ЈСП - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
Во петка пред два петока што се деси со стариве, едно дете не му стана на еден пензионер демек снеможен а од снеможен ни с, леле кога почна еј..
Митинг е слаб збор, отворена трибина, се почна да критикува. Прво нели таа дифолтната реченица оди кај ви е културата и дека држава со такви деца не бива, па после се префрли на Бранко и Шеќеринска и Бучко како ја испоограбиле државата и шетале слободни, па почна да кажува дека Марта Стјуарт за 40.000 долари неплатен данок лежела недела дена во затвор а кај нас се шетаат на слобода секакви лопови (а притоа нели не го спомнува во критиките човекот што им го овозможи сево ова).

Немаше кој не се смееше во автобусот, на крај еден дечко и вика на девојката (која патем имаше огромна торба на неа) „Девојче дај стани кој ќе го слуша овој аман“, друг вика „Порано кој сакаше да се испцуе на стадион идеше, сега доволно е во петок у бус да си“ :pos: и типов од Влае кај зградите до кај Ново Лисиче кај Т Хоум само проповедаше. Самоубиство, најстрашно беше што и преку слушалки со музика го слушав.

Стварно некогаш не се сфатливи пензионериве, одма се познава кој пензионер не може ни да оди ни да стои и таквите обично немаат лик ко Сатаната кога ќе влезат во автобус, на таквите станувам, нема збор, ама кога ќе влезат вакви поживи од тебе :D:D:D:D
Kомшија мој со протеза место нога станат седи во автобус не крека да му се стане, ќе видиш некои нашминкани во мисија звана опсада како окупираат седишта ко последно да е :)

првиот болд.. - паднав од смеа.. браво за реченицава алал да ти е..
вториот болд.. искрено ја едно не сваќам - како тоа едвај стои или се движи а може да оди со автобус ??? ова ама стварно не го сваќам. ве молам некој нека ми го објасни - СЕРИОЗЕН СУМ !!!

Ова со петка е неверојатно. Зошто ли не направат уште една линија која по Иво Лола?
Некогаш чекаш повеќе од пола саат автобус и доаѓаат две петки една по друга и најако е што сите се качуваат во првиот небаре во другиот колера има

е не се солгасувам со тебе па шо сака нека е.. мислам дека у светов нема по редовен автобус од 5ка и од 22ка.. 22ка на прво место дефинитивно со 700 приватни автобуси плус а петка ја има на секои 10 минути.. ова го имам видено кога и да чекам автобус на рекорд !!!

Ова да го направат ќе решат многу работи. Па и приватен нека е. Како прво, нема и самите шофери на 5ки да се движат со 3 на саат, ќе брзаат за некој друг да не им ги собере патниците. Како полжави се, најдобро се гледа ова на моја улица, имаш видик на целата улица и одма знам дали тоа што доаѓа е 5ка или 2ка.

некои линии ЈСП едноставно не ги дава ( и нормално е ) на приватните шофери.. линии како што се 5ка 2ка 50ка 57ца 65ка и слични нема теоретски шанси да ги дадат на приватни корисници.. од овие автобуси рачунај дека јсп има најголем ќар !!!
 
Немаше кој не се смееше во автобусот, на крај еден дечко и вика на девојката (која патем имаше огромна торба на неа) „Девојче дај стани кој ќе го слуша овој аман“, друг вика „Порано кој сакаше да се испцуе на стадион идеше, сега доволно е во петок у бус да си:pos:
Ех да вредеше 10 евра зеленко...ова вреди цел хектар зелена ливада. ја постар не ги издржувам, не па вие :)

Ова со петка е неверојатно. Зошто ли не направат уште една линија која по Иво Лола?
Некогаш чекаш повеќе од пола саат автобус и доаѓаат две петки една по друга и најако е што сите се качуваат во првиот небаре во другиот колера има
Секоја чест за пензионерите (ете и јас се ближам натаму, белки ќе доживеам да ги стигнам) и секоја чест за оние кои ги користат за неопходни потреби али како што градот ги укака вторник и петок, наместо заеднички линии треба тие 2 дена да пуштат одвоени автобуси за пензионери.
+60 организиран превоз
 
е не се солгасувам со тебе па шо сака нека е.. мислам дека у светов нема по редовен автобус од 5ка и од 22ка.. 22ка на прво место дефинитивно со 700 приватни автобуси плус а петка ја има на секои 10 минути.. ова го имам видено кога и да чекам автобус на рекорд !!!

Ти изгледа со петка си се возел еднаш во животот затоа така ти изгледа.
 
Слушнав муабет од девојка ми дека се возела во еден од новите автобуси и наводно се расипал на битпазар?????????????:toe:
Што ли купуваме?
 
Врв ми е коа се возам у преполн автобус со теткици со кеси/чуда и на нагло кочење/тргнување се залепуваат у мене (пошо нели немаат раце за држење на шипка) и после ми проповедаат како сум немал култура шо се мавам у нив итн итн :D

Се има десено милион пати !
 
Слушнав муабет од девојка ми дека се возела во еден од новите автобуси и наводно се расипал на битпазар?????????????:toe:
Што ли купуваме?
На битпазар било што може да се расипе. Црна дупка е тоа.
 
Врв ми е коа се возам у преполн автобус со теткици со кеси/чуда и на нагло кочење/тргнување се залепуваат у мене (пошо нели немаат раце за држење на шипка) и после ми проповедаат како сум немал култура шо се мавам у нив итн итн :D

Се има десено милион пати !

Следниот пат, потргни се да треснат на земја. Цел бус има да се згази од смеење, тие ќе пропаднат во земја, и веќе нема да ги видиш во бус. И волкот сит, и овците на број. Пардон, неколку овци помалку во бусот :wink:
 
Срам да ти е,почит кон постари луге :pipi:a ти Билане не им се доближувај,биди далеку од нив...за се имa решение :icon_lol:
 
Секоја чест за пензионерите (ете и јас се ближам натаму, белки ќе доживеам да ги стигнам) и секоја чест за оние кои ги користат за неопходни потреби али како што градот ги укака вторник и петок, наместо заеднички линии треба тие 2 дена да пуштат одвоени автобуси за пензионери.
+60 организиран превоз

Ама Lurtz, ти ќе бидеш од добрите пензионери на кои ние им стануваме??? Нема да колнеш се живо и диво уште пред да влезеш :)
Ние стануваме на добрите пензионери. На досадните и нафурани не стануваме :)
 
Срам да ти е,почит кон постари луге :pipi:a ти Билане не им се доближувај,биди далеку од нив...за се имa решение :icon_lol:

Виничанка решава скопски проблеми. Ма то нема ни у Београду. Ако се пишеш на факс у Скопје, и притоа почнеш да користиш ЈСП, тогаш ќе бидеш добредојдена на темава.
 
Слушнав муабет од девојка ми дека се возела во еден од новите автобуси и наводно се расипал на битпазар?????????????:toe:
Што ли купуваме?

Те молам,вакви муабети пред избори НЕ :icon_lol:
 
Те молам,вакви муабети пред избори НЕ :icon_lol:
Ах грешна информација не се расипал некое дете претрчало пред автобусот по топката се извинувам:)
Забораив дека имаше и политика во купувањето на нив:)
 
Ах грешна информација не се расипал некое дете претрчало пред автобусот по топката се извинувам:)
Забораив дека имаше и политика во купувањето на нив:)

Гледаш веднаш ќе те осудат на смрт поради политичка пропаганда. Евил бети сигурно фаќа белешки од темава,за време на состанокот кој е во тек :icon_lol:
 
Ти изгледа со петка си се возел еднаш во животот затоа така ти изгледа.

треба да се возам па да знам дека е редовен автобусот?? еве сеа ке ти кажам.. на рекорд у било кое време да чекам автобус 5ка има на секои 10 минуи.. значи НА СЕКОИ 10 минути... немам потреба да се возам за да видам дека е редовен !!!
 
Ме нервира тоа што пуштија безброј нови автобуси за 15, 5 и некои ЧКЉ бројки а за 9ка која што е многу важна линија нема ниту еден нов автобус! Што им е финтата на џаболебариве од ЈСП не знам :toe: Како и да е одкога ми влезе контрола више со градски не идам, златни приватни автобуси ем нови ем брзи ем празни у вторник и петок :) Уште да имаат и ноќна линија да немора да плаќам за скапотијава од такси.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom