Уште една историска УФЦ приредба е зад нас. По мене, настан кој дефинитивно ги исполни очекувањата и најави интересни борби во иднина. Прогнозите за главните две борби ми беа катастрофа, пошо прогнозирав дека Макс и Переира ќе бидат патосирани
.Боби Грин на почеток очекувано го растури Џим факинг Милер,па потоа Диего Лопез за 30 секунди го реши Јусуф. Ми се свиѓа на кој начин Диего ги решава своите борби,иако немав приметено дека има 30 години. По фацката и фризурчето мислев дека е некои 25 години.На Прохаска-Ракиќ сум заспал, глеам дека Прохаска тепал, овој Ракиќ не може еден саглам чекор да направи, ама затоа јаде гомна на сите страни. Добра борба беше Оливера-Арман. Помотивиран, поексплозивен Арман. Де Бронкс некако многу лесно е да го пробиеш, нема некоја одбрана, често го јаде, па прави пресврт со тоа неговите ненормални потези. Ама со ваква форма не знам како воопшто се надева дека би го победил Ислам. После победава најверојатно Арман ќе добие шанса да напаѓа титула против Ислам.Следува најдобрата борба на вечерта по мене, Макс-Џастин. Каква маестрално тактички одработена борба на Макс, човекот е легенда. Значи класично го отсече Џастин,чоекот едвај доаѓаше до позиција да зададе удар(зборам за Гејчи стандарди) а и тоа што го прими по којзнае кој пат покажа каква брада има. Стварно делува невозможно Макс да биде нокаутиран. Тоа што го направи на крајот е еден од најмадрфакерските потези евер у УФЦ. Чоекот на добиена борба го викна Гејчи на средина на октагон да се измлатат со песници, со што рискираше голема победа. На крајот нокаут за шпици, и потпис на Макс за комплетно негово враќање на мапата, и можност за нова доминација. Макс имаше едно од најубавите враќања во УФЦ. По трите порази од Волк, посебно последниот во кој беше демолиран, успеа постепено да го изделка секој нов предизвикувач во категоријата, и полека но сигурно покажа дека е одма позади шампионот. Ситуацијата со Волк не му одеше во прилог, но сега ги има сите карти кај себе.Стави таков потпис на историскиот УФЦ 300 против еден од најдобрите лајтвејт борци, со што си отвори можност за напад на титула и во таа категорија,а од друга страна несомнено е дека ќе добие шанса и против Топуриа кого и го прозва после победата.Мора да кажеме дека Илко имаше така усрана фаца од тоа што имаше прилика да го види на дело, мислам дека не му се допадна перформансот на Макс. Многу ме интересира тој меч, баш сакам да видам на кој начин Топуриа би го нападнал Макс, и како Макс би одговорил на нападот на Топуриа со врзани боксерски секвенци на удари. Не знаеме ни како ќе се постави УФЦ во однос на Волк, дали прво него ќе му даде шанса за реванш или одма ќе го пушти Макс на Илиа. Замисли Макс го победи Илиа и пак стане шампион, а после Волк пак му земе мерка
, е тоа ќе биде пресмешно.Главната борба малце ме изненади колку брзо Переира го реши Хил. Стварно мислев дека Хил има капацитет за добра борба па и да го нокаутира Алекс ама ништо.Ептен беше фраерски моментот кога Хил му даде нога испод појас на Переира, и кога Готард тргна да ја запре борбата овој само со рака му покажа немој да ме смараш остави и тргна напред патосирајќи го Хил во следната секунда, за супер крај на УФЦ 300.