Изморен од објаснување

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Луѓето кај нас (не знам за други народи, не можам да кажам), али кога прават муабет, прават за да си го кажат своето. Денеска ретко се прават конструктивни дискусии. Кога дискутираш со некој, тој не те слуша. Буквално ова, "слушају, ал не чују". Те ислушува само дур не му дојде редот, за он да ти врати и да си го каже неговото. Никој не одвојува малце од својот фокус да слушне, да молчи и да проба да разбере нешто. Сите галамат, сакаат да се најгласни, и мислат дека колку се погласни, толку повеќе се у право, макар и најголемите глупости да ги истресат, битно они нивното да си го кажат.

Еден муабет со било која личност мене ми е сосем доволна да знам со кого можеш да се разбереш, а со кого не, а за жал ретки се тие со кои се разбирам. Не за џабе рекле, паметниот знае кога да ќути, али кај нас тоа веќе е станато, "он ќути пошто не знае".
 
И, за да се потврди правилото, сите на темава се во право. Никој никогаш не погрешил.
Сите си мислат дека давајќи совети им помагаат на соговорниците, но дај барем самите со себе бидете реални и признајте си дека тоа го правите само да се чувствувате супериорни и елитистички.
 
Се додека не се осамостоиш финансиски и ќе почнеш сопствен живот во вистинската смисла на зборот, секогаш ќе си изморен од објаснување, и секогаш ќе се чувствуваш дека треба да се објаснуваш и докажуваш.
Нормално чувство на секој студент/свежо дипломиран млад човек со малку совест во Македонија.

Некои за жал и после 4тата и 5тата деценија во животот не излегуваат од тој магичен круг. Едноставно, социоекономските прилики не го омозвожуваат тоа, и целиот живот станува теориска наука. А како и во сите теориски науки, некој треба да објаснува и докажува на друг зошто неговата теорија е подобра од другата. (Иако и двајцата реално се варат во котелот полн теориски срања). :):)
 
Се ова во ред, само мене една мисла ми е во глава. Од кај пак јас знам што е добро и за кого, од кај јас знам дека јас сум во право , а со тоа и од каде е моето право на некого нешто да му објаснувам/докажувам, посебно на некој кој е на тотално различна бранова должина од мојата?
 
Објаснување (исцрпно) давам само на една особа во мојот живот и за среќа ме разбира без проблем :) а за другите искрено не се замарам. Некој ако ми рече ова е црно (а тоа бело) само ќе му кажам да и си продолжувам со мојата работа.
 
"Изморен од објаснување" - сте се нашле некогаш во ваква ситуација?

Момент кога буквално ви е преку глава да им објаснувате на луѓето дека постојано сте во право, да ги убедувате на некои позитивни норми и правила да се обидувате да им докажете дека тоа што го прават не е нормално.

Секојдневно да им го покажувате патот кон резултатите и успехот, затоа што со нивното однесување се штетни за околината, за системот и за државата...

Дали ви се случило да ви дојде идеја да ги спакувате куферите и да си заминете од тука, за да барате некоја нова средина за функционирање каде што вашите идеи ќе бидат повреднувани и поценети. Со еден збор ќе бидете поразбрани.

Јас да, за жал. И решение?
Ахахахаха!!! Ме пресмеа воведниот пост.
Кој си бе ти друже па што си постојано во право?
Кој побарал помош од тебе за да ѝм го тупиш дека треба да следат некакви норми и правила?
Од каде ти знаеш што е нормално а што не?
Ти си ѝм го покажувал патот кон успехот и резултатите? Кој си ти и што ти имаш постигнато у животот?
Повеќе се грижиш некој со својот начин на живот да не е штетен кон системот и државата, отколку да живее онака како што сака? У влада работиш?
Тие твои идеи кои ги спомињаш, се во врска со некакво реално подобрување на животот, или само обид да наметнеш твој систем на мислење врз другите?

Најди начин да се справиш со комплексот на господ кој го имаш. Опасен е и води кон социјална изолација и психичко оштетување.
Не може ти да знаеш што е добро за другите. Не си ти светец чија должност е да го спасува секој кој го познава. Пошто времето е прекратко за да го губиш во просветлување на другите. Еден ден ќе се разбудиш и ќе ги видиш сите кои „биле во криво“ како успеале у животот, а ти уште ќе дрнкаш за норми, правила, систем, држава. И најболното е кога вистината ќе те лупне од земја и ќе сфатиш дека све што те учеле за систем, норми и слични срања е само оружје за осакатување на амбицијата и патот кон успехот.

Ја разбирам некој кој ти е близок да има проблеми со алкохол, дрога, насилничко однесување и сл., па да сакаш да помогнеш, ама све надвор од тоа е самобендисаност. А луѓето бегаат од такви.
 
Нешто слично на ова и јас сакав да кажам, само на подруг начин го поставив прашањето :)
 
Треба да се направи јасна дистинкција помеѓу искажување свое мислење, солење памет и мешање во живот.
Ова последното е т.н. кога човек треба да сфати дека другата страна има непријателски претензии.
Солењето памет е само агресивно искажување на свое мислење. Секогаш може да се одбегне, на начин каков што одговара.
 
Вреди на човек што сака да научи да му се објаснува и да се потроши време за да и тој научи нешто али постојано човек да објаснува на секој секојдневно како треба да функционира е будалштина. Една од најбитните работи е да си го зачуваме првенствено сопствениот мир.
 
Секојдневно да им го покажувате патот кон резултатите и успехот, затоа што со нивното однесување се штетни за околината, за системот и за државата...
Денес системот и државата се цедачи на пари од обичниот човек, не се спроведувачи на редот и законите, кои не важат во овој систем, за сите исто. Одтука овој систем, оваа држава, верувај веќе не се на листата на приоритети кај обичниот човек.
Го здоболе него стојко дали штета ќе им прави.
 
Милијарда пати ми се случиило тоа до сега, но тоа не е нешто кое би ме натерало сите оние негативни емоции да ги притиснам некаде длабоко во себе и да се почувствувам повредено. Наспроти ќе објаснувам, зошто тоа е вистината која некој друг сака да ја претстави како моја лага, но на крај краева неколку пати кога ќе објасниш, а другиот мајтап си игра со тоа, не треба воопшто да продолжуваш да објаснуваш, зошто тогаш вистински ќе се измориш.

А за тоа што велиш дека поради некој си ги собрал куферите и си заминал.............., никогаш. Ако на некој ништо не му правиш, а тој те копка за да си заминеш, едноставно игнорирај го и остани онаму кај што си.

:)
 
Секој длабоко во себе мисли дека е попаметен од соговорникот. Нормално, реалноста не е секогаш таа.
...освен во мојот случај.
Ја увек сум попаметен од соговорникот и го глеам тоа, па затоа и му давам до знаење кој е тука попаметен. Да си зане кај му е местото.
Нема трте-мрте кај мене.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom