Kако би изреагирале доколку вашите ви забранат врска?

jkd

one name one country united macedonia
Член од
13 септември 2007
Мислења
1.261
Поени од реакции
27
кој што може да ми забрани па не живееме у 19 век колку што знам јас е сега сугестии од типот не е за тебе и сл. можат да поминат но ЗАБРАНА еј луѓе не се заебавајте па директно у стразбур го носам па кој сака нека биде :toe:
 

Lorddd

Титула - Лорд
Член од
18 март 2007
Мислења
1.067
Поени од реакции
53
Познавајќи какви се моите родители, мислам дека не би направиле такво нешто. Но, што знам, се е можно. Како би реагирал? Прво ќе правам муабет со нив зошто мислат дека таа не е за мене, ќе размислам и јас, дали се во право, несакам да се правам демек мој живот моја ствар-никој не слушам, па ако си останам на тоа дека таа треба да биде со мене, тие ќе се немоќни да ми го променат мислењето.
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Моите немаат толкава моќ над мојот живот.

А и се доволно либерални и разумни за да му веруваат на мојот избор и за да се свесни дека не смеат да се обидуваат да се мешаат во мојот интимен живот, освен со добронамерен совет. Забрана, никако.

Па според тоа, никако не би изреагирала, зошто вакво нешто нема да се случи.
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Не сум имал таков случај, но...

Доколку се случи, би ѝ рекол на девојката: „Слушај, не може да имаме врска, ама ај секс. Тоа сите го прават, па ај и ние.“

Ако имаме доволно секс со девојката и ако е доволно добар, ќе се развијат емоции до толку да не можам без девојката ниту таа без мене, па ако родителите и понатаму забрануваат, кидаме од дома и јас и девојката и си живееме заедно некаде и некако, а родителите кој ги врти.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.677
Поени од реакции
13.288
Не се моите толку супериорни... Но еве рецимо се деси тоа - моите се супериорни. Јас прво би бил послушко - не ми смеел да писнам... Значи би останал со прстот во уста... Но ова никогаш не би се случило во овој свет. Не се конзервативни во тој поглед ама ич... Либерални да. Добронамерни совети да. Забрана не.
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Родителите имаат потполно право да изреагираат во некои ситуации. Пример, ако се работи за девијантна личност која може да им го наведе детето во погрешен правец кога тоа не е доволно зрело и искусно само да процени,а е доволно заслепено пошто е убедено дека е тоа "човекот на неговиот живот".
Уствари не е тоа право, тоа е обврска. Кога ќе отиде возот и кога ќе види во каква заблуда живеело може да биде и касно.
Во сите други случаи кога се работи за хир и кога другата страна е ок, ама не по нивна замисла, можат само да "одбијат".
 
Член од
25 мај 2008
Мислења
547
Поени од реакции
14
Па незнам најверојатно би бил зачуден и би сакал да зборуваме за истата тема и да ми образложат зошто ми забрануваат а потоа би им објаснил дека не се во право или би се согласил со нив ако се во право. Иако мислам дека би било ова првото (би им објаснил зашто не се во право) :wink:
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Ќе седнам на еден долг разговор со моите и ќе им објаснам зошто сум го избрала баш тој,дека би било добро да го почитуваат мојот избор без разлика дали е добар или лош,дека можам сама да си изберам за мене и дека тоа е мој живот и они не можат да превземат ништо околу тоа дали јас ќе се гледам со некого или не.
Бегања и шпански серии нема шанси,со добар разговор се може да се постигне.
Не може баш се да се постигне...
Зависи од избраникот...некоја личност никогаш не би прифатиле...

А ја ако сум сигурна дека него го сакам и дека ми е возвратена љубовта, не шпанска серија туку циркуз има да напраем. Ни самата не сум свесна што можам ама знам дека можам...
 

Batistuta

..пак од скриен број...
Член од
16 февруари 2005
Мислења
1.945
Поени од реакции
50
Добро.. ова е ситуација што поверојатно е да се деси кај девојчиња на одредена 13-14-15 годишна возраст под будната капа на родители што се решиле да дејствуваат со погрешни методи. Веројатно резултатот ќе биде “со главом кроз ѕид“ ко и за секое забрането овошје. И то. Имало причина или немало, небитно.. шта зна дете шта је чоколада.. :baeh:
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
151
Совет да,забрана не...мислам дека одамна изумреа војскотците и принцовите на бели коњи...
 
K

KomitaMKD

Гостин
Па не мора да викаме дека сме 21 век и не смее да има забрани.Еве на пример сестра ми недај боже да излегува со некој од друга вера јас најпрвин би ја советувал да не го прави тоа,а ако не ме слуша јас лично би и забранил и би ја спречил.Јас сум сигурен дека и повеќето од вас би го направиле истото.Не дека сум конзервативен ама сепак живееме на Балканот...
 

Jovannah

Smile me baby
Член од
11 февруари 2008
Мислења
584
Поени од реакции
50
Епа ако се работи за годините..пример врска на 11-12-13 години со некој постар е за забранвање.. Врска со некој кој не е добар пример (тепа,пие се дрогира) пак е во ред.. Ама ако имате врска на нормални години со нормален дечко тогаш родителите се проблем... Реакција каква и да е - залудно е.. то е то
 

Alien®

Finally founded...in love...
Член од
3 февруари 2008
Мислења
162
Поени од реакции
5
Мојата реакција би била нешто како :pos2:. Никогаш не сум дозволил моите да ми се мешаат во врската, доволно сум возрасен да знам што сакам, а и да погрешам тоа е моја грешка...мој живот. А btw моите не се такви, да ми се мешаат во одлуките, може само да ми кажат дали нешто им се допаѓа или не...останатото е мое...ме оставаат да учам од сопствените грешки, најдобра лекција во животот :helou:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom