Македонската, и не само македонската финансиска олигархија си има кај нас пуштено длабоки корени секаде каде што почувствувала дека има потреба од тоа. Во средина која е подложна на корумпираност, градењето систем врз основа на манипулации, грабеж, обезвреднување на сите вредности и негово одржување - не е тоа толку тешка работа. А е страшно профитабилна. Сакам да кажам дека системот кој (не) функционира кај нас е големиот проблем. А изчезнувањето на една фигура не решава проблем, кога имаме сериско производство тренирани дудуци од сите видови и типови, од сите партиски, верски и невладини организации.
Јанко и преостанатото фино друштво кое привлекува толку големо внимание, како и сите оние прекрасни реални шоуа и индиско-турски спектакли, се рефлексија на вкусот, навиките и очекувањата на нивните поразително бројни конзументи-шупаци. Тоа се оние добро издресирани корисни идиоти кои подржуваат сешто или секого, оти им е кажано дека така треба, но кои немаат ама баш никаков ќар од тоа што изигруваат шрафчиња во еден механизам составен со цел да обезбеди, да осигура и да заштити еден незначително броен слој, кој катапултиран на врвот од туѓата глупост ќе истера еден успешен и богат живот со можност за уште едно продолжение. оти и нивните деца треба со нешто да се занимаваат.
Во основа, не е важно кој ја шупчел РМ порано, или во моментов, затоа што следниот кој чека на ред сака да го направи ама баш истото. Без кондом. Оти му се може и му се сака. А и на народов гледам дека некако му се заслади.