Kако да поврзиме два компјутери во МРЕЖА (LAN)

VIRTUAL

knowledge is power
Член од
4 мај 2006
Мислења
327
Поени од реакции
2
Како да се поврзат два или повеке компјутери во мрежа (lan)?


 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.208
Поени од реакции
34.448
VIRTUAL напиша:
Како да се поврзат два или повеке компјутери во мрежа (lan)?


Имаш Гугл, прашај го.
Ама на кратко.. Најди crosswired кабел и пиши дека си нашол. После ќе ти помогнеме околу подесувањата.
 

VIRTUAL

knowledge is power
Член од
4 мај 2006
Мислења
327
Поени од реакции
2
Acid напиша:
Имаш Гугл, прашај го.
Ама на кратко.. Најди crosswired кабел и пиши дека си нашол. После ќе ти помогнеме околу подесувањата.
Ги поврзав со кабел и ми вика дека неможе да автоматски да стави IP и ги наместив menual (ги направив да се во иста класа) и сега вика дека е во ред! Е сега кога ке напишам во cmd > net view не ми одговара вика дека барањата не се достапни во моментот. Кажете како сега оди со shere да разменвам files & folders...
 

dwa

Член од
19 февруари 2006
Мислења
2.233
Поени од реакции
349
probaj da go pingas drugiot kompjuter,svetat li dole kaj saatot kompjutercinajta ?
 
Член од
6 јули 2005
Мислења
2.932
Поени од реакции
9
VIRTUAL напиша:
Ги поврзав со кабел и ми вика дека неможе да автоматски да стави IP и ги наместив menual (ги направив да се во иста класа) и сега вика дека е во ред! Е сега кога ке напишам во cmd > net view не ми одговара вика дека барањата не се достапни во моментот. Кажете како сега оди со shere да разменвам files & folders...
Прво и основно дали директно ти се поврзани двата компјутера со кабел или се поврзани преку switch? Доколку се директно поврзани кабелот треба да биде crossover направен. Е сега кога ќе ги поврзеш со мрежниот кабел вака ќе ги наместиш подесувањата на мрежните картички.

Компјутер 1

IP address: 192.168.1.10 или 10.0.0.10 или која сакаш локална IP
Subnet mask: 255.255.255.0

Компјутер 2

IP address: 192.168.1.11 или 10.0.0.11 или која сакаш локална IP
Subnet mask: 255.255.255.0

Кога ќе го направиш тоа за да провериш дали се гледаат компјутерите оди во "Start->Run" и пиши "cmd" од кога ќе се отвори "Command Prompt" пиши "ping 192.168.1.10" и доколку ти врати назад пакети значи дека се е во ред. После тоа ако сакаш да го гледаш компјутерот во "My Network Places" ќе мора да наместиш и иста workgroup, а тоа се мести во "Control Panel->System->Computer Name->Change->Workgroup" и ќе го пишеш името на твојата мрежа, така ќе мора и на двата компјутера.

За да некоја датотека ја ставиш на sharing најпрво одиш со десен клик врз нејзе па во "Properties->Sharing" доколку првпат правиш sharing има таму еден wizard немора да го поминеш туку само одбери "If you understood the risk..." и ќе ти дозволи да го штиклираш "Share this folder on the network" и тоа е тоа ќе можеш да му пристапиш на тој директориум преку мрежа. Една препорака доколку имаш инсталирано firewall на некоја од машините може да не ти дозволи да му пристапиш на тој компјутер затоа исклучи го.
 
Член од
6 јули 2005
Мислења
2.932
Поени од реакции
9
Абе остај тоа шемата не е така едноставно да се направи и неможат сите. :) Ти треба мрежен кабел, мрежен конектор (JR-45) и специјална клешта така да најарно ќе биде да отиде во некоја компјутерска продавница или некоја продавница за електроника и да му направат спрема неговите потреби.
 

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
107
абе баци, читај и учи.

Ако двата писиа ти се на windows. Земаш еден cross-over net cable, или зимаш класичен patch, па го сечеш на пола, го преповрзуваш (ќе си најдиш шема на net) и си правиш cross-over. Нема потреба да ти биде со не ти знам каква надворешна коаксијална заштита кога на крај и краишта нема да го сместуваш кабелот во некоја електрична централа и плус тоа, кабелот верувам би ти бил краток и одозгора на се, преносот е дигитален.

Наредно. Идеш на едниот компјутер у Network Connections -> Local Area Connection. Идеш на Properties ->TCP-IP и settings. Ставаш мануелна адреси:
IP: 192.168.1.1
SubnetMask: 255.255.255.0
Gateway: prazno

На другиот компјутер на истиот прозорец ги ставап сетинзите да бидат автоматски односно активираш DHCP.

За да шераш фајлови, мора во Local Area Network на двата компјутери да ти биде овозможено Client For Microsoft Networks и File and sharing.

Ако сакаш да шераш интернет конекција тогаш мора да си ставиш и NetBios.

Е сеа, не би ти препорачувал директна PC to PC врска затоа што е мизерно бавна. Земај си некој 4-5 портен свич и рокај на 100mbps.(проверено од опит). Плус тоа, на ваква изработена конфигурација можеш комотно да приклучиш windows машини со сетинзи како вториот писи наведен горе или стандардна линукс со нејзините дифолт network сетинзи.

за подетален туториал иди на www.homenethelp.com
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Ај ако знае некој да објасне како се поврзуваат повеќе компјутери во мрежа со swich (да имаат ADSL конекција). И како се сетираат.
 

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
107
deXterche напиша:
Ај ако знае некој да објасне како се поврзуваат повеќе компјутери во мрежа со swich (да имаат ADSL конекција). И како се сетираат.
www.homenethelp.com

а какво шерање? Хардверско или софтверско.
 
D

DJ_DEXTER

Гостин
deXterche напиша:
Ај ако знае некој да објасне како се поврзуваат повеќе компјутери во мрежа со swich (да имаат ADSL конекција). И како се сетираат.
Е па вака декстеру
Имаш 3 начина со Router , преку gateway , и со самостојно конектирање
1.Рутерот е машина која изиграва gateway и која дели интернет на останатите. За огромни мрежи е пожелно да се набави рутер. Рутерот се конектира на свич, и преку WEB интерфејс се дотерува. обично адресата на гејтвејот е 192.168.1.1 а DHCP сервисот сам го препознава. Значи немаш потреба од статични IP на компјутерите ( јас секогаш користам статични)
2. Да користиш еден компјутер како сервер ( гејтвеј за интернет).
а) Вака конфигурирај го Gateway PC-to (од кое другите ПЦ-а ќе земаат интернет)
на активната АДСЛ конекција поставуваш Sharing. Одиш на конекцијата:
десен клик => Properties => Advanced (tab) => означуваш allow other network users to connect through this computer's internet connection, стискаш ок и готово

потоа најпожелно е да наместиш статична IP адреса на LAN:
Control Panel => Network connections => десен клик и Properties на мрежната картичка => во General tab бараш Internet Protocol (TCP/IP) и кликаш во PROPERTIES => во General tab избираш Use following IP address: => во полето IP Address пишуваш 192.168.1.1 (стандардна IP адреса на еден гејтвеј , а можеш да бираш и друга) => во полето во истиот прозорец SUBNET MASK внесуваш 255.255.255.0 => полето за gateway го оставаш празно. => Притискаш ОК и готово.

б) Конфигурација на останатите PC (оние кои ќе користат интернет од серверот)

Control Panel => Network connections => десен клик и Properties на мрежната картичка => во General tab бараш Internet Protocol (TCP/IP) и кликаш во PROPERTIES => во General tab избираш Use following IP address: => во полето IP Address пишуваш адреса на LAN-от ( различна од сите останати компјутери на пр. 192.168.1.2 ,192.168.1.3 , 192.168.1.4 во зависност колку PC-ја имаш) во полето во истиот прозорец SUBNET MASK внесуваш 255.255.255.0 => во полето за GATEWAY ја внесуваш адресата од SERVER-компјутерот ( во нашиот случај 192.168.1.1) => потоа кликаш Use the following DNS server addresses и тука доколку ги знаеш можеш да ги внесеш ДНС серверите на МТ-НЕТ (или доколку користиш друг провајдер неговите ДНС-сервери), а најпожелно е да ја отчукаш адресата од серверскиот ПЦ, во наш случај 192.168.1.1. => притискаш ОК
И готово кога на сервер-пц ќе конектираш интернет сите останати ќе влечат конекција од него.

3. Самостојно конектирање не би ти препорачал бидејќи со МТ-НЕТ ( доколку го користиш) не е сјајно. И често има проблеми кога повеќе компјутери ќе сакаат да се конектираат , а некогаш е и невозможно. А добрата страна е што секој компјутер ќе има различна WAN адреса ( адреса на интернет рутираните пакети).

Control Panel => Network connections => Add new connection => Connect to internet => Set up my connection manually => Connect using a broadband connection that requires a user name and password => isp name одбираш по желба => username (доколку си на МТ-НЕТ АДСЛ) username@mt.net.mk => password ти си знаеш => Next => finish
И пробај паралелно на повеќе компјутера да конектираш ..

Ова се трите начини, има и повеќе на пр. земање на интернет преку прокси сервер подигнат на локален сервер-ПЦ ама овој начин не ти го препорачувам дека користи многу ресурси од серверот. Ако има нешто нејасно слободно прашај ме , и барем дај ми едно зелено за ова
 
Член од
1 февруари 2007
Мислења
408
Поени од реакции
15
Decki jas imam vakov problem jas i komsijata sme vrzani vo mreze so ruter i raboti superkoristam trendnet ruter i sam se konfigurira mestam samo user i password DNS i nema potreba od konekcija koga pustas kompjuter si zakacen nikoj ne konektira nisto e sega ne se gledame u mreza da si prajme natigo dajmigo toj koristi Windows XP jas Vista care a konektirani seme so cross-over kabel care
 
Член од
18 април 2007
Мислења
372
Поени од реакции
32
Ve molam objasnete mi kako da povrzam PC so laptop preku cros cable
i kako se setira?
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.101
Поени од реакции
11.530
Прво ти треба кросовер кабел. Ако немаш, прашај во било која продавница за компјутери да ти направат, инаку познат и како pc to pc cable. 20 или 30 денари по метар, максимум. Ако имаш дома modem to pc cable пробај и со него, но најголем дел од картите не го препознаваат, бидејќи разликата е во поврзувањето на жиците внатре.

Направи шеринг на фолдер и дај му ги сите дозволи. Поврзи ги двете лан карти со кабелот и сетирај им ги ајпи адресите на мануелно и напиши си сам. Едната нека завршува на .1 а другата на .2, класите нека бидат идентични. Пример 192.168.1.1 и 192.168.1.2

Рестартирај ги компјутерите и види дали ќе ја препознаваат мрежата, откако ќе рестартираш, отвори некој прозорец од Мај компјутер прозорците и во адрес барот каде ги дава оние адреси од Мај документс и слично, напиши ја ајпи адресата од другиот компјутер и треба да ти го даде фолдерот кој е шеруван.

Ќе го полниш лаптопот а? Кажи шо ќе направиш.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Пред месец дена ги поврзав на истиов начин лаптопот (виста) и десктопот (XP), само што прво морав да креирам home network. Андроник ја има објаснето целата процедура... :helou: Пиши дали успешно ќе ги врзеш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom