аллександар
Вечно ненаспан
- Член од
- 5 мај 2006
- Мислења
- 7.381
- Поени од реакции
- 2.522
првиот болд.. - паднав од смеа.. браво за реченицава алал да ти е..Во петка пред два петока што се деси со стариве, едно дете не му стана на еден пензионер демек снеможен а од снеможен ни с, леле кога почна еј..
Митинг е слаб збор, отворена трибина, се почна да критикува. Прво нели таа дифолтната реченица оди кај ви е културата и дека држава со такви деца не бива, па после се префрли на Бранко и Шеќеринска и Бучко како ја испоограбиле државата и шетале слободни, па почна да кажува дека Марта Стјуарт за 40.000 долари неплатен данок лежела недела дена во затвор а кај нас се шетаат на слобода секакви лопови (а притоа нели не го спомнува во критиките човекот што им го овозможи сево ова).
Немаше кој не се смееше во автобусот, на крај еден дечко и вика на девојката (која патем имаше огромна торба на неа) „Девојче дај стани кој ќе го слуша овој аман“, друг вика „Порано кој сакаше да се испцуе на стадион идеше, сега доволно е во петок у бус да си“и типов од Влае кај зградите до кај Ново Лисиче кај Т Хоум само проповедаше. Самоубиство, најстрашно беше што и преку слушалки со музика го слушав.
Стварно некогаш не се сфатливи пензионериве, одма се познава кој пензионер не може ни да оди ни да стои и таквите обично немаат лик ко Сатаната кога ќе влезат во автобус, на таквите станувам, нема збор, ама кога ќе влезат вакви поживи од тебе![]()
Kомшија мој со протеза место нога станат седи во автобус не крека да му се стане, ќе видиш некои нашминкани во мисија звана опсада како окупираат седишта ко последно да е![]()
вториот болд.. искрено ја едно не сваќам - како тоа едвај стои или се движи а може да оди со автобус ??? ова ама стварно не го сваќам. ве молам некој нека ми го објасни - СЕРИОЗЕН СУМ !!!
е не се солгасувам со тебе па шо сака нека е.. мислам дека у светов нема по редовен автобус од 5ка и од 22ка.. 22ка на прво место дефинитивно со 700 приватни автобуси плус а петка ја има на секои 10 минути.. ова го имам видено кога и да чекам автобус на рекорд !!!Ова со петка е неверојатно. Зошто ли не направат уште една линија која по Иво Лола?
Некогаш чекаш повеќе од пола саат автобус и доаѓаат две петки една по друга и најако е што сите се качуваат во првиот небаре во другиот колера има
некои линии ЈСП едноставно не ги дава ( и нормално е ) на приватните шофери.. линии како што се 5ка 2ка 50ка 57ца 65ка и слични нема теоретски шанси да ги дадат на приватни корисници.. од овие автобуси рачунај дека јсп има најголем ќар !!!Ова да го направат ќе решат многу работи. Па и приватен нека е. Како прво, нема и самите шофери на 5ки да се движат со 3 на саат, ќе брзаат за некој друг да не им ги собере патниците. Како полжави се, најдобро се гледа ова на моја улица, имаш видик на целата улица и одма знам дали тоа што доаѓа е 5ка или 2ка.