Излегување од сенката на вербата

  • Креатор на темата Креатор на темата macedon89
  • Време на започнување Време на започнување

macedon89

Провокатор по вокација
Член од
22 јули 2008
Мислења
783
Поени од реакции
582
Локација
Што подалеку од Македонија.
Оваа тема е слична со оваа Тато Мама православни јас атеист но не најдов задоволувачки одговор таму.
Прашањето е едноставно и гласи дали и како атеистите откриле пред домашните дека не веруваат во господ и кои биле понатамошните импликации врз нив од страна на семејството и околината...
Мислам дека на многу би ги интересирало ова.
 
Јас им реков, цитирам "Нема да се поклонувам на митот за анархо-хипикот кој пушел лоша прсканица со другарите. "
Првите неколку недели ме обвинуваа дека сум член на секта и најпосле го прифатија фактот сфаќајќи дека нема фајде од секојдневно препукување. (Со оглед на тоа дека немаа аргументи)
 
Малку е глупаво да се истапи со: „мамо, тато... јас сум атеист“. Ко човек да сум убил, бог да чува! Едноставно во повеќе наврати се произјаснував за некои ставови кои се контрираат со Црквата и моменталното христијанство, а бидејќи и они самите не се нешто посебно религиозни немаат проблем. Татко ми е полиберален по тоа прашање, а мајка ми порано ми викше „не треси глупости“. Сега е свикната, па ме прифаќа :pos:
Порано ми викаа да одам во Црква за св. Еремија или Велигден/Божиќ... сега воопшто не ми спомуваат што сметам дека е многу позитивен чекор во прифаќањето на мојата различност. Брат ми од друга страна не му чуе ни за Исус, ни за Алах, ниту пак е атеист. Рамно ми е се до Пелагонија и назад.
 
Не памтам дека сум излегол од вербата...
Се родив "форматиран", и како дете воопшто не ме интересираа ѓаволи, ангели и духови....
Е после кога дојде моментот да се запознам со црквата и религијата.... јас веќе знаев дека Дедо Мраз не постои.
 
Малку е глупаво да се истапи со: „мамо, тато... јас сум атеист“. Ко човек да сум убил, бог да чува! Едноставно во повеќе наврати се произјаснував за некои ставови кои се контрираат со Црквата и моменталното христијанство, а бидејќи и они самите не се нешто посебно религиозни немаат проблем. Татко ми е полиберален по тоа прашање, а мајка ми порано ми викше „не треси глупости“. Сега е свикната, па ме прифаќа :pos:
Порано ми викаа да одам во Црква за св. Еремија или Велигден/Божиќ... сега воопшто не ми спомуваат што сметам дека е многу позитивен чекор во прифаќањето на мојата различност. Брат ми од друга страна не му чуе ни за Исус, ни за Алах, ниту пак е атеист. Рамно ми е се до Пелагонија и назад.

Исто.
 
A шо има да се замараш/те со тоа во што (не)веруваат другите или другите да се замараат во што (не)веруваш ти. Кој како сака така нека прави само важно е тоа да го прави оти така мисли дека треба а не оти така другите прават.
 
Јас уште им немам официјално кажано нити пак знаат вака од индиректно муабет праење.
Потребно е нешто како support group за атеисти. Не е лесно да се вклопиш во ова општество како атеист, многумина не те прифаќаат. Имам примано навреди од верници, еднаш дури една ми рече никогаш да не и прозборам кога и кажав дека сум атеист... :)

Но тоа не е толку тешко колку што е тешко да се спои атеизмот со нашата традиција која е пак неодвоива од верата. Тука испаѓаат поголемите судири. Една фамилија мора да има одредени заеднички вредности, начинот на живот не смее да биде премногу различен. Затоа на пример родителите не те прифаќаат ако си дури вегетаријанец на пример. И сите роднини ќе ти речат не се будали дете, јади ко сите нормални! Не дека сум вегетаријанец, само пример давам, за луѓе што поминале низ ова.
Иако моите не се премногу религиозни не верувам дека се спремни да чујат колку само не верувам во нивните бајки.
 
Оваа тема е слична со оваа Тато Мама православни јас атеист но не најдов задоволувачки одговор таму.
Прашањето е едноставно и гласи дали и како атеистите откриле пред домашните дека не веруваат во господ и кои биле понатамошните импликации врз нив од страна на семејството и околината...
Мислам дека на многу би ги интересирало ова.
Прашањето е глупо, малициозно, перфидно и индоктринирачко...
..во него се зема здраво за готово дека домашните и околината се некои закоравени верници... е тука лежи зајакот во ова прашање...
... па земајки го во предвид поблиското минато (кога верниците се броеја на прсти.... тие беа вистински верници а не овие помодариве денес) точното прашање би било...
.. домашните те прашуваат...
...абе ..нешто не е во ред со тебе, што вака наеднаш ти текна да се молиш и крстиш, да не земаш нешто, дај кажи што ти е, со време да ти побараме доктор..????:D
... е тоа е стварноста...
 
Јас еднаш се заебав,онака уз муабет со колеги реков дека не верувам во Бог и како глутница ме нападнаа,немој така да збориш,голем грев е,Бог постои и слични проповеди.Не сакав муабет да отворам и да ги решам со 2-3 прашања:D (секоја чест на вистинските Христијани и познавачи на својата христијанска вера,иако се многу ретки) зашто ионака немаше ништо да постигнам и да докажам и си премолчев.И така оттогаш си молчам за мојот атеизам,освен со најблиските што ми се и тие со отворен ум кои многу малку ги има кај нас.
 
Де бре проблеми имале бидејќи не биле христијани, муслимани или не знам ти што и решиле да бидат атеисти и да не веруваат во богови.
Како може да дозволите некој да ви „проповеда“ и да имате страв и не знам какви импликации, кога тие исто така не сакаат објаснувања од вас за вашата животна философија?
Еми што да кажам јас?
Моите изгледа се навистина одлично семејство штом ме подржуваа на млади години што сакав да станам телемит и инициран во таен Ред! :)

Денешните млади изгледа се само влезени во филм па затоа имаат импликации дома... не знаат ни каде тераат ни што сакаат... Трчаат од една на друга идеја и се изгубени како во лавиринт.
Има исклучоци, нормално, но ако имаш импликации дома, нешто не е во ред и со тебе и со семејството што те воспитува.

Решете си ги проблемите во семејството, тие не лежат на релација атеист-верник, ами на друго ниво!

П.С. А околината... не се грижете за нејзе...
 
Татко ми и не е некој верник, мајка ми онака просечно. Проблемот е јас што бев најголемиот верник во фамилија :). Што мајка барав на тој Машински Факултет да се запишам, да почнам да размислувам за науката и сл. која ме натера да почнам да барам некаква вистина бидејки ми се појавија две страни, едната вика дека живееме во свет на ангели и демони, а другата вика дека сме препуштени сами на себе и дека се е енергија околу нас. Претходно поубаво ми беше кога си мислев дека постојано некој пази на мене, на нас,све беше некако шарено, а сега знам дека сум дел од живиот свет на планетава која е препуштена сама на себе и дека самата таа одлучува кон која насока го води животот.
Дури не ме удри тој бран на освестување, не размислував за креативност, за излегување надвор од кутијата, бидејки секој човек претставува различна кутија,единствена, уникатна, и грешно било тоа што постојано не пикале сите во една.
Така почнав на јутуб да гледам клипчиња од говори на некои филозофи, научници, разни дебати, да читам книги, и тн. и полека сваќав дека она што цел живот сум мислел дека е вистина, е лага.
А таа слобода на мислата,потрагата по некаква вистина и прифаќањето дека сум згрешил и дека постои друга вистина го имам наследено од моите дома. Па така бидејки и тие се слободоумни луѓе, не ми правеа некаков проблем во изразувањето на моето мислење, и истражувањето, дури и со мајка ми сме ги имале тие долги разговори кога немало што да се прави, во врска со универзумот, историјата и потеклото на човекот,минатите цивилизации, големите умови од минатото, целата таа мистичност и тајните завери, кој што прочитал, кој што видел на тв и тн. Никогаш не сум бил осуден од моите дома, за тоа што размислувам во таа насока, против религијата онаква каква што ни ја презентираат. Можеби има вистина дека има некое место во кое ако отидеме ке знаеме се, или дека постои некаква свесност која е секогаш присутна само што ние не знаеме како да ја почувствуваме, нешто над нашето ниво на размислување, невидливо.
Сепак мислам дека не сум атеист бидејки јас сепак верувам во нешто,а колку што знам атеистите не веруваат.
Јас верувам во човекот, во неговата енергија, во интелигентниот потенцијал кој денес многу малку го користиме, верувам во човечките "надприродни" (уствари се природни само ние дека не знаеме како да ги објасниме па ги нарекувме надприродни) способности (може да лечи, да чита мисли, да го гледа минатото и иднината, да гледа нешто што ние обичните не можеме да видиме и др.). Исто така верувам во моќта на медитацијата и во точките на енергија кај човекот, познати како чакри. Верувам дека постојат, и мислам дека има некаква вистина во тоа учење за самоспознавање постигнување на повисоки нивоа на свесност.
Верувам и во моќта на природата, во планетите и тоа дека тие имаат неограничена енергија и на некаков начин ние сме поврзани со таа енергија и сме дел од една целина, заедно со целиот жив свет.
Верувам дека постои некаква форма на жив свет на други планети, бидејки која е веројатноста да не постои? Зар од толку многу созвездија, галаксии,планети и тн, само на планетата Земја да постои жив свет? Не е можно.
Значи според ова, јас не знам дали сум атеист или теист но во овие работи јас верувам и никогаш моите не пробале да ми го прекратат мислењето во таа насока, против религијаа каква што ни ја сервираат денес.
 
За колеги, пријатели, околина не ме интересира многу. Ме интересира некој дали требало да лаже за религијата за да постигне некоја цел (вработување и сл.) или ако ја кажал вистината дали само поради тоа не ја добил работата...
 
Човеку, тоа се лични приватни работи. Кој идиот би те заморувал и би се грижел дали си ти атеист или нешто друго ако си добар работник?

Како што на фирмата не и смета со кој ти имаш секс и како имаш секс, така не треба да и смета и во што веруваш или не веруваш. :LOL:
Што фирма е тоа ако ти како експерт во своето поле не си добил работа бидејќи си атеист или муслиман или не знам што...
Глупости...
 
Back
На врв Bottom