ЈСП - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
Зошто некои од контролорите се многу груби и некултурни?Случката нема да ја објаснувам и објавам.
Тоа е јавно претпријатие и барем треба да преиспитаат какви намќори(не се сите) примаат на работа,за потсетување имаат на располагање многу народ кои желно чека работа.
 
Какви предиспозиции треба да имаш за таква работа? Какви луѓе ги имаат таквите предиспозиции? Ете ти го одговорот. Инаку почесто и треба да бидат груби, пошто секад има лиглиња шо ќе пробуваат да се извадат на било кој начин. Барем кога се работи за тие што немаат карта, у спротивно не.
 
:pos:

b-4.jpg

Повеќе информации тука.
 
Какви предиспозиции треба да имаш за таква работа? Какви луѓе ги имаат таквите предиспозиции? Ете ти го одговорот. Инаку почесто и треба да бидат груби, пошто секад има лиглиња шо ќе пробуваат да се извадат на било кој начин. Барем кога се работи за тие што немаат карта, у спротивно не.

Груби и неучтиви не само груби,тие 2 карактеристики им одат заедно каи нив.Нека ме казни 200 денари ако не носам карта,но не и да ми се дере и брбори(ми се нема вакво нешто случено,само се земам запример),но сум бил сведок како се дере,вика,збори,па и врата да затвори возачот по негова наредба,бидејќи едно дете немаше слободна,патниците чекаат еден подолг период додека не се реши случајот.
Треба да имаат една единствена предиспозиција,да бидат учтив кон сите,сепак тоа се потрошувачи,а таквите треба да се вработат во затворите,со тие ,,лингури,, да се расправаат и евентуално тепаат,а не да им се дерат на деца!
За пример ќе ја земам и полицијата,сум бил сведок и на ваков настан,возачот не носеше возачка ,без да му се дере полицаецот му напиша казнени поени,мислам 15.
 
Од 23ка може?Се надевам дека може :D

Од вчера тоа, заборавив да пишам.-Се враќам од факултет кај 11, 11.30 и стоеве таму кај што нема столчиња со колешка и колега.Влегла госпоѓа со дете во количка, а ние од муабет не ја видовме и одма почнува да се дере, НЕЗНАЕТЕ ДЕКА ОВА ОВДЕ Е ЗА ДЕЦА ВО КОЛИЧКА!?-Извинете сега ве видовме и веднаш се тргнавме, не ми се влегуваше во подолга расправија дека немав кафе пиено и не ми беше денот тргнат, иначе ... :D
 
Јас би изнел една пофалба за контролорите во двојка од пред некој ден, кога прв пат во мојот живот сите рамковни ги извадија надвор од автобус, а не како вообичаено јас да вадам и покажувам карта, а тие да прозборат два-три збора и да си поминат така. Уште подобро беше, што пола автобус се испразни :)

Инаку, во право сте за најголем дел од контролорите, веројатно ги бираат кој погруб ќе биде и знаат да претераат со нивните овластувања.
 
Неколку пати сум забележал по автобусиве кога се качуваат патници мора да има некоја жена која кога ќе стигне до шоферот, тогаш и текнува да буричка по ташната, па додека да го најде новчаникот, па кога ќе почне да бара ситни, а не и се гледа, па ќе дава денарче по денарче... ќе се стемни додека да му наплати на шоферот. Добро де толку неможат предвреме да извадат 35 денари, и онака чекаат по 30 минути на станица?
 
Ми падна новчаникот со слободната во 23ка.Мислите ли барем ќе се најде некој да ја однесе слободната некаде каде што би можеле да ми ја вратат ? :D
 
Автобусиве ни се двојазични од памтивек или не се лажам дека е ова новост? Честито нека ни е во секој случај...:facepalm:
Е да, јас кога јадам гомна по фб страници и групи ми ги бришат постовите.
А гледам и слободните за средношколците се исто повеќе јазични, се оштрев да појдев да се расправам, ама го оставам ова за наредниве неколку дена да видам.
 
Автобусиве ни се двојазични од памтивек или не се лажам дека е ова новост? Честито нека ни е во секој случај...:facepalm:

Ново е. Еве 41 e веќе двојазичен. Од напред има на 2 јазика, а внатре е се на албански. Како што поминувам скоро секој ден по 2 часа во автобус можам да научам на албански: 'забрането стоење на горниот кат` и `навремено подгответе се за симнување`. Сега за сега само час и температура разбирам на албански.
 
Не е ново, на 2ка го имаше веќе од поодамна (неколку месеци), на 9ка го ставија некаде крај на Септември, кога почнаа и на сите останати: 22, 41, видов на една 7ца. Има и на некои селски автобуси.
 
Не е ново, на 2ка го имаше веќе од поодамна (неколку месеци), на 9ка го ставија некаде крај на Септември, кога почнаа и на сите останати: 22, 41, видов на една 7ца. Има и на некои селски автобуси.

Да, да. Ама ова до сега важеше за автобуски линии со кои се возат поголем број албанци, кои минуваат низ >20% албански општини итн. Со 41 е ново. На почеток мислев дека е грешка, ама кога видов и на предната табла дека стои на албански знаев дека процесов на промена ќе биде над цел ЈСП.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom