Изладување на срцето

  • Креатор на темата Креатор на темата kat.<3
  • Време на започнување Време на започнување
K

kat.<3

Гостин
Бог сам наоѓа душа и ни дарува бодрост и внатрешна слобода.
Некогаш настанува изладување на срцето, ако постојано се живее во страстите и упорно се останува во грев.
Праведно е да се испитаме себеси при секое изладување, да не е срцето врзано за нешто страсно, или да не сме подлегнале на самоуверението, со мисла дека сме нешто повеќе од другите. – Тоа се најчестите причини за изладувањето. Штом довербата и надежта во Бога, макар и незабележливо се намалени, сè поаѓа наопаку. Тогаш Господ се повлекува назад и вели: остани со она во што се надеваш. На изладувањето обично му претходи некаква врзаност на срцето. Штом срцето или умот за нешто страсно се врзат, враќањето во себе е оневозможено. Тогаш потребно е срцето по секоја цена да се оддели од соодветниот објект. Зашто секое страсно врзување за луѓе и за предмети одделува од Бога.
Ги забораваме Божјите добрини и Него Самиот, ја забораваме сопствената состојба, ја забораваме опасноста од живеење без Бога, ја забораваме и смртта; целата духовна област во нашиот живот се затвора, исчезнува. А кога сè ќе заборавиме, тогаш срцето се изладува и чувството за духовност пресушува. Покрај тоа, прво се запоставуваат духовните активности, а потоа сосема се отфрлаат. Запаѓаме во нечувствителност, невнимание и површност; Го забораваме Бога, смртта и Страшниот суд и му служиме само на своето сладострастие. Тоа е празен живот (свети Теофан Затворник).

Сте почувствувале ли некогаш како ладно е срцето,зашто на некој начин се оддалечило од Бога,како е студено?
Затоа што, праведно е: Не врзувај го своето срце за ништо друго, освен за Бога,како што вели (св.Теофан Затворник).
 
Вистина, вистина. Љубовта е одговор на се.
 
Сте почувствувале ли некогаш како ладно е срцето,зашто на некој начин се оддалечило од Бога,како е студено?
Затоа што, праведно е: Не врзувај го своето срце за ништо друго, освен за Бога,како што вели (св.Теофан Затворник).
Прво, да тргнеме од претпоставката дека мислиш на метафоричко изладување на срцето. :)))

Не сум имала искуство со оладување на срцето, а и во случаи кога хипотетички би се оладило, тоа би било поради други причини, не оради оддалечување со Бога.

Мене ме интересира ова последново...
Да не го врзуваш своето срце за ништо друго освен за Бога?
Што значи тоа? Дека не смееме да љубиме, да се поврземе со луѓе, со семејство, со партнери, со предмети? Дека единственото добро е да му се посветиш само и само на Бога?
Ај за овој Теофан Затвореник донекаде и разбирливо е, веројатно бил монах во манастир, не сум упознаена. Ама општо, за сите нас обичните смртници, нелогично е да кажеш дека се сложуваш со мотото на мачителов.
Мислам, малку е екстремно.
 
Ako postoi bog togas e premnogu sebicen, ne dava nisto a mnogu bara.
 
Сепак се е разултат на состојбата на срцето, поматеноста на умот, гревот, тоа е и логично бидејки срцето е центар на сите збивнувања во внатрешноста на човекот. Центарот на вниманието за очстување со просфетлувачката благодат е срцето, таму е се насочено заради избиструвае од паднатата состојба...
 
– Тоа се најчестите причини за изладувањето. Штом довербата и надежта во Бога, макар и незабележливо се намалени, сè поаѓа наопаку. Тогаш Господ се повлекува назад и вели: остани со она во што се надеваш. На изладувањето обично му претходи некаква врзаност на срцето. Штом срцето или умот за нешто страсно се врзат, враќањето во себе е оневозможено. Тогаш потребно е срцето по секоја цена да се оддели од соодветниот објект. Зашто секое страсно врзување за луѓе и за предмети одделува од Бога.

Ко мајка ми да ја слушам:

-А на вернициве значи се им е опраено.Се им е рамно, сите среќни и весели, задоволни, Господ е со нив и нив им цвета работава. Демек таква работа,а?

-Како бе страста не одделува од Бога?
Па ние за нас живееме или за Бога?

Сте почувствувале ли некогаш како ладно е срцето,зашто на некој начин се оддалечило од Бога,како е студено?

-Не!
 
Мајка ти е паметна жена!
 
Прво, да тргнеме од претпоставката дека мислиш на метафоричко изладување на срцето. :)))

Не сум имала искуство со оладување на срцето, а и во случаи кога хипотетички би се оладило, тоа би било поради други причини, не оради оддалечување со Бога.

Мене ме интересира ова последново...
Да не го врзуваш своето срце за ништо друго освен за Бога?
Што значи тоа? Дека не смееме да љубиме, да се поврземе со луѓе, со семејство, со партнери, со предмети? Дека единственото добро е да му се посветиш само и само на Бога?
Ај за овој Теофан Затвореник донекаде и разбирливо е, веројатно бил монах во манастир, не сум упознаена. Ама општо, за сите нас обичните смртници, нелогично е да кажеш дека се сложуваш со мотото на мачителов.
Мислам, малку е екстремно.

Можеби би било од други причини за тебе,за мене таа е единствената причина поради која може срцето да е студено,кога е далеку од спознанието на Бога.

Не значи дека не смееме да ги сакаме луѓето со целото си срце,и оној еден човек од себеси по силно. Од посветувањето на Бог доаѓа љубовта,милоста и верата. Кога човек се врзува за нешто посилно од неговата вера во Бог,Бог заминува и само му кажува на тој човек да остане со она во кое се надева. Секако дека ќе се надеваме во љубовта,во луѓето кои ги сакаме,ама и таа надеж дури доаѓа од надежта во Бог. Како кога знам дека мојата волја сум ја ставила во Неговите раце,знам дека не можам да погрешам. Преку верата во Бог можеме да се посветиме на луѓето кои се толку блиски на срцето,и на оној човек за кого тоа срце дише.
Да,обични смртници сме,но и тој бил тоа. Баш зашто поминал низ болка знае дека во миговите кога паѓал верата го спасувала толку пати. Нема поделба на луѓето во однос на верата,истата е таа за секого кој чисто верува. Не е екстремно за мене,само вистинито е.
 
јас искрено воопшто не те разбирам, сфаќам до некаде “изладување во срцето“ ама каква врска има Бог со ова :toe:

ај ке препрочитам уште неколку пати...
 
Ко мајка ми да ја слушам:

-А на вернициве значи се им е опраено.Се им е рамно, сите среќни и весели, задоволни, Господ е со нив и нив им цвета работава. Демек таква работа,а?

-Како бе страста не одделува од Бога?
Па ние за нас живееме или за Бога?

-Не!

Верниците не живеат за да им биде животот опарен,живеат со љубов и грижа за другите луѓе. Не се сите среќни,чувствувале болка,можеби една преголема за да се поднесе,но тогаш Бог бил оној кој им подал рака за да станат. Срцето е среќно кога е Бог во него,кој почувствувал знае.
Уште посилно живееме за нас кога живееме за Бога.
 
јас искрено воопшто не те разбирам, сфаќам до некаде “изладување во срцето“ ама каква врска има Бог со ова :toe:

ај ке препрочитам уште неколку пати...

Живеењето со Бога не е зависно од нас. Бог сам наоѓа душа и ни дарува бодрост и внатрешна слобода. Ако Бог се оддалечи од неа, таа останува празна и осиромашена: но да Го поврати Него назад не е во нејзина моќ. Бог се оддалечува за да ја испита душата, или пак за да ја казни за нејзини извесни внатрешни грешки. Ако ја испитува, тогаш Тој на нејзиниот повик бргу се враќа. Но, ако се оддалечува заради казна, тогаш ја остава долго да чека, сè додека душата да ги согледа своите грешки, да ги исповеда и да се покае. Некогаш настанува изладување, кога душата во молитвата, во читањето и Богоосознавањето многу се напрегнува, па ќе почувствува потреба за мир и за прекинување на својата напорна дејност. Таквата состојба треба да се прифати зашто таа е минлива. Изладување на подолго настапува само ако постојано се живее во страстите и упорно се останува во грев.
Не знам со кои други зборови да ти објаснам.
 
квата

Tи да немаше некоја средба со свештеник :) шала

еве ова не ми е јасно, зошто страстите кои ти ги дал Бог да уживаш во нив се грев?

Таквата состојба може да биде постојана и се вика депресија, а за тоа има лек ..... има лек

а што е со атеистите?

Живеењето со Бога не е зависно од нас. Бог сам наоѓа душа и ни дарува бодрост и внатрешна слобода. Ако Бог се оддалечи од неа, таа останува празна и осиромашена: но да Го поврати Него назад не е во нејзина моќ. Бог се оддалечува за да ја испита душата, или пак за да ја казни за нејзини извесни внатрешни грешки. Ако ја испитува, тогаш Тој на нејзиниот повик бргу се враќа. Но, ако се оддалечува заради казна, тогаш ја остава долго да чека, сè додека душата да ги согледа своите грешки, да ги исповеда и да се покае.

Таман почнав да верувам дека Бог има само свои правила по кои ако не се придржуваме сами се казнуваме, а сега пак тој лично не казнува :)
А на каков грев и страсти мислиш кога велиш изладување на подолго? Јас на пример подолго време осеќам апатија токму затоа што се држам подалеку од некои страсти :)
 
Заладувањето е горчлива состојба и е полна со опасности. Неговиот извор очигледно го прават гревовите или невистинските мисли, лошите чувства и склоности. Пред сè се изладува срцето, молитвата пресушува преку празнословие, презафатеност и многугрижливост, расеаност, саможивост и страсни движења: преку неумерено јадење и пиење, преку сетилноста, преку осудувањето на другите, а пред сè – преку гордоста и самоувереноста.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom