Java vs .NET

SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221
Од било каде, од секој торент сајт.
Пробај.
До крајот на 2010 рекоа дека и когот ќе го отвараат за да моеш да го модифицираш по мерка, божем да било по-јузер френдли.
Побарај низ сајтот на мајкрософт сигурно некаде има повеќе детали. :)
 

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Па има некоја разлика од DOS или Windows. Windows тие е DOS со GUI, и плус редица багови и крадени идеи од MacOS и Linux
Епа тоа де... кодот на тие багови не се дава така лесно :pos:
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
До крајот на 2010 рекоа дека и когот ќе го отвараат за да моеш да го модифицираш по мерка, божем да било по-јузер френдли.
Побарај низ сајтот на мајкрософт сигурно некаде има повеќе детали. :)
Демек нема информации за тоа, нема апи, не може да да се најде што и како е.
А што ќе му е на било кој код од оперативен систем? Во кои случаи такво нешто би ти било потребно?
Прави си сам кернели и заебавај се колку сакаш.
Не знам која е поентата на тоа и што има да докаже некој со тоа што ќе направи некое копче или драјвер за опскурен принтер.
Линуксашите се навикнати дека мора да е тешко да се подигне системот и затоа немаат ни време нити волја да сработат нешто во него.
 

SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221
...
А што ќе му е на било кој код од оперативен систем? Во кои случаи такво нешто би ти било потребно?
..
Кажи ми една добра причина за да се трудам да ти објаснам зашто би ми бил потребен сорсот од некој софтвер имајки во предвид дека што и да кажам ти пак ќе запнеш дека тоа е безвезе, дека тоа тоа само „набилмани“ муабети или што ја знам што.
На крај пак ќе ги извртиш работите дека Windows (.NET) е The one and the only.

Иначе, ти... програмер си или збориш на памет здраво за готово ?
Ако си програмер, програмираш, развиваш сфтвер... од тоа опстојуваш финансиски, така ?
Ако е така, ондак зашо користиш торенти, зашто не ја платиш работната околина и сите останати дрангулии (или пак ако ти користиш лиценциран софтвер тогаш зашто шириш „свест“ на пиратерија) ?
Тебе да не ти платат за тоа што си го сработил што би направил ?

Значи да не дојде до недоразбирање, немам ништо против тебе, само сакам реален муабет за она што го кажуваш ти и она што го кажувам јас.
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Кажи ми една добра причина за да се трудам да ти објаснам зашто би ми бил потребен сорсот од некој софтвер имајки во предвид дека што и да кажам ти пак ќе запнеш дека тоа е безвезе, дека тоа тоа само „набилмани“ муабети или што ја знам што.
Значи да не дојде до недоразбирање, немам ништо против тебе, само сакам реален муабет за она што го кажуваш ти и она што го кажувам јас.
Па нормално е секој оној кој сака да работи и да го направи тоа во името на фирмата во која работи, да биде истото лиценцирано. Бидејќи има казни, колку се спроведуваат не знам, но си пазат, дури и нашите фирми да си имаат продукти кои се во духот на новото време.
А за човек да си учи и да си се зеза со аутсорсинг и слично, нема ништо лошо во користење на пиратски верзии.
И така ако имаш пласман ќе ти ја средат каде си ја дал.
А да, би сакал да знам за која потреба би му требал на некого сорс од оперативен систем?
Од сите можни начини за некој да сработи нешто, оваа потреба ми е некако најнепотребна.
До секое ниво на оперативниот систем можеш да пристапиш, ако ти е по кеиф и асемблер имаш муабети си со регистри.
Има луѓе кои си заработуваат и со работа во пхп и јава и пајтон.
Мене муабетот ми беше што е и иднина, плус и што е барано во Македонија (договор со Мајкрософт).
 

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Демек нема информации за тоа, нема апи, не може да да се најде што и како е.
Друже, API и имплементација се две тотално различни работи.
А што ќе му е на било кој код од оперативен систем? Во кои случаи такво нешто би ти било потребно?
Прави си сам кернели и заебавај се колку сакаш.
Зашто би измислувал топла вода повторно? Зашто да правиш кернел сам од нула и да го трошиш времето на развој на нешто што веќе е развиено.
Наместо тоа, можеш да продолжиш да работиш онаму каде што застанал претходниот.
Типичен и успешен пример за тоа е Линукс кернелот. Имаш стабилна и сигурна основа која што од многу компании околу светот понатаму се специјализира за одредена потреба.

Линуксашите се навикнати дека мора да е тешко да се подигне системот и затоа немаат ни време нити волја да сработат нешто во него.
Како тоа, тешко да се подигне системот? Сигурен сум дека не сум те разбрал добро тука... те молам, објасни што сакаш да кажеш.

да си се зеза со аутсорсинг и слично, нема ништо лошо во користење на пиратски верзии.
Не би рекол дека аутосорсингот е зезање. Прилично голем бизнис е низ цел свет, вклучувајќи ја и Македонија.

До секое ниво на оперативниот систем можеш да пристапиш, ако ти е по кеиф и асемблер имаш муабети си со регистри.
Абе види, можеш и воопшто без оперативен систем да функционираш, нели? Пиши мини кернел во асемблер, пиши го целиот И/О, графички и све околу систем директно во асемблер и продолжи натаму да работиш...
Упс.. чекај... колку ќе кошта ова да се развие? Кој ќе го користи софтверот кој што не е компатибилен со ништо на светов?
Ме сфаќаш? :smir:

Има луѓе кои си заработуваат и со работа во пхп и јава и пајтон.
Има луѓе кои си заработуваат и со работа на пазарче со продавање пиперки.

Мене муабетот ми беше што е и иднина, плус и што е барано во Македонија (договор со Мајкрософт).
Што е барано во Македонија е максимално небитно, пошто Македонија не е ни пазар за софтвер, па камо ли да го квантифицираш како мал пазар.
А, што е иднина? MS упорно паѓа надоле. Онаму каде што е најјак моментално, десктоп OS & Office, пазарскиот удел му опаѓа... друго било што (веб, мобилен и сл.) ... таму не ни парира на лидерите.
Сеуште е страшно јак, тоа е факт кој што само слеп човек не би го видел, но не би се кладел дека таму е иднината. :toe:
 
Член од
8 октомври 2011
Мислења
65
Поени од реакции
48
Според вас која технологија е подобра за развој на веб апликации?
 
B

BrunoFresh

Гостин
Нема споредба. Која што знајш да ја работиш, таа. И двете ако знајш да ги работиш и двете се добри. Само нормално постојат маани и кај двете.
 
L

Luki Junior

Гостин
Зависи шо сакаш...
Со асп.нет имаш се под една капа, плус имаш една од најарните ИДЕ...

Џавата има доста добри Контејнери и Хендлери...

пхп е малку тегав ако сакаш МВЦ, ама има доста добри фрејмворкс шо поддржуват, плус имаш објекти исто како у претходните 2...
Најного ме дразне е шпагетите, мешавина на ХТМЛ со ПиЕјчПи... Ама јаде се, ако знааш шо прааш, и да ги ограничеш тија нешта до миниум...
И малко повеќе временце требе додек да усогласеш сите технологии да ти работат заедно....
Ако имаш large scale application, знај оти кај ПиЕјчПи е линеарно, и ако го дистрибуираш на повеќе системи имаш synchronization overhead. :)
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Според вас која технологија е подобра за развој на веб апликации?
Најдобра е Java-та гледајќи од овој на долгорочност. Малку е потешка да се совлада од другите, но е една од најмоќните алатки за развој на брзи и скалабилни web, desktop апликации.
Во сите други технологии можеш истото да го развиеш, во голем дел и за помалку време, ама ќе функционира за мал број на податоци, ќе биде ограничено на одредени технологии, проблеми со компатибилност и многу други ситници што може да ти се појават ако твојата веќе завршена апликација ја преместиш на нова верзија на технологијата. Тоа во Java нема да ти се случи, освен ако не земеш некој клон од платформа како на пример, Play. Ако се држиш за де-факто стандардите тогаш немаш проблем.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom