ЈСП - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
Баби и дедовци у петнаеска - натоварени ко амали - ти висат со сакоата шо им мирисаат на лаванда над тебе и чекаат да станеш.
Коса ми се крева од нив.
 
Возачот имаше пуштено турбо фолк, едно старо и седна на една жена која стана само да си го подигни паднатиот чадор (иако имаше слободни места позади него).
 
Понекогаш кога чекам 5ка се си мислам дека Годо ќе дојде побрзо отколку автобусот
 
Понекогаш кога чекам 5ка се си мислам дека Годо ќе дојде побрзо отколку автобусот

Само таа линија е по таа улица и нормално е дека ќе се клатат :) Да се воведе приватна линија од таму не знам дали ќе каснат вака.
 
Само таа линија е по таа улица и нормално е дека ќе се клатат :) Да се воведе приватна линија од таму не знам дали ќе каснат вака.

Тогаш ќе се бркаат ко улави, исто како приватна 22ка со ЈСП 22 што знаат некогаш да организираат мини трки на Партизанска.
Него ова чекањево 5ка иако не ми е често, сепак ме убива. Поготово во зима секоја минута ми се чини како плус пет изминати, па уште петок ако е сето тоа еднакво е на хорор :)
 
Се известуваат патниците кориници на услугите на ЈСП Скопје дека на ден 01.01.2011 год.(сабота) Јавниот превоз ќе почне да функционира од 7,00 часот. За подетални информации може да се јавите кај Диспечерскиот Центар на тел. 3173-224.

ВИ ЈА ЧЕСТИТАМЕ НОВАТА 2011 ГОД.

Да си знаете ако некој помислуе со автобус да се враќа дома.
А не ко ја лани до 7 да чекам бус и на крај со такси да си отидам. xD
 
Највеќе ме нервираат оние циганите со цокули кога ќе се качат и кал до гуша ,пази јас имам платнени најк патики поарно бокс да ми мавнеш одколку да ме згазнеш ,и со цел памет оди накај мене циганот јас го гледам и се чудам и покрај толку внимание он да ме згазнал ,еми збезнав во дигресија паднав ,ама беше голем еден рмбач мускули пука ,иначе куфер ќе го направев .
 
Еднаш требаше Тончи да иде на футбал, да тркала топка со другарчињата, ама автобусот воопшто не се појави :(
Чисто информативно ЈСП 66
 
Ме нервира кога мали деца држат седишта а во автобусот има многу гужва и постари луѓе а родителите на децата мува не ги лази.
 
Ме нервира кога мали деца држат седишта а во автобусот има многу гужва и постари луѓе а родителите на децата мува не ги лази.

Ти ако си нормален...Те нервирало што мали деца седат ?Да не сакаш да стојат случајно ?! Нема шанси да се додржат да стојат,ја немаат таа сила да не струполат доле по автобус за разлика од старите луѓе кои колку-толку може да се додржат ,но сепак ќе ги болат само нозете,а сигурно нема да се струполат доле :uvo:
 
Ме нервира што мора да се борам со гравитационата сила и законите на физиката и да се држам за шипка со сета сила поради тоа што шоферот одлучил да вози ко шо ќе му ќефне...
 
Ја користам оваа прилика да им ја честитам новата 2011та година на ЈСП, во неа им посакувам да имаат што е можно помалку дефекти и посериозни незгоди, нека продолжат да прават што е можно полоши распределби на возила и нивна честота по релации, интернетот нека им фуче, нека имаат што е можно повеќе патници, во патувањето нека има што е можно поголеми гужви, треба луѓето да се дружат, а поубаво место за дружба од преполнет автобус не постои, битно турбо фолкот нека ечи внатре, оти без него ништо од забавата.

Ме нервира што мора да се борам со гравитационата сила и законите на физиката и да се држам за шипка со сета сила поради тоа што шоферот одлучил да вози ко шо ќе му ќефне...

Под знакот „не зборувајте со шоферот“ треба да стават знак „Не го нервирајте шоферот - ќе го преврти автобусот.“ :) Пошто сум приметил во добар процент се работи за доста емотивни и чувствителни луѓе и ако нешто не им е погодено да можат за инат од sид би го акнале автобусот сосе патници.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom