Ја оправдувате ли пиратеријата?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување

Ја оправдувате пиратеријата?

  • Да

    Гласови: 238 70,4%
  • Не

    Гласови: 24 7,1%
  • Не, но користам пиратски производи

    Гласови: 76 22,5%

  • Вкупно гласачи
    338
da zivee piraterijata ... uraaaaaaaa . fala ti gospode,nikogas ne ce mozev da kupam PC, zs samo vindovsot kostat kolku samiot PC !!!
 
Може kе сум противник кога ќе ни се подигне стандардот, сега за сега ја оправдувам.Нема логика со овие плати човек да си дозволи еве да кажеме Adobe Photoshop CS3 кој кошта повеќе од 600$
 
Може kе сум противник кога ќе ни се подигне стандардот, сега за сега ја оправдувам.Нема логика со овие плати човек да си дозволи еве да кажеме Adobe Photoshop CS3 кој кошта повеќе од 600$
Ја оправдувам, Акаша има 40-50 гига музика и треба да ми снима нешто:helou:
 
Не ја оправдувам,но користам пиратски производи...ќе земам пример со музика...неможе ЦД од македонски изведувач да е 600 денари,замислете ви се допаѓаат 5 изведувачи тоа се 3000 денари само за оригинални ЦД-а :lud:...сепак мислам за стандардот во Македонија е многу :toe: нека стават по 150 денари оригинали нема проблем сите ќе купуваат...
 
Pa normalno deka ja opravduvam dali sekoj vo Makedonija bi si dozvolil da kupi "original" cd-a po 200 denara ili 300 ili neznam kolku a obicno cd e 10 denara samo ovie "originalite" sto imaat lepenki mislam nema logika...piraterija od sekogas imalo i ke ima i gi podrzuvam i tie luge sto se macat za da zarabotat nekoj denar
 
А бе дур богатствата на музичките звезди се мери со десетици милиони долари ич не ми е грев. Пиратерија ! ебаго ќе испеи една педна во климатизирано студио опкружени со сите ексцентрични потреби од јадења и пиења и после таа иста песна ќе ја продаваат во милиони копии за иста цена?
Па Ај нек направат и милион копии на Мона Лиза и нек видат колку ќе му биди цената на копијата а колку на оригинало. Тие треба да напрат еден оригинален албум (ЦД) и да го продадат него ко оригинал за 10 милиони долари а копиите да ги делат беспари или симболична цена колку за ЦД то шо е наснимано по 5-6 денари. Збеснаа веќе и тие. Мадона не можела да преживее без 7 милиони евра по концерт ! децата ќе му бараат јадења од контејнер ако не му дадат толку пари за сат ипол свирка (од кој 45 минути предгрупи и паузи)
 
јас ја оправдувам пиратеријата во нашата земја поради нашите стандарди на живеење. неможе човек кој просечна плата му е 9000 денари да купи оригинал цд од 3000 денари.. затоа 100-че на пазар братче се има :) кога ке направат европски стандард во Македонија и ке ги зголемат платите по 2000 евра тогаш ќе можеме да ја истребиме пиратеријата :smir:
 
јас ја оправдувам пиратеријата во нашата земја поради нашите стандарди на живеење. неможе човек кој просечна плата му е 9000 денари да купи оригинал цд од 3000 денари.. затоа 100-че на пазар братче се има :) кога ке направат европски стандард во Македонија и ке ги зголемат платите по 2000 евра тогаш ќе можеме да ја истребиме пиратеријата :smir:
+1...
 
Ја оправдувам зашто да не, само по дома кога се употребува, за музика и игри пред се, но не подржувам фирми или поголема количина на пиратски ЦД-а.
 
Ја оправдувам исклучиво за едукативни цели.

Неможе некој кој работи на “див“ софтвер да заработува пари. Тоа е нефер. Пример да издаваш весник, весникот да го дизајнираш во некој софтвер, а софтверот да е краден.
 
Пиратеријата е нус-продукт на глобализацијата. Јас лично ја оправдувам зашто токму преку поголемата достапност до шо знам тамо еве конкретно за музика и филм е подоро вака. На тие што читајки го ова ќе им дојде да ме прашаат што со авторските права што некој вложил ментален труд во креирањето на уметноста, јас ќе му одговорам дека поделбата на светското богатство е нерамномерна, па така зашто со пиратско цеде да не се овозможи на некои посиромашни делови од планетата барем нешто од она што ни е достапно на нас. Не мора да бидеме еднакви во шансите, бидејќи тоа е колективистичка глупост што го ништи индивидуализмот и индивидуалните квалитети, меѓутоа од голеам важност е да се овозможи пристап. Па по слободен избор, кој за шо сака нека го употребува и злоупотребува интернетот.
Јас стојам апсолутно зад светоста на приватната сопственост, меѓутоа само во услови на владееење на правото. А владеење на право значи сигурност, поголемата сигурност, значи помала слобода.
Глобализацијата не е ништо друго освен еден процес на привиден прогрес. Зашто привиден? Затоа што поголемата информираност, значи поголем пристап до податоци, тоа значи пообразованост, пообразованите луѓе го придвижуваат светот, но, НО, средствата за придвижување не секогаш се во согласност со природните закони, прогрес се остварува и со нечесност, а ако правиш зло, зло и ќе те снајде, па така тој прогрес да го опишам ќе го обликувам со оксиморон од типот регресивен прогрес.
Пиратеријата на крајот е овозможена од големите информатички компании, кои според мене ос самото пуштање во продажба на режачите во незнам која година ја предизвикаа пиратеријата против која сега као се борат. Јасно ми е за економската позадина и исплатливост и не викам дека е лошо шо постојат режачи.
 
Пиратеријата, не ја оправдувам. File sharing-от, да. :)
 
не оправдувам пиратерија, ама па кога ке видиш колку се скапи оригиналите ке ти се стемни, па ке си симнеш филмот, играта, албумот што го сакаш. Иначе не мора да се намалуваат цените на оригиналите.....нека се зголеми платата и тогаш сигурен сум дека повеќе оригинали ке се купуваат дека ке имаат луѓето повеќе пари за трошење, а не со плата од 200 евра да купуваш лиценциран софтвер што ке треба цела плата да ја дадеш за да си ја купиш играта или филмот што сакаш да го гледаш....така да сега повеќе пиратерија би користел отколку оригинали да купувам.....
 
Па ја оправдувам бидејки со неа ни се овозможуват многу работи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom