Пиратеријата е нус-продукт на глобализацијата. Јас лично ја оправдувам зашто токму преку поголемата достапност до шо знам тамо еве конкретно за музика и филм е подоро вака. На тие што читајки го ова ќе им дојде да ме прашаат што со авторските права што некој вложил ментален труд во креирањето на уметноста, јас ќе му одговорам дека поделбата на светското богатство е нерамномерна, па така зашто со пиратско цеде да не се овозможи на некои посиромашни делови од планетата барем нешто од она што ни е достапно на нас. Не мора да бидеме еднакви во шансите, бидејќи тоа е колективистичка глупост што го ништи индивидуализмот и индивидуалните квалитети, меѓутоа од голеам важност е да се овозможи пристап. Па по слободен избор, кој за шо сака нека го употребува и злоупотребува интернетот.
Јас стојам апсолутно зад светоста на приватната сопственост, меѓутоа само во услови на владееење на правото. А владеење на право значи сигурност, поголемата сигурност, значи помала слобода.
Глобализацијата не е ништо друго освен еден процес на привиден прогрес. Зашто привиден? Затоа што поголемата информираност, значи поголем пристап до податоци, тоа значи пообразованост, пообразованите луѓе го придвижуваат светот, но, НО, средствата за придвижување не секогаш се во согласност со природните закони, прогрес се остварува и со нечесност, а ако правиш зло, зло и ќе те снајде, па така тој прогрес да го опишам ќе го обликувам со оксиморон од типот регресивен прогрес.
Пиратеријата на крајот е овозможена од големите информатички компании, кои според мене ос самото пуштање во продажба на режачите во незнам која година ја предизвикаа пиратеријата против која сега као се борат. Јасно ми е за економската позадина и исплатливост и не викам дека е лошо шо постојат режачи.