Jуготон - онлајн продавница

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.552
Поени од реакции
8.705
Возраст
35
Не знам каде точно и е местото на темава па ќе ја ставам овде.
Познатиот скопска продавница Југотон за игри, книги, музика, карти за концерти и театри, постери, беџови и што уште не, прават онлајн продавница на сето она што го продаваат во нивната продавница во Скопје во ГТЦ.

Онлајн продавницата ќе им биде со достава до дома со плаќање преку картичка и други платежни опции. Барем вака дознав кога ги прашав на фејсбук зошто немаат многу работи на сајтот и дали планираат да воведат онлајн продажба на сите работи кој ги продаваат.

Така да најверојатно тие што се малку подалеку од Скопје нема да мораат да се малтретираат за да доаѓаат туку од дома фино убаво лежерно ќе си нарачаат тоа што сакаат од Југотон.

Денес видов дека сајтот моментално е во изработка.
http://www.jugoton.mk/
 
Па ќути ко им текнало... Сигурно виделе дека сме 2017год. мада од ветено до сторено има многу...
 
Сајтот е 20 години во изработка.
Едно време долг период сајтот беше активен во стилот како што планираат да го прават онлајн продажба но многу малку работи имаше а не знам дали беше целосно функционален за да се нарача нешто.
 
Едно време долг период сајтот беше активен во стилот како што планираат да го прават онлајн продажба но многу малку работи имаше плус не знам дали бил функционален и дали воопшто можело нешто од понуденото на сајтот да се нарача.
Не функционираше. Ниту нарачување, ниту залиха, ниту апдејт некаков.
Можеби се решиле за промена, ај да видиме.
 
Ни треба една ваква онлајн продавница. Да има каде да се нарача музички албум од наши изведувачи, двд концерти, игри за компјутери и конзоли, да може да се нарачуваат делови за компјутери, разно разни интересни работи како што се беџеви, мајци, капчиња, торбички, постери, стрипови. Сепак можеби и подобро е да се шират во повеќе градови со продавници затоа што мене ми е повеќе јакото да влезам да разгледам, да вртам плочите, цдата, постерите и останатото. Друг ми е филингот да допрам и да го видам производот. Кога бев помал и бев на одмор семејно во Турција, таму имаше голем маркет кај што еден дел беше за музика и повеќето албуми ги имаше да ги слушаш со слушалки и си бираш песна :) Сега тоа можеш и преку интернет но друг е филинготда отидеш во продавницата.

Најпрво тоа и ги прашав на фејсбук дали планираат да се шират во повеќе градови па потоа дојде прашањето и за сајтот.
 
Го пуштија сајтот но сеуште некој работи се во изработка, многу мал избор на артикли а и сеуште најверојатно не е овозможено нарачки.

jugoton.mk
 
Последно уредено:
Авалон го имаат земено Југотон или што е работава?
„Авалон“ со нова музичка продавница во Скопје

Драги пријатели,
Од 17ти септември започнува со работа првиот Music store на Авалон Продукција во Македонија, со досега невиден квалитет и концепт на работа на овие простори.

Продавницата - “Југотон нова плоча” се наоѓа во срцето на градот, ГТЦ (веднаш до поранешниот дуќан Пола Југотон) и во моментов работи како ticket shop на Авалон Продукција.

Се гледаме на големото отворање на 17-ти септември.

Ваша,
Авалон Продукција
 
Југотон продавницата е затворена во ГТЦ. Мислам дека се отвора иста нова до нив. Би требало таа да е на Авалон.
 
Југотон продавницата е затворена во ГТЦ. Мислам дека се отвора иста нова до нив. Би требало таа да е на Авалон.
Да таа што се отвара новата до нив е од Авалон.

Чудно ми беше дека на Facebook го користат истото лого и овие Југотон затворенава продавница во ГТЦ па кога ги прашав на Facebook ми рекоа дека тоа со Авалон е сосема нешто друго.

Таа од Авалон ќе биде во соработка со Југотон издавачката куќа сегашна Croatia Records. Таква продавница има во Хрватска и во Србија. Ќе се продаваат изданија на Croatia Records и можеби не знам нешто ако има и од нашите музички артисти. Продавницата ќе се вика Jуготон Нова Плоча.

Ќе има ова се
https://jugoton.net
 
MARCELLO,

тековните изданија на ЦД од „Кроација...„ се тежок шит!

Кој собира ЛП и ЦД, сигурно ја знае проблематиката со изданијата на ЦД од 2000-та г. па наваму, кои патат од т.н. „Loudness war„ (страшно комресиран и изобличен звук!) па ни ЦД-ињата од „Кроација...„ не се заобиколени од таа болест...
 
Јас не се разбирам од добар звук. Мене да ми пуштиш песна од Јутјуб и песна кој нема изобличен звук компресиран нема да најдам разлика :D
 
Јас не се разбирам од добар звук. Мене да ми пуштиш песна од Јутјуб и песна кој нема изобличен звук компресиран нема да најдам разлика :D

Разликата меѓу саглам и компресирана снимка постои и таа е лесно забележлива дури ако слушаш музика на слушалки...На „Јутуб„ таа разлика потешко се забележува, оти звукот на „Јутуб„ веќе е лимитиран.

Муабетот ми е; што е битно ако „Кроација...„ отвори своја „филијала„ во Севердонија, кога нивните музички изданија се исти (компресирани!) како да се издадени од „Ворнер Брос„ или од „Сони„...

Пролетоска од „Југотон (Литиум рекордс)„ земав комплет албуми од „Зана„, издадени од „Кроација...„ и сиот радосен идам дома да слушнам како звучат на ЦД, кога она...Јад и беда од звук!...Чкрипи „на сите страни„.
 
Последно уредено:
Југотон затвориле? Се спасиле.
Едино што вредеше беа рамките и постерите од Pyramid
 
Јас обично карти за концерти сум зимал преку нив. За другите работи не знам како се.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom