Абе Пумо, секогаш се тоа нечии туѓи баби и дедовци. Пошто нашите си се фини и културни и не замараат никого. Пошто си се наши. Али, остај тоа, се работи за стари луѓе кои што се, претпоставувам, многу осамени. Бараат друштво, бараат внимание и тоа најчесто преку агресија. Тоа што се возикаат ко шо викаш по цел ден ваму-таму, за мене значи дека немаат некој у близина што би го интересирало каде му се мајката и таткото-или, помислувам дека помладите од семејството, можеби ги праќаат на ваква целодневна градска турнеја за да не ги гледаат дома, кој знае? Како мислам, се потрагично ми изгледа...Но, за да не испадне дека сум многу фина, ќе ти кажам дека голема нервоза ме обзема ако случајно ме нагази некоја ваква појава, али гризам уста, јазик, цупкам у место, се мрштам и глеам да не зборам нишо, пошо ако одговорам, сигурно ќе ми биде срам од себе некое време.
Пошо имам лоша навика да си ќутам и посматрам, оноа што го гледам од помладите у односот со постарите, многу ме загрижува. И овој страшен однос, станува уште пострашен, сега кога пензионерите ги добија оние бесплатни возења. Точно е дека таков ни е општиот ментален склоп, што коа ќе ни падне до рака нешто бесплатно, му ја вадиме маста и не оставаме трошка да остане за некој друг-ама оваа навика ни е заедничка и на стари и на млади. Кај постариве можда е малку повеќе нагласена, пошо изглеа дека со годините попуштаат некои обзири и граници, но, то ти е. На страна што у оние новине катни аутобуси, тројца да останат да стојат на долна платформа, веќе е гужва. Скопје има проблем со јавниот превоз, не со луѓето. И, на крајот, сепак се согласувам дека градот прво требаше да си го реши овој проблем, а потоа да дели бесплатни целодневни возења...еј, вака ко шо тргнало има шанса да завојуваат две возрасни групи, тешко нас...
Па не би рекла. Другата ми баба, лесна и земја, ич не беше фина. Веројатно ќе замараше да беше жива, и секако, ако нешто на светов ја убедеше да се качи воопшто во автобус.
Тоа што некој бара внимание, не може да биде натоварено на грбот на недолжни луѓе. Ако им треба дружење - ете се најдоа во автобус, може немаат пари на кафе да седнат, ама секако можат (бесплатно нели) едни кај други на гости да си одат. Сигурно имаат по едно турско да сварат, или ај еден чај нека биде.
И јас ќутам Лејди, веќе го кажав тоа, не само зашто ќе ми биде срам од сама себе, бидејќи во огромна мера им помагам на истава група граѓани, туку и затоа што немам ни време, а ни нерви да се расправам со некој кој има 70 години. Таков е каков е, ако за 70 години не станал човек, не можам јас да го направам. И да, мислам ,,човек,, затоа што каков лик си ако немаш трошка жал за средношколец, студент, бремена жена? Тоа што е некој млад не значи по дифолт и дека е здрав, прав, способен. Јас ти гарантирам дека бабиве мои на моја возраст биле далеку поздрави и посмирени него што сум јас. И далеку помалку грижи имале.
Скопје има проблем и со превозот, и со некултурата на луѓето. Такви сме си. Не само стари, и млади, и средовечни. Некултура на Кванташки може да продаваме. Културно е старец, па и средношколец, да ме замоли ,,извини девојче, може да седнам?,,. Нема теорија да одбијам, макар бил и некој моја возраст, и помал од мене, а камо ли старец. Ама кога ќе ми дојдат таквите, што ги гледам цел ден на автобуска и накинџурените, е не станувам. Не сум имала ситуација да ,,ме караат,, од причина што најчесто на последна (кај што се качувам) има место за сите, па фино лепо горе се качувам, не така лесно доаѓаат тие нагоре. Тетки сум слушала да коментираат, веројатно мислеле дека ќе се засрамам и ќе станам, а не гледаат дека до нив стои жена со бебе, бремена жена. Само еднаш имам влезено во да речеме конфликт, ама госпожата се усрами па и не се довозе се симна на следната станица. Седам (а не е дека немаше место, ама кој ќе оди до крај на автобусот) и влегуваат тетки и една моја познаничка, која има едно 3 годишно и едно 1 годишно дете. И се качува со двете деца. Јас станувам за таа да седне, а една ,,изнемоштена,, се затрча и со брзина на светлината седна. Познаничката преќуте, ама јас не можев. И реков дека треба да и биде срам.
Не знам дали и беше, ама стана. На таквите, да умрат на нозе, не им станувам.
Па нека бидам лоша.