беше запрен со ТКО. Мораес како да падна кондиционо, ја изгуби брзината и тајмингот, а тоа беше шанса која Сехудо ја искористи за да му се залепи и да ја заврши борбата. Едноставно уште еден шампионски менталитет. Сѐ е до психата јбг.