Јосип Броз Тито - Црвено и Црно

Какво е вашето генерално мислење за Тито?

  • Позитивно, направил добри дела за Македонија и Македонците.

    Гласови: 30 37,5%
  • Негативно, им наштетил на Македонија и Македонците.

    Гласови: 39 48,8%
  • Немам став.

    Гласови: 11 13,8%

  • Вкупно гласачи
    80

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
121
Ме интересираат вашите погледи и размислувања околу ликот и делото на Јосип Броз Тито, алијас "Вели Јоже" од Кумровец. Кој е Тито? Која е неговата заслуга за Македонците? Која е неговата улога во создавањето на македонската држава (ако ја има)? Која е неговата улога во отстранувањето и ликвидирањето на повеќемина видни македонски дејци и идеолози (Шарло, Ченто, Панко Брашнаров, Венко Марковски, Петре Пирузе и многу други) за независна и обединета Македонија? Кои се позитивните, а кои негативните страни (одлуки и дела) на оваа контроверзна историска личност? Повелете на дебата, со факти и аргументи.

П.С. Ставив и анкета, да ја видиме вашата наклонетост/одбивност кон Тито.
 
TITO i tolku e dosta!!!
 
Па за прв пат во историјата после долго време ропство и востанија да се ослободи макеоднија тоа се случува под негово водство и тој го одобрил нашето постоење како народ, ни го признал јазикот, и врз база на таа република тогаш во склоп на југославија ние сега имаме самстојна држава македонија.
 
Мислам дека неможе толку строго да се дефинира НАПРАВИЛ ДОБРИ ДЕЛА или НАПРАВИЛ ЛОШИ ДЕЛА...
Мислам дека и двете во секој случај штета е за Македонија што не му успеало 1947 -1948 да направи Балкански сојуз со Бугарија и да го присоедини Егејскиот дел на тој сојуз...
 
Култузин, ако генерално според тебе е позитивен (направил повеќе добро отколку лошо), гласај за позитивен) ако е генерално негативен гласај за негативен, а ако не можеш да се одлучиш имаш опција немам став, т.е. незнам, не можам да се одлучам.
 
Тито го одработи планот на англосаксонците.
Во екот на граѓанската војна во Грција 1948, направи сојуз - Југославија - Грција - Турицја.
За прашањето за правата на Македонците не мрдна со прст.
По прашање на македонскиот национализам, беше суров.
Ни вгради систем да не мора од надвор да не уништуваат, туку сами да се уништиме.
Направи многу за Хрватска, пошто нели Хрват и беше, и го даде цел Јадран.

Знаеше да свири клавир, да игра валцер, имаше манири на австроунгарец а со балканот го врзуваше браварството, каде машините прашина само му фаќаа.

Беше некој и нешто за тие што беа ништо.
 
decki mora da se svati deka sudbinata na vardarska mkd i na yugoslavija bese zacrtana vo jalta i teheran i ovdesnite lideri moraa da go zacuvaat ona so go dobija a site tie koi se obidoa da poprecat vo togasnite dogovori se otstraneti(Шарло, Ченто, Панко Брашнаров, Венко Марковски, Петре Пирузе) i poveke od toa ne mozese da se stori
 
Еве неколку прашања за другарот Тито:

1. Зошто тоа нема наша делегација на АВНОЈ?
2. Што тоа се случувало на некои Калиња во Скопје, Велес...и некои помалку познати?
3. Во контекст на бр. 2: Зошто Срем? Кој е таму нашиот интерес?
4. Темпо во Македонија? Што бара?
5. Зошто само Киро Глигоров остана читав после АСНОМ?
6. Како тоа ја предаде (продаде) Егејска Македонија?
 
Тито го одработи планот на англосаксонците.
Во екот на граѓанската војна во Грција 1948, направи сојуз - Југославија - Грција - Турицја.
За прашањето за правата на Македонците не мрдна со прст.
По прашање на македонскиот национализам, беше суров.
Ни вгради систем да не мора од надвор да не уништуваат, туку сами да се уништиме.
Направи многу за Хрватска, пошто нели Хрват и беше, и го даде цел Јадран.

Знаеше да свири клавир, да игра валцер, имаше манири на австроунгарец а со балканот го врзуваше браварството, каде машините прашина само му фаќаа.

Беше некој и нешто за тие што беа ништо.

E kako ne mrdna so prst,neli rece NE za Makedonija! Toa mu e najdobroto mrdanje na prstot...
 
Аууу да бе тоа со второто заседание на АВНОЈ во Јајце, смешки живи.
Македонци нису могли да доџу јер је било пуно снега.
Македонски опинак је пуно клижавии него српски.
Пу анасана, како не лажеа.
Ги заболе Македонците за Југославија која исто така ја мразеа како секој окупатор.

Али комуњароидите си се верни на овој идеал и си верглаат со него, еве и председникот за 2009 година што им е од исти дол дренки е.
 
ЈОСИП БРОЗ ТИТО - име и презиме на голем великан!

Ја направи на времето најмоќната држава, со највисок стандард за луѓето , со пасош без граници, со дотогаш невидено братство и единство меѓу народите без разлика на националната и етничка припадност - а во нејзин склоп ја вклучи на нашата Македонија !!!

Нема што тука да се зборува за најдобриот предводник на една земја на сите времиња од поновата историја !!

Посакувам сеуште да беше жив , за децава сега да видат што значи авторитет кој вреди да се има, што значи харизма која ја обожава целиот народот !

И мртов , некој да го кандидира за претседател - ќе победит убедливо !!!

Толку од мене на темава!
 
Најмоќната!? Браво бе брат, од каде овие податоци? Најмоќна е државата во која луѓето чекаат ред да купат масло и возат супер модерни ЈУГО, 101 или фиќо? Кое братство и единство, секој од тие околу него гледаше да грабне што повеќе за себе, а Словенците и Македонците во него гледаа само еден окупатор.

Посакувам сеуште да беше жив , за децава сега да видат што значи авторитет кој вреди да се има, што значи харизма која ја обожава целиот народот !

И мртов , некој да го кандидира за претседател - ќе победит убедливо !!!

Добро е да се мечтае, тоа е патот кон ѕвездите!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom