ЈСП - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
заебаваше она цел пут, звукот ме нервира многу и се најде сабајлечки у автобус некој да го праи тоа, едвај се воздржав да не и се развикам...

Ја не би се воздржувал, што не и рече: Тетке да не треба и петите да ги стругате, еве случајно носам камен за пети.
 
Ова ти нема врска. И јас спијам во бус, ама не од што сакам, оти не ми држи снагата од премора и колку да се трудам да ги држам очите отворени, сами ми паѓаат.

И ко за беља секад заспивам кога ќе седне јака цура до мене. После каков ти е сексуалниот живот... никаков, каков. :)

Епа ако ти се спие немора да одиш на школо/работа/било каде туку ќе се наспиеш дома. Автобусите не се место за спиење. На што личи тоа спиење во автобус?
 
Ех што убаво го кажа ова, камо така лесно да беше коа ти се спие да не идеш на работа туку само јави му се на директорот дека нема да дојдеш зш ти се спие :D
 
Епа ако ти се спие немора да одиш на школо/работа/било каде туку ќе се наспиеш дома. Автобусите не се место за спиење. На што личи тоа спиење во автобус?

Изгледа не ме разбра. Јас не спијам од што сакам, него од што телото не може да издржи повеќе од замор. Едноставно клапнува.

И тоа „не оди на работа ако ти се спие“, ќе те видам кога ќе работиш и ќе ти кажат остани прекувремено едно 3-4 саата и цело време да си на нозе. Тогаш ќе правиме муабет.
 
Епа добро вие спијте си ако не ви пречи, но мене ми пречи некој што си легнал да спие, хрчи итн....сега вие како го сваќате тоа, е ваша работа. ;)
--- надополнето: Nov 23, 2011 11:13 AM ---
Највеќе ме нервира некој што ќе влезат, трујат и немаат основна ХИГИЕНСКА навика.:sick:

Оние старците јадат лук и искачаат до парк со автобус. Многу трујат во автобус, и не само на лук, туку на се. :confused:
 
Пред еден месец се враќав од Маџари и се симнав кај билетарата во Автокоманда. Тука се качив во 2-ка и еден дрво пијан ( честит му празник денеска :D ) почна да свири на хармоника и да пева самоубивачки-турбо фолк песни, за сечење вени итн.. xD
Збореше Македонско-Албанско-Ромски од секој јазик по некој збор.
 
Епа добро вие спијте си ако не ви пречи, но мене ми пречи некој што си легнал да спие, хрчи итн....сега вие како го сваќате тоа, е ваша работа. ;)
--- надополнето: Nov 23, 2011 11:13 AM ---

Оние старците јадат лук и искачаат до парк со автобус. Многу трујат во автобус, и не само на лук, туку на се. :confused:
Следниот пат јас кога ќе захрчам подбуцни ме ќе престанам :icon_mrgr:
Че те видиме тебе на стари години на шчо ќе мирисаш :icon_mrgr:
 
Епа добро вие спијте си ако не ви пречи, но мене ми пречи некој што си легнал да спие, хрчи итн....сега вие како го сваќате тоа, е ваша работа. ;)

Ја не хрчам, може некоја лига ќе ми падне, ама тоа е се. :)
 
Вчера вторник, пазарен ден, мирисите на праз и кромид владеаа по автобусите. Тук таму ќе се слушне по некој пензионерски муабет од типот на: ,,Ништо незнае овој бе од СДС е. Остај го не го слушај. Кој видел аир од нив.'' И другиов не останува покус: ,,А вие бе што направивте, 5 години на власт сте го осиромашивте народот.'' Следува брз одговор: ,,Па да не бевме ние немаше денес да се возиш беспари.'' И дискусијата продолжува во недоглед.
Најчесто се организирани во групи од по 4-5 ппензионери и фаќаат тактички места за да можат да се гледаат додека прават муабет.
Од страна демнат бабички натоварени со ќеси полни со патлиџан, пиперка компир и слично. Постојано се на готовс да рипнат ако се ослободи место за седење. Во меѓувреме се обесуваат над глава на некој помлад од нив и му СМРДАТ се со цел да стане.

Треба да почнам да пишувам книга: ,,Авантурите низ Јавниот градски превоз''
 
Спиење во ЈСП... хухуууу, колку имам спиено во ЈСП.
Ама не од што сакам, туку од што возњето до дома до работа ми е 40 минути, до центар 50. И тие минути да бидат фрлени... ноп, ќе си дремнам.
 
Прегеска еден постар човек како ли само ме изнервирааа. Гледа типацов дека е тесно и дека не може да се разминеме затоа што носев ранец и лап-топ со мене и старчево не се ни мрднува. Сфашта. Се испобуткавме таму сите само поради него. Ти ибам народот глупав.
 
Вчера вторник, пазарен ден, мирисите на праз и кромид владеаа по автобусите. Тук таму ќе се слушне по некој пензионерски муабет од типот на: ,,Ништо незнае овој бе од СДС е. Остај го не го слушај. Кој видел аир од нив.'' И другиов не останува покус: ,,А вие бе што направивте, 5 години на власт сте го осиромашивте народот.'' Следува брз одговор: ,,Па да не бевме ние немаше денес да се возиш беспари.'' И дискусијата продолжува во недоглед.
Најчесто се организирани во групи од по 4-5 ппензионери и фаќаат тактички места за да можат да се гледаат додека прават муабет.
Од страна демнат бабички натоварени со ќеси полни со патлиџан, пиперка компир и слично. Постојано се на готовс да рипнат ако се ослободи место за седење. Во меѓувреме се обесуваат над глава на некој помлад од нив и му СМРДАТ се со цел да стане.

Треба да почнам да пишувам книга: ,,Авантурите низ Јавниот градски превоз''
верувај ми ке биде бајаги продавана книгава - не само кај нас може и во некоја од другиве балкански држави - ке има бајаги материјал да се посмеат луѓето...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom