JEETKUNEDO

RadE_Strongest

Field Marshal
Член од
31 март 2009
Мислења
654
Поени од реакции
329
Што дијаметар треба да има ескримата?Должината мислам дека е 60 цм ама не сум сигурен.Сакам да направам денес од оние за тренинг со црево и изолир.Ај некој што знае нека пише точни дименизии,кај да најдам такво црево,колку дебело е итн. колку изолир траки ке ми требаат за 2 ексрими
материјалите можеш да ги најдеш на зелено пазарче, во некоја од продавниците за санитарија и водовод... иначе незнам точно какви се димензиите затоа што кај мене во клуб едно дете ги праи за 250 ден. ( материјалот мислам 200 го фака, и 50 за него) али затоа ПРОФИ ги праи и не се замарам сам да си напраам...
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Одлична си е вештината...јас ја тренирав од многу мали нозе,уште кога повеќето сегашни тренери,беа ученици,ако може така да се каже...бев најмал,ама правев све како нив(колку може да прави точно едно дете од 5-6 години)после се фатив со друг спорт,со него заглавив,и сега почнав пак...се мислев меѓу кик бокс и јкд,али сепак за ова се одлучив...
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Видов си пишал за зацврстување на зглобовите.
Во клубот кај што тренирам (Wing Chung) има ставено wall bag кои според мене се најефикасното нешто затренира не на зглобовите, дланките и цело тело за удари. Буквално се закачуваат на ѕид.
И ова му доага многу блиску до начинот на кој тренираат шаолинците бидејки го приспособуваш целото тело на ударот кој го пласираш.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
704
Поени од реакции
260
Одлична вештина,а најважо и филозофија..се во едно и прилагодена за секој и секаков вид на борба,штета што мораше да прекинам поради бодибилдинг.
 
Член од
24 јуни 2009
Мислења
310
Поени од реакции
124
знае ли некој што се вежба во почетниот степен?
 

Iµµortal

사범님
Член од
26 јули 2011
Мислења
711
Поени од реакции
387
знае ли некој што се вежба во почетниот степен?
вежбаш техники и малце спаринг понатака во другите степени имаш доста спаринзи и техники со нож и ескрима и спаринг со нож и ескрими
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Интересни работи поврзани со ЏКД кратка историја, текст за иноваторот, правила во врска со ЏКД борбата и слично, не видов во темава никаде вакви работи..
Едноставноста е најбрзиот пат до успехот, па затоа ЏКД делува брзо и едноставно и во реална ситуација ги применува сите оние техники што се најреални и во моментот најпрактични.
Карактеристика за ЏКД е да се применат само оние техники (движења, удари, напади и одбрани) кои во моментот најбрзо и најлесно ке ни помогнат.
ЏКД му дава предност на одсуството на облик, на форма, зашто тогаш ги зема сите техники што му се потребни за да ја постигне целта. ЏКД не признава форми и кати,туку делува во зависност од ситуацијата. Увежбувањето на разни шаблони е контрапродуктивно. Увежбувањето на одредена техника е сосема нормална работа, но тие да се изведуваат секогаш по одреден шаблон е непрактично. Нашиот ум секогаш ќе го изфрли на површина она што го има највеќе тренирано. Особено тоа важи за реална и често пати конфузна ситуација на “уличен” напад.
Во Џит Кун До важи една мудра изрека „Доволно е доволното“. Примени ги оние техники кои се доволни и потребни за одреден напад, немој да применуваш техники кои се убави за око затоа што можеби после “конкретниот” напад ќе бидеш тешко повреден или убиен.
Додека некој вежба ЏКД мора да биде динамишен, активен, но во реална борба мора да биде смирен. Секогаш кога се увежбуваат техниките, тие се увежбуваат реално, со реална брзина и сила, затоа што само така нашиот сложен ум ќе ги примени техниките што сме ги увежбувале.
ЏКД не се занимава како би не нападнал некој во реална ситуација, туку оди директно во јадрото на проблемот и се брани и напаѓа на најприроден начин, ослободен од сите стеги на традиционалните сваќања како во другите боречки вештини. Го зема она што му е потребно и го отфрла она што му пречи, така на некој начин формира свој систем на борба.
ЏКД не се занимава со убави техники за око, односно не се труди да воодушеви некого, туку да ја заврши работата на најбрз и најефикасен начин. Влева реална самодоверба во оној кој го вежба, наспроти лажната самодоверба која се добива од традиционалните стилови.
ЏКД го принудува вежбачот да размислува и да си ја прилагоди вештината на своите потреби и можности за да биде природен, а не да го стави во стеги и да го принудува да се одредува вестачки по одредени шаблони.
Џит Кун До-то е како вода, значи исто како што водата се прилагодува на садот во кој е ставена , така и вештината се прилагодува на настанатата ситуација. Во една изрека се вели: „Со прст ќе ти покажам кон небото, но не се фокусирај на врвот на прстот зошто ќе ја испуштиш целата убавина на небото.“ Така и ЏКД е еден вид патоказ на патот кон самооткривање и саморазвивање.
Многу вежбачи сакаат нешто повеќе и нешто различно секој ден, секој тренинг, но не ја сфаќаат суштината на основните движења и техники. Ако градите куќа и ако темелите се слаби, колку и да е скапа и убава таа куќа нагоре, секогаш ќе постои можност при најмал потрес таа да се сруши. Знаци во ЏКД основата е најважна, а не атрактивните техники. Без форма не значи дека немате ни една форма, туку дека ги поседувате сите форми, без пат не значи дека немате ни еден пат, туку дека ги имате сите патишта и можете да го изберете најкраткиот и најприлагодниот за Вас пат.
Во ЏКД нема ништо измислено, туку претставува еден систем на техники позајмени од многу боречки вештини кои веќе постојат и се комбинирани така да дадат најдобар резултат во дадена ситуација.
Не се работи на тоа да се стекнуваат нови работи, туку секојдневно да се отфрлаат непотребни работи кои го оптеретуваат вашиот ум и го попречуваат во неговото делување. При вежбањето на боречките вештини има неколку „болести“ и тоа се: желбата да се победи, желбата да се покаже она што сте го научиле, желбата да се преплаши противникот итн. ЏКД ве учи тие болести да ги излечите. Уметноста живее онаму каде што е слободата, а токму тоа е ЏКД.
Секогаш имаме повеќе доверба во она што го имитираме, одколку во она што сами најприродно би го извеле. ЏКД ве учи да ги следите принципите, но не по секоја цена да ја „имитирате“ техниката, затоа што имитирањето не е лично искажување, туку шаблон, рутина, а рутината е лоша работа во боречките вештини. За да бидеме нешто повеќе од она што сме, треба прво да сме свесни што сме сега.
ЏКД представува оружје за совладување на сопственото его, сопствените емоции. Ако нападот е најдобра одбрана, Ве учи во конкретна ситуација први да нападнете и на тој начин да се одбраните.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom