Демек нема информации за тоа, нема апи, не може да да се најде што и како е.
Друже, API и имплементација се две тотално различни работи.
А што ќе му е на било кој код од оперативен систем? Во кои случаи такво нешто би ти било потребно?
Прави си сам кернели и заебавај се колку сакаш.
Зашто би измислувал топла вода повторно? Зашто да правиш кернел сам од нула и да го трошиш времето на развој на нешто што веќе е развиено.
Наместо тоа, можеш да продолжиш да работиш онаму каде што застанал претходниот.
Типичен и успешен пример за тоа е Линукс кернелот. Имаш стабилна и сигурна основа која што од многу компании околу светот понатаму се специјализира за одредена потреба.
Линуксашите се навикнати дека мора да е тешко да се подигне системот и затоа немаат ни време нити волја да сработат нешто во него.
Како тоа, тешко да се подигне системот? Сигурен сум дека не сум те разбрал добро тука... те молам, објасни што сакаш да кажеш.
да си се зеза со аутсорсинг и слично, нема ништо лошо во користење на пиратски верзии.
Не би рекол дека аутосорсингот е зезање. Прилично голем бизнис е низ цел свет, вклучувајќи ја и Македонија.
До секое ниво на оперативниот систем можеш да пристапиш, ако ти е по кеиф и асемблер имаш муабети си со регистри.
Абе види, можеш и воопшто без оперативен систем да функционираш, нели? Пиши мини кернел во асемблер, пиши го целиот И/О, графички и све околу систем директно во асемблер и продолжи натаму да работиш...
Упс.. чекај... колку ќе кошта ова да се развие? Кој ќе го користи софтверот кој што не е компатибилен со ништо на светов?
Ме сфаќаш? :smir:
Има луѓе кои си заработуваат и со работа во пхп и јава и пајтон.
Има луѓе кои си заработуваат и со работа на пазарче со продавање пиперки.
Мене муабетот ми беше што е и иднина, плус и што е барано во Македонија (договор со Мајкрософт).
Што е барано во Македонија е максимално небитно, пошто Македонија не е ни пазар за софтвер, па камо ли да го квантифицираш како мал пазар.
А, што е иднина? MS упорно паѓа надоле. Онаму каде што е најјак моментално, десктоп OS & Office, пазарскиот удел му опаѓа... друго било што (веб, мобилен и сл.) ... таму не ни парира на лидерите.
Сеуште е страшно јак, тоа е факт кој што само слеп човек не би го видел, но не би се кладел дека таму е иднината.