JAZZ NOIR, DARK JAZZ, DOOM JAZZ...

Член од
26 јануари 2009
Мислења
8.163
Поени од реакции
9.376
Овој музички правец може да се сретне под повеќе имиња, ако и воопшто може да се издвои како музички правец. Современите слушатели веројатно би го опишале како down-tempo jazz форма. Музиката е најмногу инспирирана од саундтраците на крими ноар филмовите од 40 тите и 50 тите години од минатиот век, па веројатно од таму и епитетот ноар џез. Кога се направени први неофицијални снимки не може никој да каже, па така како зародиш на овој музички правец се зема албумот на Мајлс Дејвис направен за филмот Ascenseur pour l'échafaud


иако во тоа време поимот џез слободно си можел да го изедначиш со хероин, па според мене од таму и нотите на меланхолија и бавните ритми во самата музика, неговите пионери најчесто под дејство на опијати ја креирале музиката со тој типичен mellow sound. Исто референци на оваа музичка форма има и во meditations на John Coltrane. Како најистакнати претставници на овој музички жанр се германците Bohren & Der Club Of Gore со двата за мене најдобри албуми



нивната музика се состои од down-tempo инструменталки кои ги изведуваат на синтисајзери, саксофони, пијано и драм машини на најнизок можен bpm.

Останати истакнати претставници на жанрот(иако ми е тешко да го наречам жанр пошто лесно може да пројде и ко амбиент/дарк амбиент)





па слободно постирајте музика со слични наративни способности ако се наоѓате во делата на некои од погорните артисти
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
13.787
Поени од реакции
28.955
Кога ја видов темава, прва песна шо ми падна одма на ум беше ова.

 

Almeida

гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
6.202
Поени од реакции
13.293
Прекрасна тема.

Ако добро ја разбирам „каталогизацијата“, мислам дека целиот „Bitches brew" на Miles влегува во овој опис. Chick Korea го свири електричното пијано на целиот албум...и цела група генијалци свират Herbie Hancock, John McLaughlin... Веројатно најкомплексниот албум на Мајлс, револуционерен по многу параметри. Многу не-слушачи на џез и по-интелигентна музика (без увреда), би го окарактеризирале како „напорен, џаначки, психоделичен“ (и други безвезни придавки би му дале), но за мене е многу атмосферичен и често го пуштам кога имам работа и ми треба концентрација. Не е нешто што се слуша у lounge со виски....посебно би ги издвоил Spanish key и Bitches brew, која забегава во оригиналната верзија скоро пола саат...

 
Член од
18 јули 2018
Мислења
564
Поени од реакции
1.973
Јас би додал уште два албуми на Мајлс, In a Silent Way и Get Up With It. Вториов посебно треба да биде спомнат на темава, еден од неговите најпотценети албуми. На моменти се граничи и со амбиентална музика, како во тракава што ќе ја постирам.


In a Silent Way е снимен со истата екипа како Bitches Brew, со единствена разлика што е доста посмирен од Bitches и со него почнува тој таканаречен „електричен“ период од кариерата на Мајлс, каде што според мене ги снима не само неговите најдобри албуми, туку и општо едни од најдобрите џез албуми во историјата.


Инаку, @Almeida обавезно да го слушнеш The Complete Bitches Brew Sessions, собрани е се што снимиле на тие сесии, а исто има и The Complete In a Silent Way Sessions, истиот концепт само за другиов албум.
 
На врв Bottom