Брат, јас нити смрдеа имам осетено во новиве бусови, освен ако некое бабе или деде не е до мене со празоини и слично.
Исто така, баш вчера се возев со бус, ГНР имаше пуштено шоферот.
Не смрди само празот другар, смрдат луѓето. Мирисаат на неизмиено, озбилно. Многу е лошо кога во голема гужва си принуден да стоиш залепен до нив, да им дишеш во косата залоена. Се качуваш во бус и веднаш те удира смрдеата. Леле па кога ќе почнат да се мрдаат и ти ја пикаат косата во фаца... ужас,,,
А и музиката е посебен случај. Во деновите за гагаџиите можеме да слушнеме: „Се запали пиле Трено одајчето“, за празници ечи „Едно име имаме“... во 41 често ни пуштаат џипси турбо фолк. Ај да не е толку црно, во 7-ца од Карпош до Центар еднаш слушав класика, КЛАСИКА
