Вчера вторник, пазарен ден, мирисите на праз и кромид владеаа по автобусите. Тук таму ќе се слушне по некој пензионерски муабет од типот на: ,,Ништо незнае овој бе од СДС е. Остај го не го слушај. Кој видел аир од нив.'' И другиов не останува покус: ,,А вие бе што направивте, 5 години на власт сте го осиромашивте народот.'' Следува брз одговор: ,,Па да не бевме ние немаше денес да се возиш беспари.'' И дискусијата продолжува во недоглед.
Најчесто се организирани во групи од по 4-5 ппензионери и фаќаат тактички места за да можат да се гледаат додека прават муабет.
Од страна демнат бабички натоварени со ќеси полни со патлиџан, пиперка компир и слично. Постојано се на готовс да рипнат ако се ослободи место за седење. Во меѓувреме се обесуваат над глава на некој помлад од нив и му СМРДАТ се со цел да стане.
Треба да почнам да пишувам книга: ,,Авантурите низ Јавниот градски превоз''