Најдобра е Java-та гледајќи од овој на долгорочност. Малку е потешка да се совлада од другите, но е една од најмоќните алатки за развој на брзи и скалабилни web, desktop апликации.
Во сите други технологии можеш истото да го развиеш, во голем дел и за помалку време, ама ќе функционира за мал број на податоци, ќе биде ограничено на одредени технологии, проблеми со компатибилност и многу други ситници што може да ти се појават ако твојата веќе завршена апликација ја преместиш на нова верзија на технологијата. Тоа во Java нема да ти се случи, освен ако не земеш некој клон од платформа како на пример, Play. Ако се држиш за де-факто стандардите тогаш немаш проблем.