Јадете ли алва?

  • Креатор на темата Креатор на темата Fabullous_178
  • Време на започнување Време на започнување
Ни јас не сакам алва! Рецептот од мајка ти ќе може да го препишеш и да го објавиш? :smir:

Еве го..
Кило ипол вода
700грама шеќер
2 филџани зејтин
2 ванили
(сето тоа треба да се зоврие...) па се става 500 грама гриз
100грама кокос, и на крај какао....

е сеа мама ја праи пола црна пола бела така што...смесата ја дели на 2 дела..и белиот дел иде горе ..( а во другиот става какао и тој иде горе) добар апетит...:helou:
 
Многу ретко, само кога ќе треба да се пости и кога ќе нема ништо друго :)
 
Не сум пробал едно 3-4 години
 
Ја има една мислам црна алва беше, ептен ми е вкусна. Ама премногу е блага алвата, затоа не ми се допаѓа многу.
 
нека ви направат по дома женките или мајките - гејска домашна алва- нешто слична е по состав со онаа погоре на НеоН

Xalvas-simigdalenios.jpg


1 чаша за чај масло + 2 лажици путер
1 чаша чаена ситно мелен гриз
1 чаша чаена по грубо мелен гриз
2 ½ чаши чаени шеќер
4 чаши чаени вода
½ чаша чаена суво грозје (црно)или бело ;)
½ чаша чаена печени бадеми
1 лимон
рендана кора од 1 портокал
2 лажици мали цимет

P1030968.JPG

Во сад ставате водам шеќер, лимонов сок, кората од портокал и варите додека се растопи шеќерот.
Во тава ставате масло и кога ќе се загрее го додавате гризот и го мешате со дрвена лажица додека не порумени ( да стане кафен) му ги додавате бадемите и сувото грозје и го тргате настрана .Во него додавате од шербетот постепено .пак го враќате на оган и мешате додека не почне да се одлепува- двои од ѕидот на садот. На крај се додава канелата .Потоа се истура во намастен калап и причекувате дур не се излади целосно
еееее, после тоа пробај:icon_lol:
 
за вакво нешто рецепт знаете :Dво грција ваква сум јадел ваква и сеа ја најдов како Χαλβάς Φαρσάλων
%CF%87%CE%B1%CE%BB%CE%B2%CE%B1%CF%82.jpg
100451-xalvas.jpg
 
за вакво нешто рецепт знаете :Dво грција ваква сум јадел ваква и сеа ја најдов како Χαλβάς Φαρσάλων
%CF%87%CE%B1%CE%BB%CE%B2%CE%B1%CF%82.jpg
па оваа е наместо со гриз- со густин правена - затоа е и таква пивтиеста
 
па оваа е наместо со гриз- со густин правена - затоа е и таква пивтиеста
изглеа пошто со гриз имаме пробано и не искочи ко ова.Ако знаеш грчки преведи некој рецепт за чудово:D поубаво ми е од алвава кај нас.
 
изглеа пошто со гриз имаме пробано и не искочи ко ова.Ако знаеш грчки преведи некој рецепт за чудово:D поубаво ми е од алвава кај нас.
па нема ништо специјално
пишува дека потребно е
2/3 чаена чаша шеќер(за карамелот)
1 чаена чаша шеќер
1/3 чаша масло
1 чаша густин(нишесте)
2 чаши вода (студена)
бадеми несолени и лупени

http://wwwcookwithelena.blogspot.ru/2012/05/blog-post_11.html
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom