Осминафинале Копа Либертадорес.
Гремио со Естудиантес првата утакмица ја губи 2:1, вчера на домашен терен даваат гол во 92 за 2:1 и спасуваат пораз. На пенали победуваат 5:3, лудница на трибини.
Сантос против Индипедиенте губи 3:0 првата утакмица, втората 0:0 ама ја прекинаа бидејќи бразилските лудаци почнаа бомби да фрлаат на терен, се тепаа со полиција итн... Некое чудно размислување имаат овие, ако утакмицата е прекината демек избегнале пораз и затоа секогаш има нереди кога бразилска екипа губи.
Ривер против Расинг беше лудница исто, 60+ илјади на Монументал, Ривер победува 3:0. Енцо Перез почна да провоцира додека излегуваше и тука му се пуштија сите од Расинг, па дојдоа и тренери од двете екипи, се симнаа и специјалци да ги делат.
Јужна Америка.