Јавно Сообраќајно Претпријатие

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemorosus
  • Време на започнување Време на започнување

Nemorosus

Маршал Изет Фазлиновић
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.598
Поени од реакции
628
Локација
Југославија
Што мислите за автобусите на ЈСП? На прв поглед, искрено не се нешто специјално, но кога рачунате дека се возат преку 30 години, тоа е веќе нешто.
Trol_%C5%A0koda-Sanos_S_200Tr_Brno.jpg

Шкода Санос С200Тр (Тролејбус)
4427319775_ea7ffaf94f_z.jpg

Brno,_%C5%98e%C4%8Dkovice,_depozit%C3%A1%C5%99_TMB,_%C5%A0koda-Sanos_S200Tr_(interi%C3%A9r).jpg

Погоре сите се тролејбуси, што за жал ги нема во Македонија :)

Овој автобус е југословенски производ, или македонски поточно 9ФАС - 11 Октомври - Скопје) со електроника од чехословенската Шкода.

Потоа имаме Ikarus-Zemun што не е чешкиот Икарус, туку со југословенско, поточно српско потекло.
zemun_5.jpg

10032.jpg


Слободно дополнете ме, поправете ме и така натаму. Темава е за дискуија за автобусите погоре, а и за новите на ЈСП што мене не ми се на мерак. Се возев во нив и добри се, но веќе почнаа да шкрипат, и се тоа. Јас мислам дека постарите автобуси ако биле одржувани како што треба, ние би биле најсреќните луѓе :)
 
Ова е повеќе тема за САНОС отколку за ЈСП :) Така што може да се преимени темата...и нека се префрли во автомобилизам и мотоциклизам

Интересно. Не знаев дека Санос и Шкода соработувале на времето.

И еве некои идејни решенија што мислам се далеку подобри од кинеските и украинските

sanos3jt9.jpg

sanos1qp9.jpg
 
Немаат смрт овие тенкови стариве еј. :)
 
Иначе нашите автобуси, во Македонија се поточно овој модел (за Саносот):
2cyf9yc.jpg

LPP_152i.jpg


Еве уште еден ФАП-Санос за меѓуградски линии:
i187909.jpg


Иначе јас се возам со 57мица за во школо, и има само една што е навистина прекрасна, хармониката што ги спојува двата дела свети портокалово како на погорната слика (првата), автобусот е баш нов! Дали го одржуваат премногу, или дали е пуштен сега после 20 години јас незнам, но најдобри забелешки за него. Кога се возите во него, не се чуствува тоа шкрипење, и амортизите се толку меки... Ау, ау, милина! А звукот, да не зборам. :)
 
При бидејќи темата „Рамноправност во ЈСП“ е затворена, овде ќе го постирам ова:

Поскапуваат билетите на ЈСП


Иако, новиот возен парк на јавното сообраќајно претпријатие не требаше да поведе со себе зголемување на цената на билетите, бидејќи како што изјавуваше директорот, Мишо Николов, новите возила ќе ги намалат трошоците за тековното одржување, сепак, поскапува услугата на јавниот градски превоз. Цената на билетите кои се продаваат кај возачот во автобусот, од 30 денари се покачува на 35. Билетите купени од билетарница, наместо 25 ќе бидат 30 денари, а билетот за 10 возења во градските линии, од 230 денари, се покачува на 250 денари. За приградските линии, билетот за 10 возења од 280 на 300 денари. А, цената на претплатните месечни билети, за студенти, за возрасни и за пензионери останува иста.
Причината за поскапувањето е поврзана со поскапувањето на нафтата и нафтените деривати во изминатите две години.
- Најголема причина е поскапувањето на цената на нафтата. Во 2009 година, во ноември, цената на дизел горивото изнесуваше оклолу 50 денари, денес е 68 денари, а трошоците за нафта се движат од 30 до 35 проценти од трошоците на ЈСП. Како друга причина за покачување на цената е одржувањето на новите автобуси и санирањето на штетите од вандалското однесување на несовесните граѓани. А за да ги заменуваме оштетените делови потребни се дополнителни финансиски средства - вели директорот Николов.
Според покачувањето на цената на билетите, од ЈСП очекуваат од 20 до 40 милиони денари приход на годишно ниво.
Градскиот советник од СДСМ, Александар Наумовски, смета дека дополнително поскапување на цената на билетите не треба да има, бидејќи ЈСП, како загубар, добива големи суми годишни субвенции, а единствен проблем што треба да се реши е да се намали превработеноста во претпријатието.
- Срамно е, ЈСП како најголемо галениче на Градот од 2009 година па наваму, да ги поскапува билетите, иако субвенциите што ги зема се пресметуваат во милиони евра. Покрај сите донации, вклучувајќи ја и набавката на новите автобуси, претпријатието да не работи рентабилно. Во ЈСП има превработеност и очигледо е дека претпријатието функционира како биро за вработување на кадри на ВМРО-ДПМНЕ - реагира Наумовски.

превземено од: http://www.plusinfo.mk/vest/22615/Poskapuvaat-biletite-na-JSP-

Епа тражили сте гледајте. Пензионерите не се возат џабе, изгледа ние (ќе) им плаќаме.
 
Нафтата беше скапа пред неколку години и тоа беше причината да ги зголемат цените од 25 на 30 денари, потоа истата поевтини, а цените останаа исти. Ете сега нафтата повторно е причината за зголемување на цените од 30 на 35 денари.

Можат само некој неписмен да лажат со овие податоци што ги извадиле за последниве 2 години...
 
Ништо, офарбајте се сите седи во косите, не пијте вода толку често за да ви се исуши кожата, фалц ЛК и идеме и ние во вторник и петок.
 
Затоа јас си се шверцам,иако се убавки новите автобуси мислам дека се поквалитетни старите ама им треба одржавање и новиве автобуси не се за нас ,не ме собира во двокатните,морам да стојам искривена :)
 
Нафтата беше скапа пред неколку години и тоа беше причината да ги зголемат цените од 25 на 30 денари, потоа истата поевтини, а цените останаа исти. Ете сега нафтата повторно е причината за зголемување на цените од 30 на 35 денари.

Можат само некој неписмен да лажат со овие податоци што ги извадиле за последниве 2 години...
јсп и нивниот начин на работење не ме интересира. не се возам со нив околу 14 години. наречете ме луд поради приината ама еве ја: татко ми погина под тркалата на еден автобус на јсп во скопје и од тогаш се зареков дека нема да се возам... НО!!!! за какво поевтинување на нафтата збориш? беше 40, поскапе до 70, тоа е поскапување од околу 85% за многу кус период тогаш јсп дигнаа за 5 денари, т.е. од 25 на 30 а тоа е поскапување помалку од 20% ...???? па навтата поевтини на околу 55 што компарирано со претходната цена доведува до финална цена од 40 на 55 што доведува на округла бројка од околу 30% т.е. повеке од колку и поскаувањето на билетот т.е. за некој процент повеке поскапе навтата одкако завршија тие турбуленции со горивото...

што значи дека поскапувањето на билетот е правилно, точно и реално дури и помало исто како и сега. дај ако не нека возат со загуба само да не поскапат, а од друга страна инвестиција во нови автобуси. да потсетам дека цело време се збореше дека возат стари крнтии, кршови и цената била ваква онаква и незнам каква... еве сега нови бусови и нова цена нормално...

кога сме кај јсп и нивните цени, на пример не ми е реална цената за жичарата на водно... плус ако не сте информирани, нај новот е дека билетот за жичарата е во еден правец. доколку се качите горе и сакате да се вратите назад, сепак ке ви треба уште еден билет. значи за 4 особи да се качат ке им треба 400 денари... е тоа е веке претерано, кога ке се земе предвид дека жичарата има еко електричен мотор со голем редуктор. тоа е ептен не реално...
 
Затоа јас си се шверцам,иако се убавки новите автобуси мислам дека се поквалитетни старите ама им треба одржавање и новиве автобуси не се за нас ,не ме собира во двокатните,морам да стојам искривена :)
:eek: Сакаш да се одржуваат уште 50 години, па да славиме после 100 години исти автобуси... :facepalm:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom