ЈСП - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
+1 за ова. Не само стариве, општо, народов или е ептен прост или има стварно некоја причина. Замисли некое дете со ранец да те пречекорува и ранецот у фаца :tapp:

:)
А што мислиш секој се замара дека некое дете со ранец ќе сака баш да седне таму.Мислам дека спонтано секој си седнува каде сака.
Јас најмногу ги мразам тие седишта што ги има на гумите од големите автобуси.Нозете или мора да ги собереш некако или фармерките лом да си ги направиш.Па повеќе малтертирање е на тие седишта одколку седење.
 
First they came for the communists,
and I didn't speak out because I wasn't a communist.
Then they came for the trade unionists,
and I didn't speak out because I wasn't a trade unionist.
Then they came for the Jews,
and I didn't speak out because I wasn't a Jew....
Како успеа да го испревртиш ова за да одговара со твоите затуцани националистички ставови is beyond me. Проклета параноја...
 
I dont give a shit дали сум интересен.
Единствено ми е симптоматично карактеристичното типично македонско однесување по образецот - све док мене лично не ми се деси нешто - не дигам глас.
Веројатно знаеш текстов како завршува:

First they came for the communists,
and I didn't speak out because I wasn't a communist.
Then they came for the trade unionists,
and I didn't speak out because I wasn't a trade unionist.
Then they came for the Jews,
and I didn't speak out because I wasn't a Jew....

Мене повеќе ми смета тоа што јас доцнам отколку што некој не можел да слезе на некоја постојка било тоа Македонец или Албанец.
Ти пак ќе си испорцкаш само за да ја свртиш секоја тема во антиалбанска насока. Затоа и не гледам причина зошто да ја продолжам дискусијата со тебе. А и како што ти кажав не си интересен се подосаден стануваш на секоја тема.
 
Како успеа да го испревртиш ова за да одговара со твоите затуцани националистички ставови is beyond me. Проклета параноја...
Мене повеќе ми смета тоа што јас доцнам отколку што некој не можел да слезе на некоја постојка било тоа Македонец или Албанец.
Ти пак ќе си испорцкаш само за да ја свртиш секоја тема во антиалбанска насока. Затоа и не гледам причина зошто да ја продолжам дискусијата со тебе. А и како што ти кажав не си интересен се подосаден стануваш на секоја тема.

Смирите се, бе. Се шегувам само.
Не сум јас како некои затуцани националисти. Јас сум за соживот во аутобустите на ЈСП, посебно во задниот дел на двојка, пееседмица, деветнаеска...

Оваа прилика ја користам да апелирам до сите граѓани кои и го сакаат доброто на Македонија, да престанат со фабрикување на невистини околу наводни инциденти во автобусите на ЈСП. Тоа, се покажа по кој знае кој пат, е само со цел да се нарушат меѓуетничките односи кои инаку се на завидно ниво.
Значи, прекинете со тие глупости за наводни напади на групи на Албанци по автобусите (па и надвор од нив), за да можеме на раат да се фокусираме на реалните проблеми од типот на "пензионери зулумќарат по аутобусите".
 
Тоа, тепале по автобуси... Ова е доказ дека за пет шест години ќе се обидат да ја освојат Македонија, да не исламизираат и да го воведат албанскиот како единствен службен јазик. Пак ќе кажам, проклета параноја.
 
Па да, тоа е проблемот, паранојата.
Затоа апелирав да не се преправаат луѓево дека гледаат работи, кои у ствари не ги гледаат.
 
Тепачки само затоа што некој прозборил на македонски во 2ка или некој на албански во 15ка...докога со овие мизерни работи :tapp:
 
2 причини зошто јас мислам дека се преферира надворешното столче...

1. Луѓето сакаат да седат сами односно незгодно им е да седи некој непознат веднаш до нив. Со седење на надворешното столче шансите се многу поголеми дека ќе останеш сам прибидејќи ако седиш на внатрешното, слободно си доаѓа човек и си седнува. Додека пак кога си на надворешното, за да седне човек треба да направи контакт(да те праша) со тебе. Има луѓе кои не би оделе со оваа "мака" само за да седнат.

2. Ако седиш на внатрешното столче и треба да се симнуваш повторно треба да се направи малцуцка незгоден контакт со сопатникот, ем да му спомнеш, ем да ги трга нозете. А на надворешното само си стануваш и си одиш.
 
Тоа што иако има напишано дека има клима и дека прозорите не треба да се отвараат, упорно и упорно ги отвараат :tapp:
 
Тоа што иако има напишано дека има клима и дека прозорите не треба да се отвараат, упорно и упорно ги отвараат :tapp:

Е тоа е затоа што климите ги пуштаат на слабо и не можат да оладат ни пола маде, а новиве конзерви од што се тесни и од што испаруваат луѓето внатре не може да се диши. Јас еднаш за малку ќе се угушев и ова не го зборам на шала.
 
2 причини зошто јас мислам дека се преферира надворешното столче...

1. Луѓето сакаат да седат сами односно незгодно им е да седи некој непознат веднаш до нив. Со седење на надворешното столче шансите се многу поголеми дека ќе останеш сам прибидејќи ако седиш на внатрешното, слободно си доаѓа човек и си седнува. Додека пак кога си на надворешното, за да седне човек треба да направи контакт(да те праша) со тебе. Има луѓе кои не би оделе со оваа "мака" само за да седнат.

2. Ако седиш на внатрешното столче и треба да се симнуваш повторно треба да се направи малцуцка незгоден контакт со сопатникот, ем да му спомнеш, ем да ги трга нозете. А на надворешното само си стануваш и си одиш.

јас заради втората причина, со првото немам проблем :)
 
Денеска на бит пазар еден од новите автобуси почна да чури, ама убаво чурење и други автобуси застануваа и гаснеа таму позади. Толку беше од нив. Џабе парите.
А многу се коментираше на темава за старците, мене пак други работи ме нервираат (секако дека и они ама веќе мора да се соочиме со тоа дека вторник и петок е пекол по автобусиве). Во петокот чекам да се качам и пред мене имаше двајца и од горе една бабичка чека да се симне. И луѓево не ја почекуваат да се симне, едниот беше маж околу 40 години, а другиот млад дечко. Си се качија двајцава, ај чичконо помина некако ама дечкото имаше огромен ранец на грб и и го набута у фаца на бабата (а таа кутрата неможеше да стои, една слаба) и таков ја избутка и си помина. Па до каде ни е културава јас не знам.
 
Абе има линија која вози до Матка?
 
Абе има линија која вози до Матка?
Има ама ќе се окозиш додека отидиш,прво треба да идеш на последна двојка и да чекаш автобус го има 4 или пет пати во текот на денот (ќе видиш на страната на јсп) ама после и за враќање пак треба да го штимаш у колку саат ќе се вратиш со еден збор големо малтретирање е ако ме прашаш мене од искуство.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom