Joomla

  • Креатор на темата vasildb
  • Време на започнување
Член од
12 јули 2008
Мислења
55
Поени од реакции
1
Имам едно прашање, дали можам некако да воведам некој ред кај артиклите за поубава визуелност, пример да има некаква линија што ке ги раздвои или нешто слично... сакам да се знае дека за тој и тој артикл има толку место, а не да ми се проширува во зависност од текстот кој е поставен

молам за помош
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
895
JOOMLA и нејзино користење!

Ок дечки прилично ме заинтригира оваа Joomla-та па сакам да креирам некоја web страна.

Нешто почекпав по нет пред некое време, и има варијанти каде што инсталирате разни Apache, SQL, на вашиот компјутер па да хостирате web страна преку ваш компјутер (под хостирање мислам на поставување а не добивање на .com, .com.mk тоа знам дека оди Марнет).

Ок, во основа ме интересираат овие работи

Пример:

Имам акаунт на Марнет www.nekojaadresa.com.mk
Дали Марнет по автоматизам имаат поддршка за Joomla или мора да се инсталира соодветен софтвер/и (кој подетално е најдобар за тоа), за да може Joomla да функционира. Дали тоа може директно да се има пристап до тој акаунт во форма на FTP или пристапот е поинаков (немам правено веб страна на ваков начин затоа детално објаснување не ќе да е на одмет)
 

SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221
Вака сега друже, малце си ги смешал работите, ама нема веже.
Значи доменот (www.stranata.com) ти е името на сајтот, а хостингот и е просторот за фајловите од сајтот. Е сега, доменот нема никаква врска со тоа што сакаш ти да правиш/инсталираш на сајтот, за тоа е одговорен хостот т.е. зависи што ти овозможува хостот. За да инсталираш Joomla на хостот најпрвин мора да се има инсталирано Apache, MySQL, PHP и phpMyAdmin (без разлика дали станува збор за домашен сервер или купен хостинг со нивни сервер). Е сега, откако хостингот ги содржи потребните работи тогаш за да инсталираш Joomla ќе одиш на сајтот на Joomla (www.joomla.org) ќе ја симнеш најновата инсталација, ќе ја аплоадираш на хостингот (или ако користиш домашен сервер ќе ја ставиш во соодветен фолдер) и потоа ќе ја инсталираш Joomla-та (види на гугл „How to install Joomla“).
E сега за FTP... значи ако станува збор за домашен сервер ондак немаш потреба од FTP клиент, а ако станува збор за купен хостинг тогаш ќе си симнеш FileZila FTP клиент, ќе се логираш на серверот и ќе можеш да ги менаџираш фајловите на твојата сметка на хостингот (информации за FTP логирање ќе добиеш од самата хостинг компанија кога ќе го закупиш хостингот).

Ова би било како општо објаснување за твоето прашање, претпоставувам добро објаснив :)
Ако имаш нешто посебно намерено, кажи што точно планираш за да би можел да ти одговорам поточно и ако има нешто нејасно слободно прашај. :)
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
895
Ок, јасно ми е ова горе за хостирањето, затоа добро потенцирав.

Во основа да дефинирам што ми треба (можеби вака е полесно).

1) Веб место :) www.mojastrana.com.mk (Ја земам од Марнет)
2) Инсталирам Apache,MySQL,PHP,PhpMyAdmin на мојот компјутер
3) Download-ирам Joomla и ја инсталирам на хостот (mojastrana.com.mk)
4) Си барам Template да речеме и тој темплејт го ставам на хостот и од таму со CMS си ја креирам/контролирам веб страната?

Correct?
 

SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221
Корект е само си ги смешал малце работите :)

2) Инсталирам Apache,MySQL,PHP,PhpMyAdmin на мојот компјутер
Во овој случај освен Apache, MySql, PHP и phpMyAdmin ќе треба да кренеш DNS сервер и да го конфигурираш, потоа ќе ги внесеш именските опслужувачи и доменот треба да виде насочен кон твојот сервер. Ова е малце комплицирано осоебено ако имаш динамичка IP адреса.
Ако сакаш ова да го направиш на линукс би можел да ти помогнам, ама за Windows незнам точно како иде делот со DNS серверот.

3) Download-ирам Joomla и ја инсталирам на хостот (mojastrana.com.mk)
Ако е на твој компјутер серверот ондак немора да имаш домен (доменот е само за да ги пренасочува посетителите кон твојот сервер), можеш само да ја ставиш инсталацијата од Joomla онаму каде што ти е root форлдерот на серверот и во адрес барот на прелистувачот да пишеш http://localhost/ и да ја инталираш Joomla-та и одкако ќе ја инсталираш после за темплејт си бараш темплејт... го симнуваш во .zip формат и преку админ панелот го инсталираш. Значи се што ќе се случува со Joomla-та го контролираш преку админ панелот.

Е сега види си дали би можел да се снајдеш сето тоа да го одржуваш на твој компјутер, не е баш лесно башка и твојата конекција е 6 или 10 мегабитна а таква конекција не би можела да издржи многу посетители истовремено онлајн (башка досирање и тие глупости ако му текне на некој)... ако не мислам дека најлесно би поминал да си закупиш хостинг (бар сеа се евтини по 300-400 ден за 6 месеци) ем нема да се замараш со сервери, ем на страната се ќе се одвива многу побро.

Незнам дали бев јасен :\
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Дури седнеш да прочепкаш што каде е, која измена каде да ја направиш за да дојде подсредена, ќе застанам и од 0 ке си искодирам нова страница. И онака не планирате да правите којзнае што нели? Погледнете ја www.motorsport.mk не е џумла, чисто PHP/HTML со MySQL бази на податоци. Средена е во 2 дена се на се (откако се смисли дизајнот). Ако беше џумла, 2 дена ќе беа потребни само да се ориентираш што/како/каде...

Па кога ќе видам дека некои “поасални“ компании (кои што се промовираат како лидери во развој и изработка на web сајтови) користат џумла, е тогаш ми иде да се убијам. Дури имам начекано тие компании да му продадат џумла на трето лице со украден темплејт кој што за употреба треба да се плати, а според она што го гледаш, од авион се познава дека не е платен :toe:

и незнам зошто сите што користат џумла се прават дека не ја користат и го тргаат логото од неа најдолу... а тоа е задолжително.
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
895
Како и да е ептен се шит овие работи. Дур човек не проба практично (а немам баш каде да го пробам тоа и притоа некој да ми објасни) неможи да научи.
 
Член од
12 јули 2008
Мислења
55
Поени од реакции
1
Дечки уште еднаш ке ве замолам, дали постои некаков модул за средување на фронт пејџот? се е во ред, но артиклите не се во ист ред, еден е подоле еден погоре, пробав со во панелот ама нема таква опција за средување

help :toe:
 
Член од
31 јули 2007
Мислења
1.580
Поени од реакции
39
Дечки уште еднаш ке ве замолам, дали постои некаков модул за средување на фронт пејџот? се е во ред, но артиклите не се во ист ред, еден е подоле еден погоре, пробав со во панелот ама нема таква опција за средување

help :toe:
Mini front page by Template plazza

Демо: http://www.sportdenes.com
:smir:
 
Член од
12 јули 2008
Мислења
55
Поени од реакции
1
Го снимив, и ми излегува горе како оние менијата што ми се, значи барам модул кој ке ми направи некоја табела во артиклите на фронт пејџ, пример секој артикл да си има свое делче, едноставно да биде затворен да не се меша со другите, кај тебе е одлично само што мојата страна не е таков стил, ко ТОЧКА е мојата
 
Член од
31 јули 2007
Мислења
1.580
Поени од реакции
39
Го снимив, и ми излегува горе како оние менијата што ми се, значи барам модул кој ке ми направи некоја табела во артиклите на фронт пејџ, пример секој артикл да си има свое делче, едноставно да биде затворен да не се меша со другите, кај тебе е одлично само што мојата страна не е таков стил, ко ТОЧКА е мојата
Разгледај го модулот де :) ќе видиш дека тоа ти требе, независно дали странта ти е стил точка или мочка:smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom