Tonchie
BATTERY +
Кој му е крив што пиел додека му траело работно време ама сепак, ако веќе не е најден, нека не очекува од овој народ да му се врати скап апаратСамо ако има среќа да го нашол некој поштен
![]()
Auuu mene me interesira koj e tolku talentce aparat so tezi kilo ipol da go izgubi, pa ne e igla majku mu![]()
кај нас во македонијава ако изгубиш нешто нема шанси да го најдеш ,ама мал е процентот на луѓе поштени кој кога ќе најдат нешто вака изгубено да го најдат тој што го изгубил
ја искрено би му го вратил ама претоа би се изнафотографирал со него па би го замолил да ми ги даде фотографиите
Ако мислам дека е тој апаратот што мислам дека е. Се работи за играчка вредна 100.000 (сто илјади) денари плус објектив од 20.000 и блиц од 36.000 денари. Мада мислам дека таков апарат имаат од ZaZabava.com А и да не е тој апарат сепак комплет опрема за фоткање ноќен живот не е под 50.000 денари на ново. Тежината во зависност од дополнителната опрема варира од 900 грама (без дополнителна опрема, до 2.700 грама (моето чудовиште кога идам на настани).
Да бидам искрен не знам што правел момакот со апаратот. Јас кога го носам по настани, посебно концерти увек е на мене, или ако го давам на некого го држам на око. Исто кога работам не пијам повеќе од едно пиво, ал јбг, не сме сите исти.
Јас на концертот на Били Ајдол го загубив капачето од објективот (300-400 денари во зависност од дијаметарот, Генел, пичка им мајчина, уште немаат донесено капаче со дијаметар за мојот објектив), и ми беше криво, и не успеав да го најдам по подот после тоа. Гарант некој си го има земено како сувенир.
И пред да го завршам мојот пост да напишам за она што и се случи на една моја другарка на концертот на Продиџи во Скопје 2005 година. Се шуткаме у предни редови, и одеднаш другаркава со фото апарат во рака. Се врти наоколу, го покажува, никој не реагира. Го бутна под мишка, ме фати за рака и отидовме на крај на метрополис арена (тогаш сеуште прва хала) кај што беше остатокот од друштвото, и се сликавме. Се работеше за некое канонче од 2 мегапиксели, али беше дигитален апарат, за тоа време ѕвер. Мислам дека другаркава после купи само usb кабел и го користеше долго време.
Основно правило, кога се движиш меѓу народ, апаратот се држи цврсто!
Повеќе среќа со следниот фото-апарат.