ЈСП - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
Во 2ка денес читам на дисплејот порака на македонски "Скојпе - Град без насилство, Заедно против насилството - СВР СКОПЈЕ".
Па се прашав зашто истава порака ја нема на албански ? :unsure:
Или не учествуваат тие во оваа акција ? :D
 
Во 2ка денес читам на дисплејот порака на македонски "Скојпе - Град без насилство, Заедно против насилството - СВР СКОПЈЕ".
Па се прашав зашто истава порака ја нема на албански ? :unsure:
Или не учествуваат тие во оваа акција ? :D

Ваквиве пораки поише иницираат насилство. Исто ко оние "Го сакам Скопје и ги негувам автобусите". Reverse psychology праи кај луѓето, не знам зашто уопште ставаат...
 
Пред едно 7-8 години, се возев со приватна 19-ка. И онака се качувам со брат ми пред Соборна, и одиме накај Чаир. Седиме на првите седишта, одма до вратата, и слушаме радио (90.3 Спортското), имаше пуштено човекот. И тој спикерот кажува Њукасл 0 - 1 Астон Вила, и во ист момент додека кажува човекот, го гледаш возачот почнува да го крши воланот, да пцуе, да удира се што ќе му стигне пред рака. Јас и брат ми...:cautious:. Среќа што не направи сообраќајка со автобусот тој ден. Од тогаш се возев со него уште 2-3 пати, и потоа како да пропадна во земја, едно добри 4 години не сум го видел
Денес сабајле, 9 саат одев наработа, уште не расонет се качувам во автобусот, му ги подавам парите на човекот, го подигам погледот, гледам.... манијакот од Њукасл. Па ко за беља, сите седишта зафатени, освен првото до вратата.... Седнувам, радиото стандард му е пуштено, и чекам да се јави човекот од Спортското радио да каже некој натпревар... и кога слушам... you're listening LIFE RADIO... Камен ми падна од срце :LOL:
 
За инцидентите во ЈСП сигурно виновни се Турските серии... Бидејќи според нашите новинари тие поттикнувале насилство...
 
мислам 52,но несум сигурен...поубаво посетија ја страната на јсп.... :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom