Ја признавате ли грешката, и ја прифаќате ли одговорноста?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
277
Возраст
38
Да мислам дека насловот на темата кажува се:

Во случај на грешка, ја признавате ли грешката, или вешто сакате да го прикриете пропустот?

Можете ли да се соочите со грешките свои?

И кога ќе се соочите со грешката, имате ли доблест да ја прифатите одговорноста и да признаете дека грешите?

Колку често пропустот го префрлате на друг човек?


Колку сте доблесни да признаате дека вие сте ја направиле грешката, да се извините и да побарате уште една шанса?

Ги оправдувате своите грешки, живеете со мотото “Кој работи греши“?

Грешките ги прифаќате како секојдневие-составен дел од работата или пак како неуспех?

Грешките се причина за разочарување или дополнителен мотив да се биде подобар?


 
Си ги признавам, грешките и ако можам ги поправам и си ја сносам одговорноста.


Но мослам дека и ти си згрешил што темава си ја ставил во Политика и Вести, мислам дека не и е место тука туку во Општи муабети.
 
Во случај на грешка, ја признавате ли грешката, или вешто сакате да го прикриете пропустот?

~ Кога грешам,признавам дека сум згрешила.Пропустот е направен и залудно е да се крие.Значи зборам за поозбилни работи,не како од типот се скршил упаљачот и го фрлаш во канта,во смисол не постоел.
Човечки е да се греши,не сум совршена,иако некогаш тешко ми паѓа кога ќе згрешам.


Можете ли да се соочите со грешките свои?

~ Не е дека не можам да се соочам.Тоа е тоа,нема бегање од реалноста.Нема ниту машина за да се вратам назад и да си ја исправам грешката,така да кога тогаш човек мора да се соочи со тоа што го направил.
Додуша некогаш е тешко да се прифати фактот дека сме згрешиле,еве барем кај мене конкретно,и за најмала грешка знам да си ја тупам главата со денови.

И кога ќе се соочите со грешката, имате ли доблест да ја прифатите одговорноста и да признаете дека грешите?

~ Па,во принцип не сакам многу да признавам дека грешам и дека не сум во право,сепак тоа ми е во природата - Бик сум.:)
Но,конкретно кога се работи за некоја работа,која што е битна или проблем кој што мора да се реши,не можам да бегам од одговорност.Можеби ко помала знаев да забушавам и да изнаоѓам секакви причини зашто сум згрешила,но веќе нема простор за избегнување одговорност.Шта је,ту је.Главата горе,гледам колку - толку да ја исправам грешката (во зависност од нејзината сериозност и големина) и одиме на наредниот предизвик.

Колку често пропустот го префрлате на друг човек?
Колку сте доблесни да признаате дека вие сте ја направиле грешката, да се извините и да побарате уште една шанса?

~ Пак ќе речам,патам од преголема одговорност.Дури сум претерано одговорна,што честопати ми смета. Постојано гледам да нема грешки,но ако се случи и ако јас сум виновна,ја презимам одговорноста за грешката на мојот грб,бидејќи јас сум била виновна.Пак ќе речам кога човек е понезрел и помлад,секогаш другите му се криви или околностите биле такви,дури и објективно гледано кога тоа не е така.

Ако реално сметам дека е потребно извинување,се извинувам.Па нема да ми падне “круната“ ако се извинувам,особено ако сум нанела штета некому со мојата грешка.
Се надевам и на позитивен фидбек од другата страна.Секој заслужува втора шанса,особено ако човекот се извинил и му е жал за неговата грешка.

Ги оправдувате своите грешки, живеете со мотото “Кој работи греши“?

~ Е тука сум неодлучна.Не знам.Најчесто премногу си ги зимам работите за срце и покрај тоа што знам дека е нормално да се прават грешки,ако направам грешка веднаш помислувам дека сум неспособна или смотана или ваква -таква.И дури и да се работи за најмала грешка,јас ќе си го тупам мозокот и ќе се нервирам.

Грешките ги прифаќате како секојдневие-составен дел од работата или пак како неуспех?

~ Како неуспех,дефинитвно.Реков погоре, претерано сум одговорна и сакам кога правам нешто тоа да биде во најдобар ред,така да ако се збунам,тропнам глупост,направам нешто што не треба го доживувам тоа како личен неуспех.
А што е најинтересно свесна сум,дека не може секогаш се да биде совршено.А сепак се нервирам и премногу тумачам околу тоа што ,како и зашто.

Грешките се причина за разочарување или дополнителен мотив да се биде подобар?

~ Што знам, обично треба да го мотивираат човекот,да го фати инат, да рече - е за инает ќе го направам тоа.
Но,кај мене е обично причина за дополнително разочарување од самата себе.Готово,мислам дека светот пропаѓа ако направам некоја грешка.
Не,не ме разбирајте погрешно,не сум перфекционист.Всушност далеку сум од тоа,но некако како грешките кои ги правам да се причина за да не верувам доволно во себе и да се разочарувам и мојата самодверба да иде се подолу и подолу.
Некогаш се чувстувам како да не си дозволувам сама на себе да се опуштам,да бидам смирена,да уживам.Се некако мора да биде како што треба.

Ова сега што го кажав,не го кажав со најдобри зборови,зашто не знаев како да се изразам.:)
Се надевам дека горе доле ме разбравте што сакав да кажам.

П.С. Сега си го видов потписот,кој што е во склад со темава.:)
 
Да секогаш си ги признавам грешките и тие што можам се обидувам да ги поправам.
 
Да се биде голем значи да бидеш искрен. Најпрвин биди искрен кон себе си и за сите грешки во животот првин преиспитај се себе си, потоа испитај ги и постапките на другите.
Ако си ти виновен прифати ја грешката, барем тебе ќе ти биде полесно. Не обвинувај лажно други личности кои немаат ништо со твојата грешка.

Се обидувам да бидам рационална и најпрвин да се преиспитам самата кај сум згрешила. Доколку сум јас виновна си ја признавам грешката и си ги сносувам последиците од сопствените грешки.
 
Ретко грешам пошто размислувам разумно...Ама кога грешам, му грешам и на ѓаолот... :)

Битно е што сум свесен за своите грешки, иако најчесто си грешам сам на себе. :toe:

И да, си ги прифаќам грешките, пошто сум реален.
 
Во случај на грешка, ја признавате ли грешката, или вешто сакате да го прикриете пропустот?
А што фајде имам ако не ја признаам грешката? Да, може нема сите да дознаат и да ме осудуваат, ама јас ќе знам дека си имам себеси згрешено, што е пострашно од се`.

Можете ли да се соочите со грешките свои?
А што ми преостанува да направам? Да живеам во лага дека тоа не се случило, или дека не сум јас виновна?:) Се соочувам, ги прифаќам, живеам со нив.

И кога ќе се соочите со грешката, имате ли доблест да ја прифатите одговорноста и да признаете дека грешите?
Ахам.
Колку често пропустот го префрлате на друг човек?
Во принцип никогаш не сум префрлала вина на друг кога знам дека јас сум крива. Не ми е проблем да признаам, и најважно од се`-не бегам од последиците.
Колку сте доблесни да признаате дека вие сте ја направиле грешката, да се извините и да побарате уште една шанса?
Се извинувам, но втора шанса не барам. Кој сака-ќе ми ја даде. Кој не, да му се врати истото кога тој ќе згреши (злобна сум, шутми :icon_lol:)
Грешките ги прифаќате како секојдневие-составен дел од работата или пак како неуспех?
Неуспех, првенствено кон себе. Да, составен дел се од животот, и секогаш не прават посилни и со искуство плус.
Грешките се причина за разочарување или дополнителен мотив да се биде подобар?
На грешките се учи. Разочарувањето заминува со тек на време, се прават нови грешки, пак разочарувања...ама не сме совршени, далеку од тоа. Со помош на тоа разочарување во мене, сфаќам дека можам да бидам подобра личност и се трудам. Но, не секогаш успеваме.
 
Во случај на грешка, ја признавате ли грешката, или вешто сакате да го прикриете пропустот?
Треба многу за да ја признаам грешката.. Обично останувам на своето, си ги бранам ставовите и постапките но само додека и сама не сватам дека сум забрљала нешто ама ептен многу, кога ќе видам дека сум претерала стварно ја признавам грешката.. Но додека баш на глава не им се качам на сите тешко.. Тоа знам ми е лошо ама ако не се бранам сама, друг нема.

Можете ли да се соочите со грешките свои?
Можам ама нејќам :pos2: Кога се мора се мора јебига.

И кога ќе се соочите со грешката, имате ли доблест да ја прифатите одговорноста и да признаете дека грешите?
Кога више ќе признаам дека грешам моја си е одговорноста јбг
Колку често пропустот го префрлате на друг човек?
Се дешава чат пат.. Ама тоа во онаа фаза додека уште не признавам и се бранам :pos2::pos2:
Колку сте доблесни да признаате дека вие сте ја направиле грешката, да се извините и да побарате уште една шанса?
Не многу.. Ама зависи и од грешката и од колкава е штетата напраена ради истата..
Ги оправдувате своите грешки, живеете со мотото “Кој работи греши“?
Пред се си ги оправдувам пред себе секад.. А пред другите повеќе сум со мотото - Човечки е да се греши
Грешките ги прифаќате како секојдневие-составен дел од работата или пак како неуспех?
Зависи од грешките. Но обично како секојдневие.. Како што пишав погоре човечки е да се греши.
Грешките се причина за разочарување или дополнителен мотив да се биде подобар?
1виот пат кога ќе направиш некоја грешка си само човек, нормално е.. Треба да ти е мотив да не ја повториш.
2риот пат е навика.
3тиот пат е глупост.
 
Aко сум направила грешка и ако сватам дека било грешка секогаш признавам , безразлика на последиците... прво, ради себе.. ќе се осеќам поубаво.. а второ зошто безразлика на тоа колку е лоша таа грешка луѓето највеќе ја ценат искреноста... ама ако мислам дека не сум згрешила никогаш нема да кажам , добро згрешив само за да се отерасам... секогаш глеам да испадне праведно... а за последиците ако сум ги заслужила ке си ги добијам..
 
Ја прифаќам грешката и ја превземам одговорноста.

И искрено ги сметам за п*чици оние кои пробуваат да заташкаат некако и да скријат тоа што го усрале (а уште па и да наведат некој друг...ргх).
 
ако сум направила некоја голема грешка си ја преземам одговорноста
 
Уф да секогаш! Сум згрешила и подлежам на одговорност. Од грешки се учи. И да, воопшто не ми е тешко.
 
Da znam da zgresam i da ja priznaam greskata....nemam problem so toa,ne sum do tolku gord da znam deka gresam i da se pravam na tri ipol iako vo sebe se osuduvam,znam da se izvinam no cekam i drug koga ke zgresi da mi se izvini...toa e mora da ima balans vo zivotot :toe:
 
Во случај на грешка, ја признавате ли грешката, или вешто сакате да го прикриете пропустот?

Ако немам друг избор - признавам:))) Шала на страна - зависи од грешката. Некогаш од инает терам по свое и си се јадам, ама не признавам...

Можете ли да се соочите со грешките свои?

Обично и немам избор... :)

И кога ќе се соочите со грешката, имате ли доблест да ја прифатите одговорноста и да признаете дека грешите?

Да признаам дека грешам - кажав веќе во првото прашање - зависи од мал милион фактори, а битна улога игра и личната ми накурченост тој ден. Одговорност прифаќам, ако сум признала.


Колку често пропустот го префрлате на друг човек?

Кога можам:)))))
Се заебавам, кога не мислам дека ќе наштетам некому, или кога свесно сакам да наштетам некому, зависи...:)


Колку сте доблесни да признаате дека вие сте ја направиле грешката, да се извините и да побарате уште една шанса?

По трети пат - зависи. Ако признаам - и прифаќам одговорност, и се извинувам, и молам за шанса. Ако не признаам - си го терам филмот до крај.


Ги оправдувате своите грешки, живеете со мотото “Кој работи греши“?

Знае да ме јаде јанѕа и да се каам за грешките, ама во принцип јасно ми е дека луѓето грешат а јас сум само човек.. Со тоа си се тешам некогаш:)


Грешките ги прифаќате како секојдневие-составен дел од работата или пак како неуспех?

Има грешки и грешки. Не би генерализирала.



Грешките се причина за разочарување или дополнителен мотив да се биде подобар?

Уф, што знам. Ни едното ни другото, најверојатно:)
 
Ако навистина сум погрешила нешто тогаш секогаш ја прифаќам својата грешка без оглед на околностите.Признавам дека сум погрешила и се извинувам.Сега кој сака нека ми прости, кој не немора мое е да се извинам.Никогаш не се осудувам себеси за грешките кои сум ги направила.Па нормално човечки е да се греши. Денес ќе згрешам јас, утре ти, задутре тој и така...Битно си ја признавам грешката и си ги сносувам последиците. Лично јас не ги сфаќам грешките како пораз туку како мотивација за да се претворам во подобра личност.И за крај да кажам најниско можно ниво на кое човек може да се спушти е свесно да ја префрли својата вина на друг при неоснована ситуација а се со цел да ја избегне казната која ја заслужува.За тоа не прифаќам никакво оправдување.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom