Има кај нас во Прилеп една куќа многу озлогласена, дека била рогонувана и слично. Куќата е во самиот центар на градот, на најпрометната улица, и вистинско чудо е како досега никој не живее во неа. Инаку, голема е куќата и многу е морничава однадвор, па не и однатре. Не е малтарисана, со полна цигла е ѕидана, а на местото каде треба да има влезна врата (има скали надворешни и одморалиште за да после него се намести врата), таму има само еден голем ѕид. Има и една тераса, на која има стари каси од врати и прозорци, со искршени стакла.
До самата куќа има механичарски сервис, и се зборува дека пред 10тина години, кога газдата на сервисот ја правеше гаражата (која со еден ѕид е споена со куќата) неколку пати ќе го изѕидал ѕидот, и неколку пати ќе му се растурел за време на ноќта.
И за оваа куќа има многу приказни, дека на времето во неа убиле мало деовјче, па нејзиниот дух шета по куќата, итн. А пред некое време, знам дека некои деца сакале да ја сликаат куќата, ама ги начекал газдата и ги избркал.
Во секој случај, интересно да се види и да се истражи. Ако во блиска иднина бидам во можност да ја сликам куќата, ќе ги прикачам сликите овде. Засега толку.